1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лекарите простестираат поради насилството врз нив

Дискусија во 'Политика и настани' започната од referentka, 18 септември 2019.

  1. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    116.456
    Пол:
    Женски
    Во моја фамилија сите сме со избувлива природа и одма наоѓаме начин како да се справиме со неправди.
    Не седиме,сме се справувале и со несовесни доктори,но не никогаш не ги тепавме и нема да ги тепаме.
    Со моќта на зборови,не со тупаници и шамари.
     
    Последна измена: 22 септември 2019
    На Alishan30, ElenaOfRivendell и candy.cane им се допаѓа ова.
  2. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    Извини ама немојш да споредиш проблем со А1, интернет, телефон или сметки, со загуба на најмило. Недај боже никогаш да се најдиш во таква ситуација.
     
    На Tanjamm и Fleur-De-Lis им се допаѓа ова.
  3. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.658
    Допаѓања:
    116.456
    Пол:
    Женски
    Не дај Боже на никого!
    Сепак,тепањето само води до затвор и затоа не е решение.
    Вие тепачите заборавате дека и медицинските лица се нечии деца,браќа,сестри,внуци,партнери...
     
    На candy.cane, Alishan30 и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  4. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    Точно, во тие моменти забораваме, ама тие ко ќе се на работно место и тое забораваат дека јас сум нечија ќерка, сестра, тетка.
     
    На jasbi, Mrs. Lovett и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    535
    Пол:
    Женски
    Тепањево не е начин во секој случај,нека протестираат белите мантили,ама и ние треба да протестираме поради нивниот одвратен однос,непрофесионалност и мизерност(секоја чест на исклучоци) што стварно се надевам дека сеуште постојат,ова другово е катастрофа почнувајќи од тие тетки-шалтерки па надаље...катастрофа до поголема катастрова...за жал не мозам да казам нисто позитивно за нашето државно здравство УЖАС
     
    На jasbi, Tanjamm, nextredstyle и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Секако дека не сум заа насилство. Ама ме интересира кога нивниот шлајм ќе го исфрлиме јавно ете на телевизија, така јавно да ги разобличиме., и нема ефект, што тогаш? Во досегашните ситуации дум имала само вербални дуели, ама недајбоже да се работи за најмилото мислам дека нема да остсне само на тоа. И не не сум јас насилник и тепач. Насилници се тие, кои вршат сек8јдневен терор над послаби од нив... Насилството не е само физичка пресметка.
     
    На DevilGirl212 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.085
    Допаѓања:
    11.238
    Види вака, ако не се способни да работат, нека си садат ниви како сите други. Не можам јас да плаќам за да ме уништуваат. Што добивам јас од тоа што секој месец ми се плаќа здравствено? Да ми почине дете јас ќе го лежам, нема да му мислам дали тој е нечие дете. Јас ако не си ја вршам својата работа, веднаш ме опоменуваат, може да ме казнат, а нив?
     
    На jasbi, DevilGirl212 и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  8. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Има огромна разлика од доктор до доктор и од медицинско лице до медицинско лице. А тие доктори што се асални глава не можат да кренат од останатите, затоа што се е на нивни грб и тие ги оправаат грешките од другите, спијат на работа и немаат време да јадат, а пак додека да се стигне до нив... човек веќе губи надеж или живот. Посебно да не правиме муабет за сестри што станаа со курсеви и слично и што се вработуваат, а не знаат крв да земат. А дел од лицава кои сеуште се студенти на медицина (и јас пред да почнам да работам мислев дека се е сјајно и бајно) и ги бранат докторите како биле омаловажувани тука на форумот, ќе ги видам ако немаат врски што ќе прават за некоја година и дали нема да бидат гневни на нивни грб да го носат целиот терет од останатиот персонал без разлика дали зима помала или поголема плата од нив, а немаат никакво знаење и се шета по цели денови по ходници. Да дежураат цела ноќ и да трчаат, додека другите си гледаат серии и се дерат ако некој ги прекине. Исто ако мама, тато, баба, дедо не се доктори ќе видам дали ќе успеат на клиника да се вработат. А тие што се пикаат преку редови и слично, знаеме како се пикаат... со мито и човек нема кај да се обрати затоа што си во тесно и немаш друг доктор. Сум соработувала со доктори и сум работела во медицински центар и имам гледано што се случува и ако сум можела да бидам саат време порано на работа, за да можам да се пресоблечам и да се имам напиено кафе и доручкувано дома, можат и останатите. Никој не им ставил нож под грло да мораат да го работат тоа што го избрале има доктори што молат за работат и седат дома или работат по села. И мене не ми се допаѓала платата, но никој за тоа не ми е крив и за тие саати додека сум на работа се вложувам максимално иако сум имала од 5-10 мин за ручек, а некогаш и сум немала, а некој си јаде кога ќе му текне. Така да не го поддржувам протестот. Ќе го поддржам кога ќе се исчисти гнилото. 10 дена можам да пишувам што се имам изнагледано и пак нема да стигнам да го доловам се. Затоа бидете доблесни и прикажете ја и едната и другата страна, затоа што сите сме пациенти, без разлика од која страна се наоѓаме на системот. Ниту еден доктор не се плаши за својот живот затоа и се толку дрски, освен на психијатрија и тоа не од тие пациенти кои се сместени таму, туку од пијаните пациенти кои доаѓаат. А и сама сум сведок кога ќе отидам на доктор каков им е односот додека не ме прашаат што работам, што значи останатите пациенти не се луѓе??
     
    На Tanjamm, jasbi и DevilGirl212 им се допаѓа ова.
  9. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Не оправдувам насилство никако, ни психичко ни физичко.
    Ниту како мерка за одмазда или казна.
    Само ќе споделам едно лично искуство.

    Во четири квадрати просторија, два кревети.
    На едниот јас и малото а на другиот двајца родители со две деца.
    Моето прима еритроцити, нивните две плазма;(
    Третото надвор во ходник оти нема каде.
    Децата од немање воздух едва дишат.
    Доаѓа сестрата скоро насилна и сочна на зборови. Им уклучува систем и излегува.
    По две минути едно од децата на другиот кревет, 6 годишно вика:
    - Мама нели секогаш кога примаме 'лек' ксј мене пишуваше 0( нула) а кај бато B?
    Се стресивме сите во собата. Мајката ги исклучи системите и ја викнаа сестрата.
    Таа наместо да де извини, ако имс извини за ова, ни се рсзвика на сите под обвинение како сите сме дошле во ист ден.
    Им ги згрешила кое која крвна група е.
    Што можеше да се деси дали е нормална?

    Таткото остана смирен колку што е возможно. Оти нели ние виновни оти седиме со децата во соба.
    А кој да седи кога нема кој да ги надгледува?

    После извесен период слушнав дека таткото нападнал физички некоја од сестрите.
    Што ли има им згрешено побогу?
    Човекот беше родител кој две години веке бил постојано релација Скопје Кичево и на пат да ги изгуби и двете деца за кои со последен здив се бореше.

    Сега кога одам прашувам за дечињата, пошто две години секој месец кога и да одев тие беа таму.
    Сега ги нема а тие информации не даваат. ;(
    А како знаат се да те испрашат за приватен живот, па дури и алката златна од кај ти е, и таа сакала таква. :envy:

    Кога штрајк ке дигнеме за да не гори покрај сувото и зеленото од персоналот?
    Кога штрајк ќе крене еднаш овој народ во своја полза а не за партии?
     
    На Puffy2019, Ena05, SexiLy и 16 други им се допаѓа ова.
  10. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.882
    Допаѓања:
    19.086
    Пол:
    Женски
    Ќерката со 41 температура, значи со букви ЧЕТИРИЕСЕТ И ЕДЕН, среде ноќ ја носам на детско, оти и со шурупче не паѓаше, добив ужасен третман. Ами, мајка, ќе ја ладиш дома, шо ја носиш тука, аман веќе вие мајките, одма на детско трчате,, ќе си ја однесиш утре на матичен. Им викам, има 41 температура, почна да повраќа зеленило дома. Е ништо де мајка, од високата температура е тоа, одма паничиш. Ја прошлапаа со алкохол, колку да ја донесат до кај 39, и се развикаа да не плачи, ќе ги разбудела децата што лежат таму, и не испратија дома.... ни лекче, ни инфузија, ништо. Значи за 41 температура, да повторам. Среќа, Господ сакал, па спадна дома после неколку саати. Ете тие ќе протестираат дека не се фер пациентите кон нив, а на болница се понашаат ко дома да сме им отишле.
     
    На Ena05, Tanjamm, Amelia и 5 други им се допаѓа ова.
  11. DevilGirl212

    DevilGirl212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.318
    Пол:
    Женски
    И недај боже на детенцето да му се десит нешто, да е на мое, не да ги тепам на место ќе ги остам.
     
    На Tanjamm и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  12. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    На детско тие тоа го гледаат секој ден, родителот не и сасвим нормално е да паничи. Многу невоспитан народ сме, ни професионалност ни бутур. Ако се објасни на човек состојбата и последиците и што да очекува нема да реагира испаничено. Не секој знае што е нормално со 41 температура и тоа е нормално, не се сите доктори.
     
    На jacqueline.s му/ѝ се допаѓа ова.
  13. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    64.623
    Пол:
    Женски
    Мислам дека реално нема толкаво насилство врз докторите за да протестираат.
    Во Македонија докторите се како ендемски вид, над луѓе, привилегии имаат секаде, така да стварно не знам зошто и на која основа протестираат.

    Од мојот лимитиран контакт со докторите во Македонија имам многу лош впечаток добиено за нив, на државно и на приватно.

    Во зградата во Скопје каде имаме стан се доселил доктор со семејството, јас појма немам кој е човеков и се сретнуваме пред лифт, кажувам добар ден а тој мене аааа не младо дамо каде ви е културата, се вика добар ден докторе, тоа му викам во ординација кај вас ако сте доктор а тука пред лифт е сосема доволно добар ден.

    Во државна болница каде лежеше дедо ми пред да почине само што дојдов од Австралија да го видам, влегувам во соба кога почна да се дере сестрата зошто сум дошла со деца, дали сум имала памет, кој сега тука ќе ми ги трпеле децава и не избрка абе ненормална. Утре дента кога отидов со чичко ми кој е доктор уште црвен тепих што не ми посла истата сестра, па срце, душо, што не кажа кој ти е чичко, а што има да кажувам кога сите треба да имаат потполно ист третман.

    Во Систина ги носам децата од омалаксаност од стомачен вирус таа докторката уште што не не натепа зошто сме отишле касно, после кога и кажаа дека децава странски државјани и така и ќе им се наплати посетата зема спрема триста лекарства да ги нашиба децава, кога ја прашав што спрема од лекарства ми се обрати онака иронично као не му ја мисли ти мајка некоја учела школо за да ја работи оваа работа, јас и враќам као и некоја друга учела школо па затоа те прашува а и плус без согласност од родител во овој случај јас немате право да администрирателекови на малолетни деца, ми промумла што се планира да ги боцка децава, пола и више и отфрлив од тоа и после душмански ми ги избоцка децата, идиотка, и таа ли е незадоволна со платата и условите на работа?

    Од друга страна јас во Австралија работам како midwife, акушерка, сопругот е хирург, брат ми е хирург, условите за работа се више него одлични, здравството е бесплатно, познат не ти треба за во болница, односот кон пациентите е на високо ниво а константно има насилство врз медицинскиот персонал.
    Јас работам во најубавото одделение во болница па ме скубеле, плукале, клоцале, добро е само што има одлично обезбедување па не дошло до потрагично последици, превише наркомани, луѓе со ментални болести, пијани, ретко некој да работи во болница или брза помош а да не е нападнат од некоја будала.
    Лани само некаде околу 3000 медицински лица се нападнати, тоа е веќе реално проблем а не ово во Македонија инцидентни случаеви.

    Овде мора да си љубезен со пациентите инаку леташ од работа, на докторите за однесување како во Мк би им ги одземале дозволите за работа па после нека бришат газ со дипломите кои ги чинеле од $300.000 -$400.000 додека завршиле факултет, специјализации итн.
    Кога ќе има вакви реперкусии за докторите тек тогаш ќе почнат малку почовечно да се однесуваат до тогаш ќе биде здравството во Македонија како див запад.

    Не ми текнува која напиша дека некој отишол на ургентен за враснат нокт како да направил некоја кардинална грешка, ако го боли и за тоа ќе си оди, плаќа здравство зошто да не оди?
    Зошто треба докторот, сестрата иако им се плаќа за ноќна смена да спијат?
    Јас исклучиво ноќна смена работам од кога ги имам децава, треба на родилки е да им се дерам зошто дошле ноќеска да ме замираат, не можам да спијам?
    Јас сум платена да работам, ако спијам ќе ме избркаат од работа, ако имам на себе приватен телефон ќе ме избркаат од работа, на преку да погледнам родилка а не да се дерам ќе ме избркаат од работа, ако не ми одговараат тие услови ќе ми ја покажат вратата.
    Пред некоја недела ме болеше заб па во 2 по полноќ отидов во ургентен овде, бев спремна да чекам бидејќи се прима по хитност а не кој, кога дошол, ме примија, ми го снимаа забот, ми дадоа лек и ме испратија дома, никој не ми се издра зошто сум отишла за заб што ме болело а не па да вратат дете со 41 температура, сите што биле на работа би ги избркале и би одговарале.

    Ете што му се случи на тој анестезиологот што ја уби родилката и бебето во Гевгелија? На тој во Ремедика и уште безброј такви случаеви, ништо, ниту кривично одговараат, ниту ги бркаат од работа, се заташкува случајот и така во круг ете и пријавени и по медиумите беа па ништо, секое чудо за три дена, до нов случај на смрт на родилка и никој ништо не превзема а они ќе протестираат против насилство а од нив поголеми насилници нема, секоја чест на исклучоците.
     
    На M.B., flower30, SexiLy и 12 други им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Сите ние што работиме со пациенти секојдневно се соочуваме со насилство, обвинуваат лекарите, по зачестените напади врз медицинскиот персонал во здравствените установи.

    [​IMG]

    СподелиСподели

    Сепак велат дека решение за проблемот ќе бараат и во подобрување на нивниот однос кон пациентите.

    Како еден од лошите примери ја споменуваат Градската болница.

    Според медицинските сестри, роднините на пациентот треба да сфата дека нивната агресија може да влијае врз здравствената состојба на блискиот.

    Од здруженијата на пациенти истакнуваат дека поради недовербата во здравствениот систем трпат лекарите.

    Алексовкса додава и дека треба да е поажурна работата на Комисијата за заштита на пациентите и Државниот здравствен инспекторат, чии решение досега најчесто не биле во полза на пациентите.


    (превземено)


    Медицинските сестри советувале:doh::doh:
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.261
    Пол:
    Женски
    Лелеле,,,па се чудат уште зошто се нетрпеливи пациентите, па и за роднините кои се револтирани :?:

    Нека се научат да ги почитуваат и да водат малку грижа за пациентите, па ќе се сменат работите. :emo:
     
    На flower30, Tanjamm и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  16. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Абе за време на ВМРО се сеќавам на една членка која беше толку безобразно дрска, за се некое викаше ПРИЈАВЕТЕ ги таквите.
    Каде и кого да пријавиме кога истите секој ден умираат пациенти од небрежност, зекој ден доаѓаат во алкохолизирана состојба и нимој ништо не им прави.
    Не што не ги напаѓаат физички, па и нозе им бак уваме и сеуште мито носиме да ги заблажиме да не прегледат. Оти пак се надеваш оти го бива оти нели затоа е ставен.

    Море скраја да е да не тропмнеме на тие врати, пак ке ведиме глави а они ќе вијат оро со камшикот дур ние кутиме.

    Може па ме терала да пријавам од што партиски војник со чин па мислела дека така ми сузбива нашипаното демек штом не пријавѕваш не е така.
    Боже сачувај.
     
    На referentka и Nausicaa им се допаѓа ова.
  17. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Ајде вака дечки. Вие што не седите само во една тема, колку пати на форумов некој ви се обратил со (или сте го сретнале напишаново) „Ај не замарај“/ не треси/ не го тупи“ и уште лајкови собира така дрско формулираното мислење? Прашање- дали ќе ви биде океј така некој да ви се обрати во реален живот? Зошто тогаш прифатливо е форумски лик така да се изразува, ама сестра ако го направи тоа, леле какво однесување е тоа, уааа ауууу?

    Ние се лупаме во гради колку сме фин, добродушен и мил народ а всушност сме ужасно дрски, безобразни и без грам елементарна култура. Не е дека штом некој заврши медицинско средно или дипломира медицински факултет автоматски станува покултурен и понормален со однесувањето. Кога ќе слушнеш докторка од клиника со какви погрди зборови си ја нарекува снаата, мајката на нејзиното внуче, што повеќе можеш да очекуваш од таков човек? Па таа што нема доволно осет и љубов во себе да ја почитува сопругата на синот, таа ќе ти почитува непознат болен што дошол да и го троши времето? До човекот е, не е до професијата.

    А ние сме народ што во ТераНова на каса не можеме нормално да си го чекаме редот, таму ќе се истепаме, не па нешто повеќе.

    Признавам, мене како пациент ми се темни кога ќе сретнам преполна чекална зошто знам што следи- карање. Јас лично дрскост немам доживеано од медицинско персонал како што имам од останатите пациенти. Абе се кара со доктор, се кара со сестра, се кара со чистачка, се кара со пациенти, гарант и со некој случаен минувач ќе се закара. Не сум медицинско лице, не знам и немам право да зборам ама ова што се случува со народов едноставно не е нормално. Од ништо следи експлозија на мајкишајки, пцуење, колнење. Абе јас што сум била таму релативно кратко време, додека да ми дојде ред па се осеќам уморно и напнато од таа енергија, а не па медицинскиот персонал. Искрено, јака им душа. Може не е идеално, ама многу сум благодарна за „мој термин“ зошто воведе каков- таков ред. Зошто кавгите беа страшни. Зошто ние сме како народ сме страшни. Дечко ми со гордност ми кажува како мајка му не чекала, влегувала преку ред, демек само да прашала. Аха. А утре он кога ќе чека, дали ќе му биде океј некоја туѓа мајка да пробува да му улета преку ред додека он и цела чекална ко ташаци дремат и чекаат да ги викнат. И студенти и пензионери над 80 можат трпеливо да чекаат, ама некоја која мисли дека е најпаметна ќе пробува да прави глупости. Конкретно мајка му на дечко ми не работи. За што брза? Грав да стави, машина да пушти, кафе да пие? Останатите што чекаат не се таму од што сакаат, од убавина. Од болка и страв се таму. И му реков на дечко ми- ако толку нема осет, нека се бута ама кога некој од останатите пациенти ќе и е*е матер, нека не се жали после како е безобразен и лош народов.

    И кога спомнувам лош народ. Пред некое време морав да правам крвна анализа во државна лабараторија во склоп на определена клиника. Небитно. Во рок од пола саат огромната чекална се наполни крцата. Сите си земавме редно ливче и културно си чекаме да си го видиме бројот на мониторот. Работен ден, па со исклучок на (претпоставувам) неколку невработени и пензионерите, останатите се сите излезени од работа, им се брза ама си чекаат. И доаѓа сестра со дотераната, накитена, нашминката жена да ја носи преку ред. Нормално имаше реакции, и сестрава уште толку избацување како таа жената била професорка многу заслужна за медицината кај нас, и колку ние сме биле лоши и безобразни. Аха. И баш зошто ете, ем е колешка, ем била битна за медицината кај нас, толку не можеше една од четирите сестри да излезе во пресрет па да ја боцне пред почеток на работното време, или да остане пет минути откако ќе завршат со боцкање пациенти па тогаш да завршат работа. Ама не, лоши и безобразни се будалите кои не фаќале врски за да одат преку ред, туку трпеливо ко нормални и културни луѓе си чекаат со ливче во рака.

    На тема зошто немам доверба во докторите кај нас имам многу да кажам, но ова не е таа тема. Треба сериозно темелна чистка. Сестрата и докторката што си спијат зад заклучана врата во Козле кога се трета смена, треба да летнат од работа. Дете крашира, нив не можат да ги разбудат. Штом не им се работи, има други кои сакаат. Ама реков, тоа е друга тема.

    tl,tr
    Екстремно сме дрзок и безобразен народ. Ние кога ќе изедеме бурек, е де не е страшно, не мислев така, ама кога сме во подчинета положба, дури тогаш осеќаме колку лошиот однос и непромислените зборови болат. Сестрата од клиника се жали како шалтерушата и се испонашала, шалтерушата се жали како сестрата и се испонашала. Набилданиот батко што се измева со педерите и вика дека сака сапун да ги прави, е навреден и чувствата му се повредени што болничарот му одвратил „Епа што да ти правам“. Ние сме народот, тоа ни е културата.
    И голема благодарност до нормалниот медицински персонал, кој и покрај работата со дрски колеги и подеднакво дрски пациенти успева да ја задржи културата и човечноста во однесувањето.
    И голем поздрав до пациентите кои и покрај безобразните доктори и сестри, и подеднакво безобразните пациенти прават чекањето да биде потолерантно.
     
    Последна измена: 25 септември 2019
    На flower30, bittersweet, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  18. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.545
    Допаѓања:
    27.851
    Пол:
    Женски
    Со насилство ништо не се решава. Ама баш ништо: нема да добиете подобар третман од никого. Само полошо правите.

    А дека ние тука имаме лош третман и на Запад цветаат ружи не сум баш сигурна од лично искуство.
    Кога се борев со неплодност на ГАК наидов на прекрасна личност која буквално ме спаси психички и ми дијагностицираше се што требаше. Се бореше ко лавица да добијам дете. Нит ме знаеше, нит ме познаваше. Благодарение на неа имам дете иако ИВФ правев на приватна клиника бидејќи за жал на ГАК немаат добра лабараторија зашто не се вложува пари во тоа.
    На трансфузиологија исто добив супер третман. Во нехумани услови за работа каде еден лекар прегледува до 50 пациенти во смена мене докторката наоѓаше начини да ме истретира хумано и достоинствено и некогаш дури и да се бори против глупиот мој термин за да може да добијам третман каков што треба.

    Е сега во Велика Британија се изгледа посредено и има подобра апаратура. Ама ела па стигни до доктор. ПАП тест зема сестра, бебиња и возрасни ги води ист матичен лекар, отприлика благ хаос. А за кај специјалист упат уууу треба стварно да си многу болен со недели. Од таму имам искуство 3 години.
    Во Германија чекавме 6 саати за да добиеме дијагноза за дете кое не можеше да гази со ногата. Стиганвме во 10 до крај на денот во сите амбуланти лекарите прегледаа само 50 пациенти (сите заедно). Сестрите беа за декорација, украс. До 12 никој не не прими, на прашување ни рекоа чекајте, во 12:00 сите си отидоа на ручек, спуштија жалузини и немаше никој освен пациентите што чекаа преглед во болница без клима среде топлитен бран на температура од 38 степени надвор. Внатре не знам колку. Докторката беше супер, за неа немам зборови, ама се друго не. И тогаш а и сега кажувам да беше тоа случај во Македонија гарант три сестри ќе летаа низ прозор, двајца лекари ќе беа со пукнат нос и онаа Точи ќе дојдеше да известува за лошиот третман. Ваму сите Германци ко препарирани чекаа да им дојде ред.
     
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Незнам се се коси со здрав разум веќе.
    Имаше на вести 4ца на ортопедија во штип се заразиле со хепатит ц, сега уште 4ца.
    Значи ало ХЕПАТИТ Ц... Стајте се во кожата на пациентите. Да одиш и да си се вратиш со еден вак8в вирус. И после како погоре што имаше сестрите советувале... Ма мршш
     
  20. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.