1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лекови или овошје

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од marijagjakovska, 11 октомври 2010.

  1. marijagjakovska

    marijagjakovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    2
    еве една нова тема..
    на пример кога сте настинати дали конзумирате повеќе овошје или апчиња(капсули и сл)..? :)
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    А каква врска има едното со другото? Да не не треба да се мешаат апчиња со овошје, а ние не сме информирани? :?: |(
     
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Па има смисла темава.

    Познато е дека цитронот го намалува дејството на одредени лекови. Сега не знам точно на кои, но го неутрализира нивното дејство, а и не е многу препорачлив за настинка (иако сите посегнуваме по него, во комбинација со портокал и лимон).

    Лично јас кога насетувам дека се разболувам, одамна имам кренато рачиња од чај и лимон и тревки и бабини деветини. Прво пијам апче. Ако не помага, мајка ми ми става инјекција и тоа е тоа. За два дена најмногу сум како нова.

    Просто не можам да се заморувам со чајче и една недела растечен нос, подуена и никаква.
    Не верувам дека овошја и чаеви го имаат тоа дејство како лековите.
    Повеќе од дваесет научници споиле умови да ти направат иљач и да те излечат ко човек, и кога ќе видам дека некој води инат со "природните лекови" а во меѓувреме заразува се' околу него, посебно на работа, ми доаѓа да го убијам.

    Ама тоа е тоа. Во психата на човекот е дека портокалот и чајот ќе те оздрават како дрен.
     
  4. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    овошјето се јаде за зајакнување на имунитет,константно,а не кога си болен навали на овошје...Кога сум настината ми помагаат чаеви и супи и свежи сокови,а ако е по сериозно тогаш лекови... еве сега сум настината кивам,кашлам и чајчиња си пијам :worried:
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Лекови или овошје мене ми нема баш смисла. За внесување на витамини е овошјето, ама не помага за настинка.
     
  6. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Се сложувам со Тренди . Чај не пијам од мала , ретко кога ќе ме натера некој . Парацетамол најчесто пијам , што ќе се правам паметна ќе пијам чаеви , ќе јадам овошје . Не џабе човекот апчиња измислил . Мада знам многу што на таа варијанта одат . И на дечко ми кога ќе се пожалам , ајде оди дома и чај напи се , а апче само ако чајот не ти помогне :lol: Реинбоу убаво кажа , во овошјето се витамините а не лекот за да станам побрзо од кревет :)
     
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Смислата на конзумирање овошје е за постојано одржување на имунитетот. При опаднат имунитет и заработена некаква настинка, инфекција, вирус, болест и слично, не помага ни овошје, ни зеленчук, ни не знам какво зеленило. Само може свежина моментална да даде на организмот, но ништо повеќе.
    Затоа, конзумирајте овошје и зеленчук за да ги избегнете лошотиите.
     
  8. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Јас мислам кога е заболувањето вирусно многу помага овошјето, а кога имаш бактериска инфекција ништо не правиш без антибиотик. Лани кога имав грип, освен парацетамол не ми дадоа ништо, само чаеви, овошни салати, супи и сл. Е кога ќе ме фатат крајници, не ми гине оспен :)
     
  9. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Овошјето е да се спречи, лековите да се лечи...така некако би му дошло.. :) .
     
  10. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Во одредени држави како на пример Словенија, забрането им е на докторите да препишуваат антибиотици, освен во екстремни случаи. Ако сакаш потечен биди во крајниците и ,,мртов,, болен, ама антибиотик не добиваш. Познато е дека антибиотикот и општо апчињата се штетни за желудникот. Јас малце истражував на интернет и еве што најдов за овошјето.

    Што сè има во овошјето?

    Овошјето има доста голема биолошка вредност бидејќи содржи: витамини, минерали, олигоелементи, есенцијални масни киселини, растителни влакна, растителни масти, јаглни хидрати, бета-каротин, антиосиданси, етерични масла, ароматични состојки, ензими, целулоза, фитонциди, танини...

    Што може овошјето?

    Овошјето доста поволно делува на организмот во совладувањете на многу болести.

    Овошјето поради големата содржина на водата во себе (само костенливото содржи малку вода) ја намалува жедта и помага против дебелина.

    Железото од овошјето помага против анемија, против губење на помнењето, а највеќе се препорачува на бремениците.

    Витамин Ц е многу застапен во овошјето, а тој помага против анемија, алергија, замор, настинка, болести на срцето и крвните садови, неплодност, импотенција, дијабетис...

    Фолната киселина посебно е застапена во јужното овошје, а таа е ефикасна во борбата против рак, депресија, срцеви заболувања, несоница,остеопороза, реуматоиден артритис...

    Магнезиум, витамин Е и селен кои се застепени во костенливото овошје, кое се препорачува при анкциозност, стрес, зголемен крвен притисок, камен во бубрезите, катаракта, проблеми со простатата...

    Овошјето во себе содржи антиоксиданси, што многу поволно делуваат против таканаречените слободни радикали (предизвикани со современиот начин на живот и не правилна исхрана). Поради тоа овошјето поволно делува против разни инфекции и некои видови на рак.
     
  11. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.331
    Допаѓања:
    47.772
    Пол:
    Женски
    Овошјето и зеленчукот содржат витамини и се корисни,секојдневно треба да се конзумираат.Убаво е да внесуваат во поголеми количини при одредени заболувања.Не треба веднаш да се премине кон лекови,затоа што секој лек е и отров,но отровот во одредени дози е и лек.
    Но за одредени болести,посебно бактериски инфекции,може да се јаде овошје со тони,но џабе.Има за таа цел лекови.Не може Streptococcus pyogenes(бакт.која предизвикува ангина) Да се излечи со Вит.Ц.Си има соодветни антибиотици.Голема грешка на денешнината е нерационална употреба на антибиотици.Се даваат за најмали вирусни инфекции,настинки и слично.Во вакви случаи се конзумираат повеќе витамини и симптоматска терапија(лекови против покачена температура,за болки и сл.).Лекови,т.е.антибитици се даваат и при некои вирусни инфекции со цел превенирање на секундарна инфекција.Тоа значи при ослабнат имунитет организмот може да накалеми бакт.инф.
    Во останати состојби на организмот,пример анемија,подобро е да се пијат природни лекови,семе од коприва,да се јаде месо,јајца,пред да се премине кон земање на лекови.
    Најсигурно е крвна слика или брисеви,барем во мојата пракса,јас се водам според тоа.
    И здравјето се внесува преку устата.
    А превентивно:one apple a day,keep the doctor away.