Ова се неколку животни лекции кои може да ги научите од своето милениче. 1. Тие сакаат безусловно. Ова е нешто кое навистина треба да го применуваме. Животните сакаат и не очекуваат ништо за возврат. Да сакаш некого заради тоа каков е, а не што може да ти даде. 2. Тие се лојални. Без разлика што и да се случи тие ќе се држат до тебе. Лојалноста е навистина доблест која може да ја научиме од нашите миленици. 3. Секогаш ќе побараат помош. Тие праќаат сигнали кога се гладни или кога им се оди надвор. И ние треба да знаеме кога треба да побараме помош. Сите имаме слабости, а да се побара помош е човечки. 4. Не се злопамтила. Кога ги воспитуваме знаеме и да им свикаме и да ги удриме. Но, тие нема да ни го памтат тоа. Да се биде отворен за прошка е најважно. 5. Знаат како да покажат дека ве ценат. Кутрето ќе замавне со опашката, мачето ќе си легне со вас. Тие никогаш не се плашат да покажат дека се благодарни. 6. Го ценат времето кога се сами. Сакаат да си играат, но сакаат и да се отспијат на раат. Не им пречи кога дел од денот го поминуваат сами. 7. Грижливи се. Миленичето знае кога нешто не е во ред со вас. Знае кога сте нерасположени. Никогаш нема да ве повреди ако се грижите за останатите. 8. Тие се креативни. Сите сме родени креативни. Можеби не во иста мера, но имаме позитивни карактеристики кои може да бидат наша инспирација. 9. Тие се оние кои се. Треба и ние да научиме да се чувствуваме добро во сопствената кожа. Единствен начин да пронајдеме вистинско исполнување и среќа е да пронајдеме кои сме и да се сакаме себе си. 10. Тие можат да живеат едноставно. Дај им што им е потребно и тие се среќни. Дај им повеќе и тоа е веќе бонус. Сите можеме да научиме да бидеме среќни живеејќи едноставен живот. Некои луѓе го поминуваат животот несреќни само затоа што не ја знаат разликата помеѓу она што им е потребно и она што го сакаат. Барав и не најдов ваква тема, извинете ако погрешив. Ако е дупла или не е на вистинското место тогаш Извинете.
Браво за темава Чувам дома куче и ги научив овие лекции Моите беа против да зимаме куче но јас ги напнав и еден ден без да знаат,не се вратив сама дома На почетокот по малце се противеа а сега неможат да си го замислат денот без лепотицата наша.Секогаш кога ќе ни дојдат гости татко ми се труди да им докаже дека не постоело и нема да постои ни едно женско што го сака толку многу Колку ја имам карано,тепано а таа пак на крај ќе дојде да ме баци,едноставно неможам да си го замислам денот без да ја гушнам,бацам и да ја прошетам. Искрено ги жалам оние кои не чуваат домашно милениче,таква љубов нема да добијат од луѓето
Јас не чувам милениче но многу сакам да чувам. А лекциите кога ги прочитав ми беше јасно дека морам оваа да го споделам со вас.
Чувам и куче и маче, и морам да потврдам дека ова што го напишала РедРоус е мноооогу точно. Пред четири години првпат чував куче - Пако, кое за жал ми умре. Беше улично кученце, кое само дојде на мојот праг. Го нахранив мислејќи дека е изгладнето и дошло за храна, за да подоцна сфатам дека дошло за љубов. Неможам да ја опишам љубовта која несебично ни ја пружаше, не барајќи ништо за возврат. Отидов на одмор, леле луѓе незнете што правеше кога се вратив по 10 дена. И викам на мајка ми, како што ќе ти се израдува куче, никој нема толку да ти се израдува Каде и да одев, секаде одеше зад мене. Влегувам во продавница, ме чека надвор, одам на кафе, чека пред кафич, одам во комшии, тоа пред врата. Ме зафркаваа моите дома дека за некои луѓе знаеш кај се поради колата паркирана надвор, а за мене знаеле кај сум поради кучето ,,паркирано,, навор Кога умре го жалев како човек да умрел, од таа причина и несакав повеќе да чувам куче. Ама не издржав. Одејќи накај работа купував по нешто за уличните кученца и ги хранев. Тоа беше доволно да почнат да ме следат и да се населат во мојот дом . Сега чувам женка - Берта исто улично куче и да ви кажам, заедно со мачорот кој го чувам, ми го исполнуваат животот и ми го прават многу поубав. Има нешто во нив што ме смирува, ќе сватат оние кои чуваат милениче. А оние кои не чуваат топло им препорачувам да си вдомат, така ќе го победат и стравот кои го имаат, типичен пример за тоа е мајка ми, која до пред неколку години неможеше да замисли да допре маче, за куче и да не зборувам, а сега едно доаѓање од работа прво приготвува храна за мачето и кучето па после за нас . Мајка ми која имаше страв и се гадеше од животни сега сама го бања кучето, го потстрижува, го чешла, и седи во скут и така.
Добро е! Мојот мал принц ги исполнува сите критериуми, си ги научил лекциите. Инаку шала на страна, можеби ова ке звучи некому смешно но моето куче мене ме направи навистина подобар човек. Ме научи на многу работи од горенаведените и јас не можам и не сакам да си го замислам животот без него, како мало бебенце ми е
Сум чувала секаков вид на животинки уште од мала сега имам кученце и мачее прекрасни се ги обожавам не би можела да замислам да имам подобри другарчиња од ниив
Вистина е се што е напишано и се од постовите погоре . Преска како да осетив дека смотлата (кучето де ) е тажна , и земав да ја фрлам по кревет . Може само уморна беше и и се спиеше ама морав да ја размрдам Убаво кажа Боа , како што ќе ти се израдува милениче нема никој . Да се симнам до доле и одма да се качам , ми се радува како недела дена да ме немало . Ја чуваме 8 години и не знам каков ми беше животот пред да ја имам неа , не се сеќавам дека ја немало Не знам како да објаснам
Тоа се точно. Ама кога веќе е темата во насмевки јас да ви кажам што друго ме научи моето папагалче покрај горенаведениве лекции. Дека можеш да ка*аш каде сакаш и некој после тебе секако ке изчисти И дека никако не смеам да спијам повеќе од него освен кога тој е расположен па ке ми дозволи саат- два плус спиење И никако не смееш да пуштиш погласна музика од неговото пеење Ама затоа ме чува и сака најмногу. Ми стои на глава и пее како лудо. Во било која доба од ноќта ако влезе некој во соба одма станува и пее за да ме предупреди... Па и дење ама тогаш ме гледа тука сум и не е толку жесток со викањето. И не дава нииикој друг да му го чисти кафезот. Веднаш каса. Мајка ми го искусила тоа Срцка си е и си го обожавам. И стварно знае кога човек е тажен. Кога ке трепне со очињата а те гледа.... ууууффффф колку си го сакаам.
Ги обожавам и неможам да живеам без нивната љубов.Имам и мачки ама ќе ви кажам за мојата душа лабрадорчето.Го земав поголемо значи до некаде со оформени навики.Пред мене го имаа чувано во бокс и само му имаа давана храна. Кога дојде кај нас беше збеснато за љубов. Се мази повеќе од мачето. Во меѓувреме научи дека е многу посилен од мене и ако се влечи на синџирот може да ме турне. Сега оди залепено со мене и постојано се врти да види дали сум овде. Се научи дека може да си игра само со неговата топка и не смее да трча по онаа на децата додека не го повикаат. Научи дека во продавница не смее да влезе зошто турка се со тој опашот а вишок пари се нема . Научи дека кога имаме гости не смее да скока ко зајаче по нив ама мирно си седи до каучот. И тој научи уште милион други нешта, а јас научив од него дека дефинитвно со љубов и трпение може да постигнеш се!!
Јас чувам 3 кучина и една маче стварно бравос за темава стварно многу можи да се научи од животните .... и му препорачувам на сите што немамаа милениче да земат било куче било маче и 2 се прекрасни и ти ги исполнуваат животот
7. Грижливи се. Миленичето знае кога нешто не е во ред со вас. Знае кога сте нерасположени. Никогаш нема да ве повреди ако се грижите за останатите. Si gi sakam najmnoguuuu srcenca moi
Се е точно . Сте заборавиле нешто . Знаат да караат Вчера дојде сестра ми од одмор и прво и легнува да ја гали а во исто време плаче и рже . Демек зашто ме остави ? Срцка . Безрезервно сакаат , не те закачаат во напнатости и знаат да бацуваат
Дефинитивно тие се единствените на денешницава кои нема да те разочараат и на кои можеш безрезервно да им веруваш. Инаку јас обожавам кучиња
Животното што го чуваш може да ти биде најдобар пријател затоа што често имаат поголемо срце отколку човекот. Сум имала повеќе миленичиња, во моментов само хрчаче. Од секое може да се научи нешто, па и од ова мало крзнено топче. И ова мое малечко ме научи нешто. Ме научи дека треба секогаш да бидеме упорни, да не се откажуваме и да даваме се од себе.