1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Лек за ешерихија коли и други штетни бактерии

Дискусија во 'Алтернативна медицина' започната од Serafima, 29 октомври 2010.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Оваа бактерија ја имам веќе една година и никако не сака да си замине ( моментално во урината ја имам околу 1 000 000 на мл :( ). Сега ми навлегла дури и во цервиксот. Матичната ми препиша Амоксиклав, но јас не ги зедов. Најдов на интернет еден добар народен лек кој моментално го пијам. Сакав да го споделам со вас, зашто и покрај оваа бактерија уништувал и други.

    За ешерихија коли
    Во 1 л бело вино се ставаат 60 чена лук или како што мерев околу 100 грама, се чистат и пресекуваат неколку пати. Се става на тивок оган додека зоврие и кога ќе почне да врие се остава да врие уште 5 минути. Цело време од самиот почеток се става капак на тенџерето и не се вади додека не излади целосно. Значи откако зоврие уште 2 часа се остава да се лади. Потоа се процедува и се чува во ладилник. Се пие 3 пати дневно, половина час пред јадење по едно чаше за ракија и лекувањето трае 9 дена. Колку што забележав досега имал доста големи и позитивни резултати и за други бактерии. Што се однесува до вкусот можам да ви кажам дека повеќе има вкус на виното отколку на лукот. Го пијам леков еве една недела, па кога ќе направам проверка ќе ви соопштам за резултатите.

    И еве уште еден кој досега многу се покажал како превентива од грип и настинки.

    2 лажици жалфија
    1 главица лук
    1 лимон
    500гр. мед
    100мл прополис

    Лимонот и исчистениот лук се мелат на машина (лимонот заедно со кората). Потоа се додава жалфијата и се попарува со 500мл зовриена вода. Се остава да стои 2 часа потоа се процедува и се додава медот и прополисот. Се зема 3 пати дневно пред јадење. Од искуство, една личност потврдува дека додека го користела (го користела во зимен период) ни еднаш не се разболела или имала секрет во носот. Исто многу помагала и за ешерихија коли.
    Можете да изберете.
     
  2. sabota

    sabota Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    Здраво, сакам да ве замолам да ми кажете некој природен лек за ешерихија коли, мајка ми ја има во крвта и во урината. Благодарам.
     
    На B.juste му/ѝ се допаѓа ова.
  3. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    мајка ја изгуби бактеријата со чај од брусница на Виталиа,го има рефус .по 3- 4 шољи дневно
     
    На T-At му/ѝ се допаѓа ова.
  4. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    4.714
    Пол:
    Женски
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    Дали и чајот Имуновит на Виталиа го продаваат на рефус? Дали се продава и во други маркети освен во Рамстор ? Јас не сум од Скопје, затоа прашувам.
     
    На B.juste му/ѝ се допаѓа ова.
  5. agi

    agi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    231
    Допаѓања:
    65
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    тој на рефус го има во Зегин ,тоа се аптеки во Скопје.а би требало да го има и по маркетите
     
  6. st-el

    st-el Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2010
    Пораки:
    677
    Допаѓања:
    4.714
    Пол:
    Женски
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    Фала многу, ќе проверам во Зегин.
     
    На T-At му/ѝ се допаѓа ова.
  7. sabota

    sabota Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    majkmi pie i caj od brusnica i brusnica zrnca i kupivme nasabajle po edna lazicka jade,ama vo krvta de ja nema pa pak ke se pojavi i i stvara temperatura.dali ima nekoj drug lek.

    [mod-kirilica:hlc1cl3q][/mod-kirilica:hlc1cl3q]
     
    На T-At му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    Природните чаеви на Виталиа ги има во поголемите маркети и во аптеките. Не знам дали ги има во сите, но во Зегин ги има сигурно и чајот од брусница, и Имуновит-чајот.
    За рефус продажба на чаевиве не сум слушнала, ги има во 100-грамски пакувања.
    За Ешерихија Коли се препорачува чај од оригано, го јакнел имунитетот и помага во исфрлање на токсините и бактериите од организмот.
     
  9. sabota

    sabota Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    Здраво. Дали некој знае лек за бактерија Стрептокока вагинално.Јас сум бремена 14 недела сум и пијам сега алмацин капсули.Ако знае некој нека писе
     
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.340
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    Знам дека бактериите се лекуваат со антибиотици. Ти бидејќи си бремена најубаво ќе ти каже твојот гинеколог. Мораш да ја исчистиш за да не ти направи некоја беља на бебушот.
     
  11. casperr

    casperr Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    ми открија ешерихија пред некое време и тогаш почнав да се распрашувам и секој различно ми кажува,гиникологот ми рече не е многу опасна и примам одредена тарапија ама по се сто се изначитав мислам дека е . . . некој некое искуство да ми каже . . . :(
     
  12. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    Најлошото е што не може засекогаш да се излечи. Може да се повтори, мене три пати ми се јави.
    Ја лечев со многу јаки антибиотици, во комбинација со многу витамини, особено б витамини за обновување на цревната флора. Пиев по два литри дневно увин чај и чај од брусница. Редовно одев на контроли, а направив и ехо прегледи. Веќе една година ми се нема појавено, да не се подречам. Ама досадна бактерија е, може да се повтори. :worried:
     
    На casperr му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    и јас ја имав оваа бактерија во бубрезите веќе две години се лечев(со терапија) и сега ФАЛА МУ НА БОГ веќе не се има појавено 4 год...а инаку сум ја имала претходно кога сум била многу малечка 8 месеци
     
  14. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    Со што се излечи се сеќаваш? и мене нонстоп ми се појавува.... :(
     
  15. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    Татко ми веќе три години прави повуци-потегни со бактеријава.
    Досадна е, не дека е нешто страшно опасна, ама сепак непријатна и зошто да ја имаш де?

    Чај од брусница пие со литри, прво беше на некакви антибиотици, откако крена раце, сега е само на диететски суплементи што содржат Д маноза.
    Пие и некаков прашок што се раствора во вода, се живо и диво порачавме преку нет и капсули и капки и ништо.
    Внесе и некои промени во исхраната, иако минимални, бактеријава е многу упорна и абер нема.
    Ако имате некое чаре, кажувајте.
     
  16. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    Не можам точно да ти кажам,оти некои лекови ми одговараа на организмот,а некои не и така да докторот што ме лечеше ми ги менуваше,но последно почнав да ги пијам едни не се сеќавам точно како се вика,ќе ја прашам мајка ми ако се сеќава и ќе ти кажам...
     
    На butterfly.fly му/ѝ се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.900
    Допаѓања:
    123.135
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    На мајка ми и помогна еден природен лек кој содржел брусница и незнам уште што,околу 500 ден се Имунобор Уро.Мислам дека го има во сите аптеки и знам дека се пие месец време ,она беше навистина задоволна,пробајте или информирајте се во аптека .
     
  18. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    @Trendafilka

    Monural (fosfocin) (3g) е чарето.2 кесички се доволни.
    Тестирано на 3 девојки досега.Нема ни трагa од E.coli,дури и по 3 последователни анализи. 8)
    Ќе го излечи стариот,100% :D .
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. butterfly.fly

    butterfly.fly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    26
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    Ај молимте кажи ми од каде се купува и колку чини!! Дај боже да е така!
     
  20. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Лек за Ешерихија коли и други штетни бактерии

    @butterfly.fly

    Провери по аптекиве,некогаш го има,некогаш го нема.Ако го нема моментално никаде,тогаш во Белград го има сигурно.Распрашај се по аптекиве.Цената беше околу 10 ЕУР у денари.
    Не ме држи за збор околу точната цена, ова беше некаде пред 1 година,ама толку треба да е и сега.Инаку делува 100%.Едната девојка се отру со најразлични антибиотици,и пак и се јавуваше.
    Од овој лек,само 2 кесички и беа потребни се сеќавам,и немаше веќе проблеми.