1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Летна авантура

Дискусија во 'Врски' започната од zvezdakoska, 8 јули 2010.

  1. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    60
    Па женски, што мислите за овие летни авантури?
    Дали од нив би можело да се развие врска за подолго време?
    Дали би се препуштиле на ваква авантура покрај дечко, да знаете дека никогаш тој нема да дознае?
    И какви спомени имате од летните љубовни авантури?

    Само сакам искрени одговори посебно за второво прашање. ;)
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.451
    Пол:
    Женски
    Па некоја летна љубовна авантура не сум имала. Имам искуство со нешто слично.
    Кога бев помлада секое лето со другарките одевме во Охрид и обавезно висевме на Градиште на втора плажа...
    Гледајки го другарките како се муваат со разни дечковци, мене тоа ми беше одвратно и секогаш седев на дистанца. Ми се свиѓаше еден дечко што секој ден го гледав на плажа, и он ме загледуваше, ама јас стално се повлекував , не дозволував да ми се приближи....еден ден дојде до мене и како гром од ведро небо ме баци( читај филмски ме залапа). Јас у несвест ќе паднев. Излезе дека е од Србија, тоа му бил последен ден во Охрид..ми рече: Чао малена . :D
    А јас детиште , можете да замислите како ми беше. Така тоа ми остана во убаво сеќавање , не е љубовна авантура, туку убав спомен од едно лето.

    Инаку секогаш сум била скептик за летните љубовни авантури. Преку лето сите се уфилмани, сите се фраери, сонцето им мава во глава. Не е невозможно , но мислам дека многу ретко љубовните авантури прераснуваат во нешто сериозно.
     
  3. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.475
    Јас не сум имала летна авантура :) А кога ќе размислам па не сум ни имала можност за такво нешто. Првата врска ми беше мн долга, а сега и вторава ми е долга, па не сум имала време и слобода за авантури :)
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Па... :?: сум ги имала неколку :lol: :lol:
    Онака, чисто „дружење“ додека му трае одморот на фраеров :lol:
    Со еден додуша завршив многу порано пред одморот да му заврши, пошо ептен досаден беше.
    За врска, мислам дека од ова не може да израсне. Но, ако немаш со КОГО да си го исполниш времето... :$ :lol:
     
  5. anickata

    anickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    73
    јас имам летна авантура претходното лето и се заљубивме еден во друг :lol: моето одма помина али он уште ме бара, неможел без мене, неможам да го одтргнам од мене :( :*
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    ете јас сум пример дека летнта авантура може да прерасне во нешто повеќе.е сега додуше и двајцата бевме од ист град.се запознавме во охрид,он беше само на викенд дојден,а јас останав уште 10тина дена.за тоа време нонстоп се слушавме.последниот викенд пред да си одам,цела вечер зборевме на телефон и тој пијан,кутриот дојде со другар до охрид сабајле во 7,и требаше пак за викенд да остане,ама му се јавија итно од работа и си отиде.и така од тој ден почнавме да идеме,летово две години :lol:
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    баш убаво :inlove:

    инаку за мене летна авантура , останува летна. Кога ќе заврши одморот, завршува и тоа. Така барем си го имам сватено тоа, најмногу затоа што одам на одмор надвор од Македонија и знам колку се реални шансите да останам во контакт или да продолжам со нешто повеќе. Да сум во Охрид, можеби ќе размислам...
    И лани имав летна авантура, 5 дена со еден дечко од Србија. КОга се вратив го одржувавме контакот, па и во Скопје демек ќе доаѓаше, а во суштина и двајцата си знаевме дека нема ништо од тоа да продолжи. После 1 ипол месец јас си фатив дечко(со кој што сум сега) и он си фати девојка. И така... фино си се заврши :lol: :D
     
  8. Ema.Sk

    Ema.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2009
    Пораки:
    1.311
    Допаѓања:
    4.758
    Неможам јас да се носам со некоја летна љубовна авантура :^)
    Не сум таков тип на девојка да се препушти само 10 дена а после се тоа да заборави .....
    Ако бидам со некого сакам целосно да ме заслужува и многу труд да вложи во мене .. така може и ќе ме добие :!:
    Но да бидеме искрении .. за 10 дена неможе тоа да се случи .. :D
    Јас сум романтична личност иако несакам да признаам .. сакам се полека , без брзање , без адреналин ... имам доволно во мојот живот :lol:
     
  9. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    117
    Ах спомени...имам по еден спомен од секое лето...некои прераснаа во неуспешна врска, други останаа тоа за тоа. На некои се присетувам со насмевка, а на некои со болка и по малку омраза. Ова лето имав летна авантура со еден од Романија...се запознавме на одмор, романтики 4 дена, море, плажа, сонце, месечина, ѕвезди, бранови, коктели, триста чуда. И се беше супер, и се ќе беше супер ако тој не започна да ми симнува ѕвезди, да дојдам со него во Романија(на што малку се двоумев морам да признаам како идиот, ама сфатив на време дека ако отидам ке се изглупирам како никогаш досега), дека јас сум тоа што тој одсекогаш го барал, дека за овие 4 дена ке ги раскажуваме некој ден на НАШИТЕ ДЕЦА!!! Хахах колку ми е смешно кога ќе ми текне...и јас се заљубив во неговиот авантуристички дух, во неговиот смисол за хумор, во неговата озбилност во некои муабети, во него... Кога се вратив дома ми пишуваше дека ме сака и дека собира пари за да дојде да ме види. После едно неделно отсуство, ми рече за некои лични проблеми што си ги има, јас бев упорна да ми каже дали поради тоа нема да дојде, дали да го чекам бла бла, се закаравме и ми рече-продолжи си понатаму со животот. Му реков дека од тој ден веќе нема да слушне од мене, и навистина му немам пишано и не ни планирам. Од тогаш се немаме слушнато, и ме остави со скршено срце. Најлошо од се е тоа што НЕ ЗНАМ што се случило, дали е вистина или само глуп изговор, ако не е вистина тогаш зошто веднаш не ги прекина контактот со мене...толку прашања а одговори никаде нема.
     
  10. xogurl

    xogurl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Како се чуствувате кога сте запознале некој странец/ка? Ви се допаѓа? Дали сакате да имате врска со неа/него, како летна авантура, ИЛИ само пријатели да бидите со неа/него? Какво мислење имате за неа/него..дигнат/а е, фраер е, интересен/а е, фин е, убав/а е, арогантен/а е? Што мислите за странкиве што доагаат од америка, австралија од секаде.
     
  11. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.893
    Летна авантура со странец/ка? мислење.

    Cтранец се мисли на-наш Mакедонец? зашто јас мажот ми така го сретнав,и имам мислење дека се паметни,фини,интересни,со многу разбирање :!: :) Cега се зависи од тебе што сакаш,а може и само по себе да си дојде,како во нашата врска
     
  12. xogurl

    xogurl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Летна авантура со странец/ка? мислење.

    Да како наш Македонец ама на пример живее во америка и иди Македонија на шетање, (странка). Благодарам за твоето мислење. :)
     
  13. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    Летна авантура со странец/ка? мислење.

    За секого имам различно мислење. Без разлика што сите нив ги категоризираш како странци, сепак тие се различни индивиуи и не ги поврзува ништо, освен фактот дека живеат некаде надвор. Некој може е фин, друг не, трет е фраер, четврти е убав, пети арогантен...и така до недоглед.
    Неможам да ти кажам "сите странци се убави и фини" ;)
    Јас имам таква врска, а имам и пријатели. Се зависи од личноста и што сакаш ти со него и он со тебе. Ако и двајцате сакате врска - може да успее, ако сакате само пријателство - пак исто. А и за летни авантури се одлични :D
     
    На wolf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ani.Anika

    Ani.Anika Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2010
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    7
    Летна авантура со странец/ка? мислење.

    јас со мојата “странка“ веќе 4 години си терам летни авантури ама ни тој имал женска овие 4 год ни јас сум имала дечко....ни ние не знаеме дали е авантура сеуште, или веќе е сериозна врска :lol: а дремиме по телефони по 3-4 саати кога не е тука :tmi: и кој и да не праша шо сме уствари и двајцата ко низ пушка - “пријатели! :$ “ и готово :D
     
  15. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Летна авантура со странец/ка? мислење.

    Епа, пошто прашањево е дефинирано за Македонци кои живеат во странство вака ќе кажам: сум запознала многу такви странци, најчесто на лето, на плажа или во дискотека. И мислењето ми е многу ниско. Ептен сељачки се понашаат. Не знам што си мислат: ако се во Австрлија или Америка р'мбаат како робови и земаат два пати месечно плата дека се јаки фраери? Едвај успеваат таму да дојдат до документи, ама кога ќе ги добијат се не знам ти што... Треба малку да ги смират страстите. Не се ништо повеќе од тешки сељаци.
    Тие се толку префинети, што на плажа се првите кои се плискаат во плиткото за да привлечат внимание од девојките, во дискотека нивниот префинет вкус се сведува на пиво и турбо фолк музика... Се шетаат со 4 петлици откопчани за да се виделе ланците од тешко тенеќе... Е такви се префинетите Австралиски Македонци...


    Се извинувам ако некого навредив со моето мислење, го раскажав само моето лично мислење и зборував од искуство!
     
    На Ani.Anika му/ѝ се допаѓа ова.
  16. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.580
    Допаѓања:
    3.203
    Летна авантура со странец/ка? мислење.

    Искрено темава малце не ја разбирам. Значи насловов е летна авантура, а прашуваш дали сме сакале врска или пријателство.. Летна авантура за мене значи да го запознаеш некого на лето, да излегувате цело време и потоа да се заборавете пошто секако тој ќе се врати во неговата средина а јас ќе си продолжам тука.
    Како и да е, секој од нив се различни. Пример тие што се таму бидени повеќе време, некако се посталожени, поискулирани, пријатни за муабетење и за дружење.
    А ново-вселенициве(македонци од тука што го поминале цел живот тука,и се преселиле во странство и живеат 3 години таму) кога ќе дојдат прв пат после нивното вселување во странство, држат лекции како таму патиштата биле средени, како патиките не биле валкани а овде одма се валкале. Згора на тоа, уште во фаца викаат: "Како можете да живеете тука?". Извини ама до вчера не живееше и ти тука? Или си заборавил/а од каде си...
     
    На ladymilion му/ѝ се допаѓа ова.
  17. xogurl

    xogurl Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Летна авантура со странец/ка? мислење.

    Се запознав со едно дете и цело лето излегвавме се мувавме, онака имавме добра врска и пријателство. Едно од најубавите летни авантури до сега што сум ја имала. И после тој ко си замина имавме контакт ама после наредното лето воопшто немавме конекција и престанавме да зборваме. Не мислам дека се арогантни ова она ама сепак мислам дека се различни индивидуи и ги гледаат нештата поинаку од нас. Не сакам само да ме користи, сакам да си останаме пријатели покрај се, ама се разбира... се неможе! Бидјки повеќето време се дружат со друг народ, не само македонци. Ама, некои навистина се кренати и само се пуфкаат, како како angel92 што рече ``Згора на тоа, уште во фаца викаат: "Како можете да живеете тука?". Извини ама до вчера не живееше и ти тука? Или си заборавил/а од каде си... ``, покажуваат како низок удар, даваат непочит кон својата татковина. Ко ќе идат Македонија тие гледаат да се забавуваат и да трошат пари, малце да се испуфкаат. И најмногу што ме нервира е кога Македонија ја нарекуваат -стари крај- навистина не е убо!
     
  18. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Летна авантура со странец/ка? мислење.

    Странец , :rofl: е стварно ме насмеавте, јас би ги нарекла иселеници. И ако ти е добро и забавно со дечкото, нели за авантура е битно моментално да ти е супер со него и јаде чао, што е битно од кај доаѓа и кај ќе оди. Секако е само авантура. А ако некој те нервира со неговите изрази и занесувања, што истото може да се случи и со некој овдешен нема ни авантура со таков, зошто да ми го расипе летото.
    А за авантура со баш странец, знам некои примери,една моја другарка имаше таква со еден дечко со кој не се ни разбираа доволно, ама нели за љубов нема граници и бариери а камоли па јазични. :D Си се привлекуваа физички и тоа им беше доволно, да се забавуваат 10 тина дена. Само да не се занесувате дека некој таков после неколку ноќи секс, ќе се заљуби во вас и ќе ве носи далеку од овде.Добро и тоа е можно во некои бајки,ама мојата другарка си имаше направено таков филм, ама за жал остана само македонска летна авантура, на странецот од далеку.
     
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Летна авантура со странец/ка? мислење.

    Ако е темата за иселеници треба така да се преименува- јас пред да ја отворам мислев за љубов помеѓу лица кои потекнуваат од различни држави- пример Македонец со Украинка и сл. :)

    Јас за овие врски само ќе напоменам (не дека и на другите врски не е битно), овде е посебно важно да користите кондом при сексуалните односи, бидејќи не знаете каква позадина имаат тие луѓе- знаеме сепак колку се застапени ХИВ вирусот и сидата таму (не дека овде не се, ама таму се секојдневие) ;)
     
  20. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Летна авантура со странец/ка? мислење.

    Ми се допаѓал зависно од изгледот и личноста која ја гледам дека е во себе.
    А општо темата не ми е јасна, што бара да се коментира во неа. Дури и ова со македонец не ми е кристално јасно, затоа што заедно со насловот ми се мешаат некако поимите.