Летна авантура со странец/ка? мислење. да стварно колку сте измешале не ја сваќам поентата на темата. иначе сега се вракам од одмор и запознав дечко. беше прекрасно имаше од се по малце и сега се разделивме не ми е тешко не се заљубив али беше добро да се почуствувам сакано и убаво во негово друштво барем за неколку дена.
Летна авантура со странец/ка? мислење. странец странец беше мојот дечко (уште е де) кога се запознавме он збори словенски јас Мк па удрив на српски иди разбери се ако имаш сила ама нели љубовта појака де со раци де со нози некои зборови ке се објаснат сега јас научив колку толку сло он српски и фураме...имам убаво мислење за него (додуша да немав немаше да почнеме заеднички живот) но за овие иселениците од Мк кои добиле документи и се мислат Богови немам за сите убаво мислење... Имам комшика во Мк се мажи со Германец (за документи де) она 22 он 46 год и нели како иде редот ваљда доби документи после 4-5 години иде сама на одмор тука и вели аман ного прост народ сте тука аман како живете тука аман ово аман оно..а седиме во двор кај друга комшика...и јас испукувам: Аман од тебе к*рво една која сама призна пред 5 год оти најде будала ке се мажиш за документи сега ми изиграваш фаца а сол во очи немаш се засили малку ама виде дека нема крај со мене и стана си отиде...од тогаш за ваквите имам една поговорка: гледај кога сељак ке соблече опинок и облече чевли што се дешава
Летна авантура со странец/ка? мислење. За човек да започне ваква авантура треба да биде на чисто со себеси. Ретко кога ваквите авантури завршуваат со нешто посериозно, па треба да си знаеш што бараш, и што очекуваш, за да не се разочараш после. Особено за оние што се премногу емотивни, не препорачувам. Најчесто од ваквите авантури остануваат само убавите спомени... Јас досега сум немала таква летна авантура, ама го знаете она-никогаш не вели никогаш. Сепак во овие околности, јас не би. А странците не би сакала сите да ги окарактеризирам како културни, фини, арогантни итн. Секој си е приказна за себе.
Јас само што се вратив од одмор и баш убаво што наидов на ваква тема Запознав еден дечко на одмор од Хрватска.. бидејки сум многу самоуверена и немам проблем во кокетирање уште од првиот ден искочивме и се деси тоа што требаше да се деси. Дечково беше многу интелигентен за негови години, ми се допадна што ниту еднаш не ми направи детски и глупави муабети. Се збореше се за нешто конкретно. Ни јас ни тој не зборевме за иднина, и двајцата знаевме дека послем летото нема да имаме никаков контакт! И ми се допаѓаше што не блефираше и не ми симнуваше звезди од небото и слично. Еден ден цел ден не го видов и му пишав писмо само "Same place same time" и го дадов на една негова другарка. Таа вечер ми беше последна. и му реков дека ако не стигнеме да се поздравиме ке му напишам писмо! а он на ова коментираше (само се надевам дека ке биде подолго не само 2-3 збора) и така и бидна.. му напишав едно долго писмо, не те сакам ке ми фалиш такви работи само да му кажам дека мило ми е што го запознав и дека ке ми остане во сеќавање и дека му посакувам се најубаво! сега поминаа веќе 2 дена откако се вратив, и ми фали таа негова нежност што никогаш не ја покажување амо знаеше спонтано да ме гушне и да ме праша да не ми е ладно случајно? ми фали да пливаме навечер во морето и да ме нарекува маза а јас само да лежам и да не зборам ништо (што е многу чудно јас да не зборам) е со него сосема убаво ми беше тишината што ја делевме и тоа што сосема перфектно се разбиравме само со поглед никогаш нема да дознаам дали го добил моето писмо и никогаш нема да добијам одговор но секогаш ке се сеќавам на еден прекрасен дечко кој умееше посебно да се грижи за мене и да ми го разубави животот барем на кратко
Досега не сум имала летна авантура. Можеби затоа што добро се познавам себеси и знам дека е можно да се приврзам кон тој некој, па да завршам со плачење. Не би можела да поднесам. Затоа што сум и моментално во врска, не размислувам за вакви работи. Сепак, никогаш не вели никогаш. Знаеме дека ретко од ваквите авантури произлегува нешто посериозно, но се е можно. Од повеќето од нив остануваат само спомени...
Летото без летна авантура, не е лето. Многу е добро кога летото ке заврши, а ти имаш убави спомени од него.. слики кои ти се вртат низ главата, одново и одново.. Јас мислам дека може да прерасне и во поке од само летна авантура, нели мора да се тргне од нешто, се разбира доколку и двајцата сакате може зошто да не. Сите спомени од летните авантури се .. ахххх !!
Додека сум слободна летна авантура може, нема ништо лошо во тоа. Но, ако имам веќе дечко, не никако. Не сакам едноставно да знам дека и тој има некоја си таму авантура. Па ако ни е до авантури зошто сме заедно. Иди шетај, забавувај се. Едноставно прави го она што го сакаш. Со дечко ми започнавме врска крајот на мај, не знаевме што и како ќе биде...Но прерасна во нешто прекрасно и го имав најубавото лето во животот... што ќе ми е авантура покрај сета таа убавина.
Летна авантура со странец/ка? мислење. Најнормално како со македонциве така и со станциве.Зависи кој е и од каде е...може и врска но онака нешто посериозно а не само авантура...али нај добро е само пријатели...За стнациве знам дека разлислуваат малку на повисоко ниво од наште машки покултурни се,имаат разбирање,си обрнуваат повеќе внимание на физичкиот изглед и на облекувањето...
Летна авантура со странец/ка? мислење. ^ хаха :up: затоа дека ти зборуваш српски тој словенски,па нели знаеш .. каде што зборовите прекинуваат усните продолжуваат
Summer love Кратко раскажано бев на одмор во Грција и ја запознав љубовта на мојот живот. Нема врска, он беше со друштво цело од Србија , јас со две другарки и се запознавме. Секоја вечер бевме сите заедно и дефинитивно ова беше мојот најубав одмор (иако со моите тргнав). Луге кога се вратив не можам да го извадам од мисли. Едноставно мислам дека сум опседната со него. Постојано му дремам на профилот на Фб... Помина скоро една недела... Знам дека што и да се случило таму останува таму ама неможам да се помирам со тоа дека се што е убаво кратко трае
Бев на одмор и таму се запознавме со едно друштво од Скопје. Со еден дечко од друштвото цело време флертувавме и последните 2 дена пред крај на одморот имавме секс. После сексот ми вртеше муабети како му е криво што во Скопје имам дечко и како му е жал што он бил (како што се зафркававме) "љубовник". Последниот ден го прашав што ќе се дешава меѓу нас кога ќе се вратиме во Скопје, дали ќе продолжиме или не. Ќутеше една минута и ми рече дека не знаел како ќе се чувствува во врска со нас откога ќе се вратиме, не бил сигурен дали ќе сака да продолжиме или не. Му реков дека за дечкото јас и така и така имав во план од претходно да раскинам со него, само дека сакам да знам за колку брзо време да прекинам со тој и ми рече дека ако веќе раскинувам не би сакал да биде тоа ради него и дека во меѓувреме ако сакам ќе одиме на кафиња, ама дека не мора да правиме ништо. Не можам да сфатам што уствари сака овој?
Шо сака он? - Ништо драга! ... он тоа шо го сакал си го добил (впрочем како шо ти е насловот на темата ЛЕТНА АВАНТУРА) значи готово!
Летни авантури Девојки што мислите за летните авантури? Дали има шанси за нешто понатаму ако тој е од друга држава?
Летни авантури За понатаму шанса јок. Ако ти е обично само за една авантура или нешто друго тогаш ок, барем ќе си имаш едно убаво сеќавње. Но ако мислиш за нешто повеќе би ти рекла не. Врски кои девојката е од една населба, дечкото од друга па немаат доверба меѓу себе и се изневеруваат не траат не пак твојата со некого од друга држава. Пред се кога ќе се видите? Другото лето овоа време. До тогаш љубомората, далечината ќе си го направи своето. Пред се тој е машко не верувам дека година дека би те чекал тебе. Тоа е реалноста.
За жал досега не сум имала таква авантура но тоа е нешто што секогаш се памети. Некогаш се развива во врска, некогаш остануваат само убави спомени но ете ја нема секој таа среќа да доживее такво нешто.
Сум имала кога бев 15,16,17 и 18 Тие неколку години кога бев средношколка и секое лето одевме некаде на одмор со другарките. Не се сеќавам ни дали беше љубов тоа, повеќе се базираше на симпатии, погледи а имаше и држење за рака, значи авбантура било, зашто како завршуваше одморот, така ги заборавав. Море една година и бакнеж имаше , па си ја миев устата после тоа неколку пати Но не е тоа толку впечатливо колку оние муабети со другарките како некој не погледнал, па што ми рекол...па кај не сретнал, па оние кикотења како блесави
-> Ова мене ми изгледа интересно. Мн сакав овој одмор со друштвото да најдам нешто таму (и имав шанса) ама недела пред да одам на одмор си фатив дечко и ништо, па сега искуство немам со ова. -> И да, мислам дека можи да се развие во врска за подолго време зошто сепак тоа вообичаено е човек кој не го знаеш, двата сте опуштени. Моето со дечко ми не е летна авантура ама се познаваме толку време колку шо сме заедно Затоа мислам дека можи да успеј. -> На ваква авантура покрај дечко - не би се препуштила дури и да имам 100% гаранција дека нема да дознае. Едноставно не сакам изневерување, не сакам работење зад грб и такви работи. Колку и да е примамливо и можеби и нема да се дознае, не би си го дозволила доколку имам некој.