Кај Мегали Петра и Каваликефта има едно мало барче со лежалки, на самата Агиофили нема бар и лежалки но има едно шанкче каде продаваат по нешто ситно како кафенце, грицки но затоа пак пред да се симнеш по скалите има поголем бар со храна како бургери и такви работи и поголем избор на пијалоци.
Се извинувам Mikro Jalo ти е у ствари Порос . И тука има два кампа и тоа еден лево друг десно а на средина плажа. Оваа Mikro Jalo ти е супер. Таму странци се на плажа има лежалки и барови и ресторани. По монденско место е
Микрос Јалос е фантастично место, ама има мала маана. Врие од оси на плажа. Посебно ако пиеш кафе или газиран сок, ќе те побудалат. Ова треба да го знаете ако одите со помали деца, или ако имате аверзија од оси.
orevokrsacka ние бевме во втората половина на јуни. Немаше ни о од оса. Многу чиста плажа. Едно ливченце или отпушок или лажиче не постоеше. Невелам дека ти не си во право но сигурно тоа е некој период од летото или климата или пак ветерчето ги донело осите..... Сепак убаво што го споделуваш ова искуство Јас во принцип не одам два пати да летувам на исто место но Лефкада дефинитивно би се вратила уште денес
lilo се надевам зборуваме за истото место. Го искачуваш првин Порос па се симнуваш во Микрос Јалос така? Ние бевме оваа година (стасавме 12 јуни) и осите не не заобиколија ни еден ден, (не само нас, и сите други, еден Грк буквално тргна во војна со нив и трчаше по плажата со весник во раце) а бевме таму една недела. Не знам, може сме фатиле лош момент. Плажата е секако преубава и чиста, за тоа нема збор. Првпат одам на Лефкада и се враќам со преубави впечатоци, меѓутоа сметав дека треба да го кажам и тој не баш пријатен детаљ. Во секој случај Лефкада треба да се посети, има сосема подруг филинг од Егејот.
Девојки сакаме да изнајмиме моторче дали мора да се има возачка и дали даваат кацига кај што ќе изнајмиме?
Кога бев летово во јуни, на Катизма цената за две лежалки плус чадор беше 8 евра, без пијачка.. Сигурно сега се повисоки цените
Јас колку што се сеќавам со консумација беа, односно мораш да нарачаш нешто за да добиеш лежалки. Може нешто се сменило, може јас лошо памтам.
Можеш само лежалки со чадор да си изнајмиш за цел ден 7 евра. Ако сакаш дополнително си порачуваш пијалок,кој не е скап воопшто. Кафе 2,5 , лименки сокчиња и пиво 2,5-3 евра, цедени природни сокови и овошни салати по 4 евра. Поефтино од краците
Не знам, ние во Копла секогаш седевме, таму не се плаќаше лежалка посебно... со самото нарачување следуваше. Ние таму и јадевме и пиевме, бидејќи од 11 до 7-8 седевме.
Ние најмногу идевме на плажа Катизма кој е преубава, исто и Каламитси ,плажа мегали петра е исто преубава. Порто катцики ми е преценета,ама вреди да се посети. Турата со брод да не се испушти. Кефалонија,Итака , Скорпиос убавини. Нидри водопадите исто да се посетат. Сивота на рипче.
И ние два пати бевме на Копла,ама и таму лежалките се плаќаат без пијалок. Мислам лани не било така. Ова од годинава било