1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ликот и делото на Квентин Тарантино - општа дискусија

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Captain-Omni, 4 февруари 2016.

  1. Captain-Omni

    Captain-Omni Популарен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    662
    Допаѓања:
    5.231
    По муабетот за The hateful Eight на Феминско филмско фоаје, видов дека имаме најмалку тројца големи фанови на Тарантино кои можат бескрај да зборат за овој гениј.

    Затоа, ако се чувствувате како дел од ова друштво, повелете на муабети за све поврзано со Тарантино.

    Инаку, Квентин Џером Тарантино е роден 23 март 1963 во Ноксвил, Тенеси, САД. Прв филм му е Касапски кучиња, или Reservoir dogs, па Pulp Fiction, Џеки Браун, Кил Бил 1 и 2, Death Proof кој беше major disaster, Inglorious basterds, Django Unchained и The hateful eight.

    Низ годините покрај овие ОСУМ филмови како сценарист, продуцент и корежисер се појавува и други бројни дела кои имаат епски карактер за американската филмска индустрија.

    Е сега, да се осврнам на некои цитати. :)

    Најдобро прикажан беше неговиот лик плус луд ум, кога како Геко ќе го прикаже фетишот за стапала кон Џулиет Луис, а после од вампирите ќе му се изобличи ликот. Тоа е совршен приказ на Тарантино и најдобар според мене од сите филмови во кои бил за да се опише шо чоек е. :)
     
    На Jordanovska-K, zhap4e, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Ајде да почнеме полека да ја загреваме темава.

    Прво нешто на кое ми текнува кога ќе помислам на Тарантино е видеово:



    Тарантино, Селма Хајек, песнава, Тито и Тарантула... Priceless! :rock:

    Ретко јака песна, ретко добра сцена од било кој друг филм ever...
     
    На okcenzi, Jordanovska-K, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Капетане, прво, бравос за темава, иако некако се сомневам дека ќе стане trending topic на форумов. :D Ама, у секој случај...

    Со Тарантино за прв пат се сретнав како глумец, а не како режисер, и тоа прво во From Dusk Till Dawn, а потоа и во Desperado – филмови кои сеуште ми се меѓу омилените.

    Прв филм кој го гледав од Тарантино беше Pulp Fiction и се сеќавам дека бев blown away – не беше сличен со ниту еден друг филм кој сум го гледал до тогаш. И тоа беше сосема доволно да ми стане (и остане) омилен режисер.

    Тарантино за мене е совршен режисер затоа што неговите филмови се баш она што јас го сакам – несекојдневни, интересни, забавни и непредвидливи. Ја филмови не гледам за да доживеам некакво просветлувачко искуство, за да научам нешто за животот или за да добијам одговори на некои длабоки животни и егзистенцијални прашања. Не, филмови гледам пред се заради забава – а тоа е нешто со што изобилуваат филмовите на Тарантино. И тоа, забавен и интелигентен хумор, а не забавен у смисла на America’s Funniest Videos.

    Ми се свиѓа затоа што самиот ги пишува сценаријата кои после ги режира и преточува во филмови. За мене, тоа е комплетен режисер – многу е полесно да снимаш филм по веќе готово сценарио и туѓа добра идеја за приказна. Освен тоа, во целата таа транзиција од книга, до сценарио, до малце изменето сценарио, до режисерот, често пати целосно се губи оригиналната замисла на писателот или сценаристот и се добива нешто сосема поинакво (and dare I say, полошо) како финален продукт.

    Кај Тарантино вакво нешто не може да се случи, затоа што е исфрлен посредникот во целиот процес, и едноставно – човекот добива некаква идеја за филм, која ја разработува и ја преточува во сценарио. И кога ќе треба да се снима филмот, тачно знае што мислел сценаристот и што сакал да каже, пошто нели – он е тој. Затоа и филмовите му се мање-више без промашај.

    Односно, зависи – Тарантино е тип на режисер кој или многу го сакате или ич не го сакате, скоро и да не постои некаква средина меѓу неговите фанови и критичарите. Ама не е ни еден од оние демек „култни“ режисери, за кои на луѓето им е срам да кажат дека не ги сакаат, од страв да не испаднат глупи – како браќата Коен, на пример. Ја за нив отворено ќе кажам – не ги сакам и не ја сфаќам фамата околу нивните филмови – fuck the Coen brothers and fuck Big Lebowski! – макар и тоа да ме прави глуп или филмски неписмен. Но, да не забегувам од темата.

    Друго нешто што ми се допаѓа кај Тарантино е неговиот избор на глумци во филмовите – нешто за што пишував и во филмското фоаје. И не зборам тука за некои веќе познати и етаблирани глумци од типот на Брус Вилис, Бред Пит и Лео ДиКаприо, туку за сите оние глумци кои практично се прославиле откако биле во некој филм на Квентин – од типот на Стив Бушеми, Тим Рот, Сем Џексон и Кристоф Волц.

    Истото важи и за враќањето на стари, некогаш познати глумци од мртвите – нешто што на освен Тарантино, не верувам дека му успеало на некој друг режисер.Враќањето на глумци во првата холивудска „постава“, откако веќе го поминале врвот на кариерата е нешто што едноставно не се случува во Холивуд – освен кај Тарантино, нели. Најпознати примери за ова ми се Џон Траволта, кого никој и не го сметаше за добар глумец, него повеќе за one hit wonder, со Grease, и секако – Курт Расел, за кого после The Thing, Tango & Cash, филмовите со Snake Plissken и Big Trouble in Little China веќе немав ни слушнато, се додека не се појави у Death Proof.Но, Тарантино не само што им даде шанса пак да глумат у асален филм, него и на сите ни покажа дека се работи за стварно добри глумци.

    Но, сепак – најомилени од се ми се дијалозите, кои по мене се едни од најдобрите некогаш прикажани на филмското платно – нешто за што исто пишував во фоајето. Муабетите од типот Like a Virgin, Ezekiel 29:17, саатот на Кристофер Вокен, Ханс Ланда со млекарот и сцената у германскиот паб, приказната за писмото на Ејб Линколн, монологот со black python, монолозите на Освалдо Морли – тоа е нешто што едноставно не можеш да го видиш на ниедно друго место освен кај Тарантино.

    Што се однесува на неговите филмови, не можам баш да издвојам еден (па дури ни два) омилени.

    Reservoir Dogs ми е скроз океј, иако на моменти се приметува дека е done on a budget, што самото по себе, му наметнува некакви ограничувања на филмов. Pulp Fiction ми е тотално закон, собата на Тарантино (додуша и онаа на Родригез не е лоша) ми е омилената од Four Rooms. На Kill Bill искрено слабо се сеќавам, пошто одамна ги немам гледано и ми се у план да ги прегледам, ама генерално имав добар впечаток. Дводелната CSI епизода режирана од Тарантино ми беше easily најдобра од целата серија, додека Inglorious Basterds ми е исто апсолутен фаворит.

    Death Proof мене не ми беше толкава катастрофа како на @Captain-Omni, зашто и не го сфатив како некој сериозен филм. Идејата на Grindhouse – и на Planet Terror и на Death Proof, беше да се сними нешто што ќе наликува на просечен B movie со хорор примеси, во што и успеаа. Замислата со неквалитетната снимка и глави на луѓето од првите редови беше со истата цел – што претпоставувам у САД беше интересна иновација, иако, за нас од остатокот на светот, гледање на cam-рипови на филмови, со лоши снимки, беше мање-више секојдневие. Мислам, само трејлерите (идеја на Квентин, btw) кои се појавуваат у Grindhouse ми беа доволни за да не го отпишам целосно, напротив – Thanksgiving, Don’t, Machete (трејлерот беше толку јак, што после го снимија и како филм) и секако Werewolf women of the SS!

    И на Django Unchained исто некако слабо се сеќавам – некако као у магла ми доаѓа кочијата на Волц со забот на кровот кој се клацка лево-десно – ама, у секој случај памтам дека ми се допадна. Hateful Eight ми стана еден од неговите омилени – и дефинитивно најдобар филм за минатава година.

    Тарантино ми е жив доказ дека talent trumps all – ако добро се сеќавам, немаше дури ни средно завршено, а камоли некаква филмска академија за режисери – пред да стане режисер, работел у видеотека. Се што имал била љубовта кон филмот и неверојатен талент. А тоа, барем у неговиов случај, е и повише од доволно.

    П.С. Кога некогаш би имал прилика да се упознаам со него, не би го замарал со тоа колку му се закон филмовите, нити би се трудел да направам некој meaningful муабет за филмови . Само би го замолил да ми раскаже некој виц или дешавка, ама вака внесен у приказната да биде:
     
    На Ицолгудбејбе, Annath, Jordanovska-K и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.208
    Пол:
    Женски
    Сите негови филмови што ги имам гледано ми се добри. Чак Inglorious Basterds и Django Unchained испраќаат прилично храбри пораки. Ама ми останува уште за проследување од Тарантино пред да коментирам. (heidy)
     
    Последна измена: 22 јуни 2022
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.081
    Пол:
    Женски
    Тарантино е од оние режисери кои си има сопствен препознатлив стил, црна комедија, брутални сцени и ликови, не ми е омилен ама не го оспорувам фактот дека е брилијантен ради неговата уникатност.
    Би ги издвоила Once Upon a Time in... Hollywood и Four Rooms.

    Најлош дефинитивно Natural Born Killers, едвај сум го догледала, ептен гадни сцени, грозни и гнасни ликови, па и тие некои чудни ефекти ми идеше на сред филм очите да си ги ископам
     
    Последна измена: 22 јуни 2022
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.124
    Допаѓања:
    8.307
    Пол:
    Женски
    Тарантино ги гледа нештата од друга перспектива и затоа мислам дека има многу креативен ум.
    Никогаш не ја заборавив сцената во која дава објаснување за приказната на топ ган.
    И еве вечерва како го гледав топ ган 2 цело време ми стоеше во позадина на мислите неговото објаснување на сценариото и ми се искомплицира впечатокот
    Баш ти фала многу Тарантино. :clap:

    Ако не знаете за што зборувам еве ја сцената