Девојки постојано ја читам категоријата Коса и досега немам наидено на ваква тема. Знам дека има тема Шампон и регенератор но, сепак мислам дека и на оваа тема би се развила дискусија. Ако мислите дека е непотребна или дупла-клуч. Имено, сите знаеме за литарските шампони и многу од нас сигурно ги користат. Цената не соодвестува со квалитетот и не е мерило за истиот, не значи дека ваквите шампони се ефтини па затоа не се добри .. Ме интересира Вашето мислење и искуство со ваквите шампони , дали се добри, која марка , Афродита, Херба , Хера и тн..
Од Афродита нај ефикасен е шампонот со коприва бидејќи содржи пантенол , исто ефикасен е и од лук, од Хера го имам користено само од коприва и тој ми одговараше на косата, нема врска што се ефтини ако се добри , не е секогаш поскапата цена мерило и гаранција за добар квалитет .
Go imam koristeno od Afrodita so luk i mene ne mi odgovarase, mi ja presusi kosata i edvaj ja rascesluvav
После бременост косата ми опаѓаше многу, па почнав да го користам од Афродита од лук. Многу ми помогна, задоволна сум...
Ги имам користено ваквите и не бев ич задоволна. После миење косата ми беше како лепак да сум и ставила, исто ми беше и многу сува и заплеткана.
Повеќето од оние кои користат, се соочуваат со проблеми после користење на вакви големоколичниски шампони. Тоа е така бидејќи во нив често нема силикони, сулфати и слични работи кои дополнително придонесуваат за мрсење на косата, а со оние другите шампони тоа не го забележуваме бидејќи овие супстанци го обложуваат влакното и му даваат привремен изглед на здраво влакно, а тоа воопшто не е така. Откако ќе престанете да ги користите шампоните со силикони и сулфати, косата ќе почне да ви се плетка и замрсува, но тоа е така додека сама не се избори за да може сама да се регулира без потребата од нив. Затоа, ако од овие шампони не добиете резултати или резултатите се многу лоши, почекајте неколку миења па потоа проценете дали шампонот е добар или не.
Братучед ми е фризер и ми има кажано дека баш тие шампони се наjдобри за косата. Мене наjмногу ми одговара на Афродита од лотос, дури немам ни потреба од регенератор, до толку ми ja прави косата нежна, лесно се расчешлува ама jaс пак ставам и пре пре убаво мириса. Го имам пробано оноj од Бреза ама не ми одговара, не ми мириса убаво а и на мокра коса чешел да ставиш е речиси невозможно.
Го користев на Афродита против опаѓање некое време имаше некој ефект но згора на тоа ми се појави првот и косата ми порасна побрзо.
Јас во последно сум задоволна од тие на Афродита.Прв пат зедов од тој од лук против опаѓање баш поради фалењето на форумов. Потоа пробав и од коприва и мене лично ми се ок .Дури и помалку ми се мрси косата.
Uh..Na kraj ispadna deka "litarskive " kade kade se podobri od "skapive sranja' Blagodarenie na Wash n go i Elselve BEZ KOSA KE OSTANEV... Sega si kupuvam sampon od breza i maka nemam..Ne mi ja sushi kosava,kako ostanative..
Мајка ми најмногу ги купува тие во големи пакувања само за да не се замара секој месец или секои 2-3 недели по продавници. Тој го купуваш и трае извесен предиод за разлика од маливе кои се трошат многу брзо па тамам ти текнало да влезеш да се бањаш и сфаќаш дека си останал без шампон. Ја ги имам користено на Афродита со лук , мислам дека и Џонсон имаат такви големи пакувања , некои рандом од Кам што се но нејм и сл. Генерално од шампон немам осетено некоја голема разлика во косата освен на времето кога користев медицински Нирел против опагање. Битно ми е убаво да мириса и убаво да прави пена. Џонсонот не ми се свиѓаше баш ради тоа што не прави пена убава . Генерално немам проблем со расчешлување на косата , но без разлика каков шампон и да користам секогаш после тоа ставам маска за коса тоа ми е навика без која неможам да си го замислам бањањето. Многу зависи и косата колку е третирана, мајка ми на пример бидејки е фарбана ако не стави балзам косата ни под разно не може да ја расчешла. Мислам дека се е реклама во поглед на тоа дека шампонот ке ти ја направи сјајна или јака косата. Неговата примарна намена е да ја исчисти косата од нечистотии и да нема негативен ефект на скалпот на главата,бидејки имам приметено од некои шампони знае да ми се напраи перут на кој инаку не сум склона. Така да многу е битен составот на шампонот и многу е битно да се најде некој кој ќе одговара на кожата на главата.
Јас користам литарски шампон од коприва и сум многу задоволна ,имам и користено афродита од лук ,многу ми ја сушеше косата ама не беше лош прекрасно мирисаше ..
Сестра ми користи литарски шампон Хера (од бреза) и задоволна е. На неа секаков шампон и одговара. Се мислам и јас да почнам да користам таков. Поисплатливи се тие шампони.
Јас имам искуство со литарските шампони на Афродита. Мирисот им е супер и одлично е тоа што имаш голема количина па не мора да одиш во продавница често. Но јас немам баш добро искусво со нив. Го користев тој од портокал и лимунова трева, чисти добро но мене ми ја суши премногу косата. Исто го користев и шампонот од кокос, тој мириса многу убаво, и косата е мека ,добро исчистена ,но мене ми направи многу првут и се разочарав и од него. Дефинитивно повеќе нема да купувам литарски шампони. За мене идеален е Pantene 2in1 , штета што нема литарски од него.
Го има користено литарскиот од АЛКАЛОИД од коприва и презадоволна сум, Коста бујна, лелеава, нема сврбеж, иритации, ниту пак заплеткување. Во комбинација со било кој генератор делува свежо и чисто. Брезата ја користев додека бев бремена и доев, дотолку траеше, како благ шампон погоден за честа употреба, макар што во тој период косата ми стана доста сува, па еднаш неделно миење беше доволно. Ккао и да е, шампонот од коприва е супер и е фундамент за секоја смеса против паѓање на коса.
Јас користам последниве неколку месеци на Афродита Козметикс. Ги има секаде по поголемиве маркети. Зимам за мрсна коса.И највеќе ми се исплати ваков шампон бидејќи мијам коса на два дена, а доста ја шампонирам.Дур не направам пениште и не се истрљам убаво 2-3 минути не ја плакнам косата. Овие ги користам наизменично бидејќи ми се заситува косата лесно и не делува шампонот.