Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Литарски шампони

Дискусија во 'Коса' започната од jagodka.18, 23 јануари 2015.

  1. Norah Jones

    Norah Jones Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2019
    Пораки:
    1.070
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Мојата ја прави исклучително мека. Никогаш помека
     
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.055
    Допаѓања:
    36.091
    Пол:
    Женски
    Го користев Афродита од лук. До пола го искористив и го баталив. Почна да ми ја суши косата.
     
  3. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Скапите шампони како Сајос и Елсев или Елвиве или Глис не прават ништо од тоа што го пишува на нив. Само бренд плаќаме. Од овие литарските имав земено на Алкалоид шампон од бреза, не беше лош, но оној од Афродита со кокос мислам беше, е тој е супер. Си го користам понекогаш, доста е исплатлив, а не приметив проблеми од него.
     
    На Alisa22 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Ни на Лореал не ми чинат,не знам зашто се убив од фрлање пари за шампони и ниеден не ми се погоди,којзнае може и шкарт носат за наш пазар па затоа.
    Го имам користено од копирива и лук на афродита. Од првиот приметив дека ми ја суши косата а за вториов не ми текнува одамна беше кога го користев..
     
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    Верувај ми сите се исто срање. Јас сум човек изнамачен со косата. Нема што не сум испробала. После долго време сфатив дека што и да користиш нема да ти направи некоја разлика шампонот. Косата си бара нега. Бара многу повеќе од само добар шампон. Повеќе внимание обрнувам на третман, маска и регенератор. Имам другарки кои уште мислат дека ако користат шампон за сува и оштетена коса нешто ќе се промени. Не се менува. Влакното ако е измачено, само ножици. Скапиве шампони дури ни за првут не помагаат, само медицинските ги признавам. И не не носат шкарт шампони кај нас, за Балканскиот пазар прават малку полоши. Имам купено повеќе производи од ДМ во странство и истите од ДМ Македонија, многу разлика има во квалитетот.
    А порано многу пари фрлав на шампони и чекав некое чудо да направат. Сега веќе знам дека тоа се залудно давани пари.
     
    На hermosa, stetoskop, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Се изнафрлав пари за секакви скапи шампони не добивав никаков посебен ефект и на крај одлучив да купам најобичен литарски шампон и сите ме прашуваат до што ја мијам косата дека преубава ми е , откако се изнафрлав пари сфатив дека не е се до цената. Зошто да фрлам 500 денари за шампон за да го плаќам само брендот.
     
    На MarigoldA и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Не се воопшто лоши. Имам користено од бреза, коприва и лук. Многу ми се допаѓаше мирисот на тој од бреза, уште го памтам. И ми се задржуваше во коса цел ден:inlove:
    Само што, не се баш за мојава коса бидејќи е многу сува. Затоа не ги користам. Инаку за цената се топ.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    14.258
    Пол:
    Женски
    Koristev mnogu skapi sekakvi samponi i pak se vrativ na blagi, prirodni i evtini, predobar mek odlicen sampon so senzualen relax miris na lavanda od Hellena kozmetika , odlicen so eden zbor go obožavam, meka,sjajna i mirisna kosa
    20240322_225448.jpg
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Romina

    Romina Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2011
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    154
    Имам користено различни видови од литарските од Афродита и сум задоволна.