Личен раст и развој

Дискусија во 'Психологија' започната од rainbowec, 15 јули 2025 во 13:24.

  1. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    6.783
    Пол:
    Женски
    Инспирирана од личните животни лекции, значењето и важноста на работата на себе и отворање на умот за учење, мислам дека ваква тема би можела само да придонесе на сите кои сакаат да се надоградуваат и да го збогатуваат својот живот со нови знаења, техники, и искуства.
    Преку работа на себе, ние инвестираме на долг рок и неминовно се менуваме во целиот процес на учење и стекнување на нови вештини, а особено се менуваме во процесот на ОДучување од навики и застарени размислувања кои не кочат и лимитираат, се што веќе не е за нас и само не уназадува и не тера да тапкаме во место.
    Процесот е тежок и макотрпен, но е КРУЦИЈАЛЕН за да може една личност да оди напред (без разлика дали е тоа физички, психички, спиритуално и сл.).
    Живееме во такво брзо и стресно време каде сметам дека е потребно да имаме високо развиена свест која се гради преку свесно решавање и справување со предизвици, освестување на сопствените негативни токсични мисли и навики и воведување на нов mindset, учење како да се сакаме и грижиме за себе, за природата и за другите луѓе, учење за егото и која е неговата улога, учење да бидеме благодарни, сето тоа преку едукација и отворање на умот.
    Јас лично мислам дека кога секој човек би работел на себе и би се трудел да расте, да се развива и да напредува како индивидуа, а потоа и како дел од едно општество, ќе може многу повеќе да придонесе за добробитот на луѓето, животните, животната средина и планетата земја како целина.

    Темава ја отварам со цел да споделуваме лични искуства, начини, вежби, техники, книги, подкасти, медитации, работилници... се што на ВАС ви помогнало и и понатаму ви помага во процесот на личен раст и развој.
    Секој е на различен пат, па да бидеме љубезни и да си даваме поддршка.
    Да работиме на себе, на остварување на своите лични цели и на креирање на најдобрата верзија од себеси. :l:

    За почеток ме интересира ваш feedback, дали би имало заинтересирани за ваква тема и ако да, јееееееј се радувам што ќе се дружиме! :sun:


    368507-Christian-D-Larson-Quote-Believe-in-yourself-and-all-that-you-are.jpg