Каква е постапката ако истовремено се огласи пасошот за изгубен, а притоа се поднесе барање за менување на адресата?
Здраво, дали некој од вас вадел пасош по итна постапка, да му пишува дека е во процес, а да бил готов? Пишува последни ажурирани податоци на 27.06. Се сликав во Средата сабајле, ми кажаа Сабота или Понеделник ќе бил готов, и онака планирав во Вторник да одам (утре). Ама ме интересира дали иако пишува дека е во процес, можно е да е готов?
Јас коа се сликав по брза постапка уште утрето беше готов, која е поентата да е брза постапка а да чекаш недела за него, реално и 6000 и кусур плаќаш. Мислам дека веќе треба да е готов.
Па да, 6400-500 е, и ми кажаа за 48 часа, тој му прашав значи Петок, ми кажа Сабота или Понеделник. Сега проверив на страната на МВР ми пишува во процес е.
Што се дешава со тие што се сликани на 21 Мај а уште нема пасоши? Дали има некој таков овде? Бев во МТВ ми викаат не се ни одобрени/почнати за изработка, а кога се сликавме рекоа за 2 месеца ќе бидат. Толку се безобразни што сите ги праќаат за итна да полнат буџет!!!!! Инат ме фаќа да им плаќам, не е 1 туку 3 треба да платам.
Сликана на 25ти јуни со дечиња по брза постапка. Треба ли да чекаме порака да подигнување на пасоши? Страната не им ажурирана од 27 јуни
Еве јас, на 22ри сме сите сликани, абер нема ни лични карти ни пасоши. И нас ни рекоа за 2 месеци пасошите, за месец ипол личните карти ама тешко. Ние не закажуваме за одмор пошто многу веројатно е дека нема да имаме документи за надвор од државава да одиме
Дали некој успеал да си земе пасош без да му стигне смс дека е готов пасошот? И дали само во мртв се земаат пасоши или и таму кај што си се сликал?
Се сликав вчера за пасош редовна постапка, можам да се јавам да преправам за итна и да си доплатам? Дали некој има вака направено? Пак не креваат ми спушта одма кога вртам на бројот
Мислам дека можеш. Денес бев да проверам дали е готов мојот.. не беше и прашав за да доплатам за по итна постапка. Ми рекоа штом е одобрен и во фаза на печатење - не може. Претпоставувам дека додека не е одобрен можеш да доплатиш за пко итна