Личности на кои сè им пречи и постојано „плукаат“ по сите

Дискусија во 'Психологија' започната од Snowflake99, 18 декември 2022.

  1. JustBeautiful

    JustBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    665
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    Тенка е границата меѓу искреност и дрскост. Имам таква колешка на работа и мисли дека е океј ако се` на сите им се кажува и во фаца и позади грб. Да, океј е да бидеш искрен и да кажеш кошулава што ја носиш денес не ти стои убаво, ама не е океј да се смееш дека тој некој нема вкус или кошулата е старомодна или слично. Зошто и со која причина вакви коментари, за да омаловажат некој или? И после ќе каже ама јас сум искрена. Не, не си искрена, дрска си и без осет!
    Тоа што јас ќе премолчам и нема да го кажам тоа (и да сум го помислила) не сум лицемерна. Едноставно разбирам дека сите имаме различни вкусови и нормално е дека тоа што го носам јас нема да им се свиѓа на сите, ама буквално не чувствувам никаква потреба на некој да му го смрачам денот. Ова е еден пример само за да доловам ситуација, безброј ситуации имало. Немам слушнато некоја позитивна работа да каже за некој освен ако нема корист од надредени. И не само за облека и за колеги, туку за се` што ќе прочита, види, на се` наоѓа маана. Па, не е она совршена! Не сакам такви луѓе. Не сакам да направам некој да се чувствува лошо во врска со себеси. Нема да цркнам ако премолчам нешто такво.
    Не се однесува ова на тебе туку те цитирав за да се надоврзам.
     
    На Mother of 2boys, Маја Т, Snowflake99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Celltica

    Celltica Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2020
    Пораки:
    4.240
    Допаѓања:
    27.871
    Да се согласувам, за се има начин како да се каже, а за некои работи комон сенс е да се премолчи.
    Јас тоа не го сфаќам како мрчење туку баш дрскост и непромисленост, можеби и немање речник, за мене мрчење е пример искажување незадоволство од нешто што лично го засега некого. Пример мрчам дека имам премногу работа :D

    Или ако стварно некако се однесуваш што не е коректно, секако дека не би премолчила пример.
     
    На JustBeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Луѓе што се навредени од се, луѓе на кои им е смак света кога им грешиш pronouns, луѓе кои не можат да издржат една шега на своја сметка, овие ги сфаќам ко мрчатори.
    Други има што мислат дека се *брутално искрени*, а уствари се безобразни, без социјални вештини, што лупаат све и кај треба и кај не треба и булингот што го прават го нарекуваат искреност.
    Баланс, баланс, од двете по малку.
     
    На Directioner005, Frosty!, crimson и 7 други им се допаѓа ова.
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.184
    Допаѓања:
    27.373
    Мене ми се интересен овој тип неижевеани луѓе и посебно оној тип што се ко во сенка. Не би те навредели или спротиставиле директно, но суптилно до подбуцнување на трета страна го прават тоа.
    Пуста неиживеаност.
     
    На crimson, MeowMeow и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  5. Beautiful Dreams

    Beautiful Dreams Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2022
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.937
    Пол:
    Женски
    Луѓе не задоволни од животот и луѓе како ќе кажат така мора да биде.Познавам такви луѓе и навистина мене ми одат на нерви-бидејќи јас сум сосема спротивно од нив.
    Не ми се случило да имам таков член во фамилијата,а ако е за колега само ќе завршам работа тоа што ќе треба да го завршам и после тоа игнор.Јас не можам да трпам такви луѓе,едноставно.
     
    На Snowflake99 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.269
    Допаѓања:
    189.653
    Не поминувај време по социјални мрежи, полесно ќе ти биде.
    Постојано негативни коментари за се, или мрчење, се резултат на комплекс од околности. Во глобала, реално, работите денес се полоши од вчера, а утре ќе бидат полоши од денес. И медиумите работат на тоа, само лоши вести се вести, за ништо нормално, битно, позитивно не се известува. Шо да праи народ постојано бомбардиран од лоши вести, освен да мрчи.
    Ама дали ќе си ја гледаш чашата полу-полна или полу-празна, дали ќе гледаш во чашата на комшијата и ќе се занимаваш со тоа, сепак од тебе зависи.
     
    На JoyJoy, Garden of ____, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. -црноока-

    -црноока- Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2022
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    3.329
    Многу ми се интересни тие што се интересираат за други животи и упорно шират негативна енергија.

    Колку треба да ти е беден и несреќен животот за да те интересира се за другите... на пример која колешка каде била за викенд, кој и се бивши на колешката од лево, која и е тетка на колешката од десно. Кој на кого лајкнал, искоментирал... Репорт за тоа кој, кога, каде и со кого бил на кафе. Има и такви болни умови што памтат и таблички на кола на дечко, неговиот татко, брат, сестра и до второ колено роднини и цело време пратат кој каде оди и со кого. Цело време подговараат, мрчат, плукаат по се. Се не им чине, се не им е волја. :|

    Тенка е линијата измеѓу слободно време и болест.
     
    На Tanjamm и Snowflake99 им се допаѓа ова.
  8. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.334
    Допаѓања:
    19.761
    Пол:
    Женски
    Живеам со такви двајца свекрвана и свекорон, толку злобни, љубоморни, завидливи луѓе немам видено. Никој не ги сака. Толку негативни луѓе дури и ја осеќаш злобата во очи кога ќе ги погледнеш. Со еден збор одвратни.
     
    На Mother of 2boys, Осе и Tanjamm им се допаѓа ова.
  9. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.726
    Пол:
    Женски
    Се согласувам. Првично и не беше темата за луѓе што оговараат, општо за луѓе што никого не сакаат и се ми пречи. Може и оговарачи да се сместат во овој тип луѓе.
     
    На -црноока- му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    1.079
    Пол:
    Машки
    Тие самите не се сакаат и се незадоволни од сопствениот живот, а кога човек сам не се сака - друг да сака е невозможно/
     
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.573
    Пол:
    Женски
    1. Имам двајца во фамилија. Само тие се несреќни, само тие немаат среќа во животот, сите други имаат среќа, имаат врски. Па и мене ќе ми речат имаш ти среќа, убава работа... викам јас се потрудив, многу учев, се усовршував и се борев, прави го истото и ти ко мене, ќе бидеш. Не бе кај можам јас, немам среќа, да ти е*** и живот и се, ти друго си среќа имаш.
    Онај купил кола, абе остај го тој чичко му џандар е, не си ги знаат парите, затоа купил кола... онај реновирал дома, абе остај ги тие злато во дворот имаат најдено, затоа имаат. Ние цел живот ќе немаме другите вакви такви онакви... и да не должам, ја сфаќате поентата.
    Тоа се луѓе кои никогаш не вложиле во себе, не сакаат да учат, не сакаат да се помачат, да работат, ама сите им се криви оти имаат работа, пари итн.

    2. Колеги имам што никогаш не се среќни, ништо не им е погодено.. колку и да е се ОК на работа, ќе најдат нокте да се фатат и да прават ко да е нешто огромно и страшно... па жалби, па ако нема покачување оти нема, ако има покачување оти толку оти не онолку, па оти од толку саатот, оти од онолку... мислам ги знаете сите имаат такви на работа.

    3. И нормално оние што ги спомнавте од групите на ФБ... ОУ МАЈ ГАД, алергична сум на нив. Некоја ќе пише барам жена за чистење - коментарите, земи зачисти си, мрзлива, сакаш слугинка дома срам да ти е, засукај ракавите... ние како си чистиме дома сами, вие денешните не знаете метла да фатите.... значи не ги можам, стварно... малограѓанштина тешка.
     
    На Mother of 2boys, Giovanna, MeowMeow и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Andrijano31

    Andrijano31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 мај 2021
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Машки
    Таквите личности се најчесто не прошетани, необразовани, несоцијализирани, немаат доволно самодоверба, криво им е што некој успеал во животот и е поуспешен од нив.... За жал во оваа наша вукојебина има многу такви... И како што гледам образованието како се уништува така ќе расте бројот на такви отровни личности.
     
    На Tanjamm, Snowflake99 и MakeDamnSure им се допаѓа ова.
  13. MakeDamnSure

    MakeDamnSure Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    468
    Допаѓања:
    1.079
    Пол:
    Машки
    И јас знаев таква, некој ако успее - со врски е, со превара е - не ти знам што.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ugly Duckling

    Ugly Duckling Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    3.617
    Допаѓања:
    43.294
    Пол:
    Женски
    Ме потсети на ова: Screenshot_20221222-015201_Facebook.jpg

    Мислам дека до негде е до менталитетот, полесно е да се жалиш како се' ти е криво за твојот неуспех, отколку да станиш и да напрајш нешто.
    Кај нас и ретко се поздравуваат добри работи, како да сме научени само за лошо да се коментира и во се' да го бараме лошото. Можи дека кога ќе се изгориш на млекото, дуваш и на јогуртот.

    И да, комплекси.
    - Пример имав професорка која имала шанса да живее во странство, не ја искористила и на секој час си покажваше дека и' е криво. Вреѓаше колку сме глупи, како останала тука да се расправа со нас. Колку државата е крива за се' (не дека цвеќиња цветаат, ама некои работи сами си ги правиме).
    - Од друга страна имаш исто професорка препозитивен чоек, која гледа да ја искористи секоја можност шо и' се пружи, активна на 100 места, постојано наоѓа настани и за студентите, и најглуп да си и најмрза, ќе го извадеше најдоброто од тебе. И секогаш го велеше она " Ти си просек од петте луѓе со кои поминуваш најмногу време".
    Шо ме носи до следното:

    - Кога бев опкружена со луѓе кои зборуваат за планови, за цели, за постигнати успеси - бев и јас таква. Како тогаш во краток период шо постигнав успеси, не сум цел живот. А можеле да се жалат за се' и да гледаат негативно.
    - Кога сум со друштво со кои цел ден само се мајтапиме - и јас сум таква, весела.
    Сите овие и се пожалиле, и имале денови кога не се расположени, оговарале, мрчеле, ама то не' прај луѓе. Само одлучиле најголем дел од времето да не мрчат за сешто.
    - Е кога сум со вакви мрчатори, одвај седиш еден сат, си одиш дома отепан без воља за живот, со научени 300 трачеви небитни, а ништо паметно. Само негативно, се' смета, никој не чини, нема кај нив ни една позитивна работа. Дури и да пробаш да наметниш нешто добро, ќе најдат зошто не е.
    (Не зборам за чоек шо некогаш се пожалил или имал негативен став за нешто. Секогаш сум тука за нив за помош, утеха и за дебата ако треба да размениме мислења).

    Не е животот црно или бело. Не треба ни да си лажно позитивен и да бериш во себе ако сметаш дека нешто е за мрчење или па да тапшаш по рамо. Ама не треба ни да си ги уништуваш сопствените, а ни туѓите соништа, желби, општо животот, со жалење, барање виновници и со негативни емоции.

    *не ги прочитав сите мислења, можи сум офтопик.
     
    На dea.18, Giovanna, VDT2906 и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.671
    Допаѓања:
    14.138
    Како што пишавте погоре, ретко се поздравуваат добрите работи. Ако правиш нешто добро, сите ќе го премолчат. Имав една пријателка и цело време ширеше негатива, велеше во приватен сектор не се исплатело да се работи, мали биле платите, во државно исто не се исплатело, мали биле платите, а и за бизнис не било добро, не се исплатело, малку пари се заработувале. А таа не правеше ама баш ништо од трите и во ниту едно скоро немаше искуство, ама важно сите тајни на универзумот ги знае. Фрустрирани и своето незадоволство сакаат да го пренесат на друг.
     
    На dea.18, JoyJoy и злоба им се допаѓа ова.
  16. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.135
    Допаѓања:
    3.725
    Пол:
    Женски
    Јас бев порано таква пуна со омраза, бев опкружена со многу негативни луѓе што коментираат за сé и се засегаа за многу банални работи. Многу ги судев луѓето бидејќи не ми одговараа како си ги живеат своите животи, а не според мои замислени правила. Сватов дека стварно не е ок и дека треба односот да си го поправам, ги откачив тие луѓе и почнам да развивам хобиња што ме прават посреќна. Сега сум дојдена до степен каде што можам да најдам начин да комуницирам со луѓе кои се драстично поразлични од мене, секако со различни сваќања и ги прифаќам такви какви што се. За ваквите, како што јас некогаш сум била, ништо не треба да им се каже, треба само да се прекине контакт и самите да си го најдат одговорот зошто луѓето ги одбегнуваат.
     
    На dea.18, Tanjamm и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  17. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Во последно време е Ин да се мрчи за се и сешто. И таму каде што треба и таму каде што не треба. Не е битно како објективно стојат работите мора мора мора да се мрчи. Мора ништо да не чини.
    Некако како ништо да не им чини или да им е погодено на луѓево.
    И се дуваат негативните работи, а ништо позитивно не се истакнува.
    Никој не гледа како му е нему лично животото туку се зборува за небулози. За нешта кои повеќето луѓе не ни знаат како изгледаат реално.

    А ако кажеш нешто поизитивно кога сите мрчат автоматски си персона нон грата. Не Дај Боже да кажеш позитивно искуство од нешто, не Дај Боже да кажеш да успешен сум со свој труд. Никој тоа сериозно нема да го сфати. Мора само негативности да се зборуваат. Стрчиш во морето бљувотини и спаѓа дека ти не знаеш што зборуваш зашто нели сите се согласиле околу нешто.
    Често на мрчаторите нешто лично не им е погодено, нешто одвнатре ги мачи. И секако полесно е да плукам по се друго отколку по себе.
     
    На Tanjamm, Snowflake99 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    20.573
    Пол:
    Женски
    Имаше една црнкиња на YT , баш велеше... ме убедуваат дека не ми е добро и дека треба да се жалам оти сум цркиња и дека сум жртва.. вика, јас имам убава работа, имам убав живот, се ми е како што треба да биде, им вика ама не се осеќам угнетена, ОК сум, значи буквално нема причина за која се осеќам подолу или погоре од другите... ама и викаат - НЕ... ти си жртва и треба се да ти смета, за се да се жалиш. Баш ми остана во сеќавање... викаше не сакам да живеам живот кај што ќе се жалам за работи за кои немам потреба кога ми е се ми е ОК. Ме потсети баш на ова.
     
    На злоба, Snowflake99, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.234
    Допаѓања:
    57.396
    Пол:
    Женски
    Во ред е човек да се пожали понекогаш, секој сака да се осети дека не е сам и дека валидно е она за кое е нервозен и тажен, но многу луѓе одат во екстреми и мрчењето го прават како дел од нивниот идентитет и им се прават комплекси. И да, пренапорно е да си опкружен со вакви луѓе што наоѓаат проблем во секое решение.

    Од друга страна, вистина е дека само незадоволни со својот живот луѓе премногу се замараат за туѓиот, не дека никој никогаш не оговарал од другите, ама оние кои барем малку се исполнети не посветуваат огромен дел од времето на тоа.

    Ова.
    Поранешното друштво многу мрчеја и оговараа, толку многу се осеќав истоштено со нив и долго време се убедував себеси дека нема да станам ко нив, но порано или подоцна ским си такав си, па навреме се тргнав.

    Крај краева во нас е најголемата контрола за нашиот живот, нашите мисли и нашите постапки. Колку што е опасна токсичната позитивност толку е и ова.
    И многу срања да ти се случуваат, во тебе е најголемата контрола каков ќе излезиш од нив. Го велам ова иако често знам да си плачам за работи надвор од моја контрола, но станувам и продолжувам напред.
    Можеби многу "семе синапово" звучи, ама буквално какви ти се мислите таков ти е и животот. :D
     
    На Snowflake99, Tanjamm, MakeDamnSure и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.726
    Пол:
    Женски
    Се согласувам многу со ова мислење.
    Многу зависи со какви луѓе си опкружен и каков ти е мајндсетот. Од оговарачи и луѓе што само за туѓо гајле гледаат нема многу одење напред. Исто ако си човек што само се жали, кука и гледа црно на животот. Промената доаѓа од мајндсетот.
     
    На Tanjamm и Amellie13 им се допаѓа ова.