1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Логика...

Дискусија во 'Психологија' започната од Angelche, 25 мај 2010.

  1. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Зборот ЛОГИКА од старогрчки .....λόγος (логос), првобитно значел збор или она што се зборува, (но исто така и мисла или расудување) се занимава со проучување на критериумите за проценка на аргументи за да може да направи разлика помеѓу добар и лош аргумент.

    Колку често ја употребувате логиката во секојдневните и обични ситуации?
    Или се потпирате на првото што ќе ви текне, да не губите време?
    Ја користите ли тривредносната логика, каде постојат три вистинити вредносто: точно неточно и некоја трета?
    Или ја користите двојната логика која дозволува само точно и неточно?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Значи вака: на тие прашања со вредностите не би знаела да ти одговорам затоа што појма немам што е тоа (за жал не учев логика). Ама кога се работи за логика мноооооооогу ја користам, некогаш дури и претерувам и ми се чудат другите од кај сум добила таков заклучок. Не ме разбираат некогаш. Ама јас си се разбирам :lol:
     
  3. Angel.in.dark

    Angel.in.dark Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    25
    Колку често ја употребувате логиката во секојдневните и обични ситуации?
    Логика користам секогаш, па дури и сега во постов може да употребам.
    Или се потпирате на првото што ќе ви текне, да не губите време?
    Неможе да се очекува нешто такво од мене.
    Ја користите ли тривредносната логика, каде постојат три вистинити вредносто: точно неточно и некоја трета?
    Или ја користите двојната логика која дозволува само точно и неточно?

    Ја користам тривредносната логика затоа што секогаш има и трета опција. :rofl:

    Исто и јас како и Хипица, многу ја користам логиката и другите не ме разбираат ама важно јас си се разбирам и прва добивам заклучок за било што. :rofl:
     
  4. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Многу често користам логика во секакви ситуации.
    И јас ја немам учено па затоа на последните две прашања не одговарам.
    Сакав само да кажам мојата логика не можам да си ја сватам, некоја работа на која што и треба повеќе мозгање одма ја свакам и го знам заклучокот , додека на некоја попроста ми треба време за да ја сватам и татко ми често ми вели '' ти работите си ги правиш покомплицирани место да ги поедноставиш ''
    Секогаш гледам да има повеќе опции , можеби на првата работа што ќе ми текне не е идеална , но некогаш знам и тоа прво што ќе ми текне на памет да го кажам.
    Кога ќе учам за ова поубаво ќе се изразам.
     
  5. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    секогаш користам логика. На се гледам вака: има 2 работи 2 заклучока секогаш се гледа како едната работа што ќе ја одберам влијае на некое одредено нешто како другата и потоа ја избирам таа што сметам дека е подобра.
    немам учено логика ни филозофија, ама нема ни потреба секогаш се водам според ова. Голем логичар сум :)
     
  6. Camellia

    Camellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    10
    Немам учено логика, но мноогу често ја користам и многу ми користи :D
    Се потпирам на мои размислувања за нештото со предходни знаења( не е важно од кај ми се` важно логично да биде). :)
     
  7. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    276
    Колку често ја употребувате логиката во секојдневните и обични ситуации?
    Или се потпирате на првото што ќе ви текне, да не губите време?

    многу често користам логика, добро има моменти кога не сум “како што треба“ и ме мрзи да размислувам па се потпирам на првото што ќе ми дојде на главата :lol:
    Ја користите ли тривредносната логика, каде постојат три вистинити вредносто: точно неточно и некоја трета?
    Или ја користите двојната логика која дозволува само точно и неточно?

    во секојдневието не е како во природните науки каде што природните закони се непроменети, за се има објаснување и одредени работи може да бидат само точни или неточни, значи користам тривредносна логика, гледам на тоа дека скоро секогаш има и трета варијанта :?:
     
  8. gossip-girl

    gossip-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    218
    Секогаш, секоја мистична ситуација ја реализирам, секогаш прва реченица за вакви ситуации ми е "Ова не ми е логично", "Логично ми е ова" ако не е вака е така :lol:
    За секој можен проблем си создавам логична и не логична ситуација.
     
  9. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    Да, логичар сум, многу често ја користам логитката и навистина ми е жал што никогаш не сум имала можност да ја изучувам на училиште. Навистина би го учела со задоволство предметот :)
     
  10. nice.girl9090

    nice.girl9090 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    69
    Предметот ``Логика`` нема никаква врска со логиката, дека нешто логички ке размислуваш, решаваш и сл. Сосем спротивно е од тоа....Какви се глупости се учат .
     
  11. NelChe

    NelChe Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    348
    Допаѓања:
    277
    ^Хахахах баш ме насмеа. Еве, баш кажа нешто нелогично сега, дека предметот Логика нема врска со логиката :D Можеби не си ја сфатила смислата, затоа ти бил глупав предметот. Иначе, логиката е и проценување на аргументи, расудување, разликување на добар и лош аргумент, изучува фундаментални концепти како што е парадоксот дека предметот Логика нема врска со логиката :D
     
  12. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Логичар сум!
    Логиката ја користам секој ден, и почесто користам тривредносната логика, а понекогаш и двојната логика.
    И изгледа сите се сложуваме со Хипица па и јас, понекогаш другите неможат да ме сфатат ама што е најважно, јас самата си се разбирам :)
     
  13. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    логика-ако имаш дома аквариум логично е дека имаш и риби :D :D :D се зезам...уствари така е
     
  14. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Логичар сум, меѓутоа не му се радувам на наставниот предмет логика кој ќе го изучувам наредната година. :D
     
  15. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Максимално ја користам логиката ,онаа тродимензионалната ,како што ја нарековте.
    Се потпирам на факти ,предзнаења ,туѓи мислења ,како и на нелогичноста на туѓата "логика" и врз база на сето тоа донесувам сопствено логично расудување .
    Ми се случило да им објаснувам на луѓето со часови како сум дошла до тоа мое логично сознание ,се додека не ме разберат на начинот на кој јас ги разбирам нештата и и јас ,како и Лукс ,наместо да ги упростам нештата - ги правам посложени.
    Па во просто не можам да се снајдам :rofl:
     
  16. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    ја употребувам доста често ..
    но луѓето не ме сфаќаат така како што ја сакам да ме сватат!
    со часови филозофирам и објаснувам од каде сум дошла до тој заклучок, некои м исе чудат а ретко кој ме сфаќа..
     
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Немав можност да го изучувам предметов во школо, ама логиката ја користам постојано во секојдневниот живот. И да, почесто ја користам тривредносната логика, затоа што во животот има и трета опција, а не само строго точно или неточно.
     
  18. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Кого и да прашате нормално дека ќе рече нешо у стилот "Да да, логиката секој ден ја употребувам, логичар сум јас, да да." само со цел да се остаи впечаток на интелектуалец. Да не се лажеме, пола и поише од тие шо напишале дека користат логика си немаат везе. Нема еве јас да бидам дел од толпата, нема да речам дека сум логичар, туку дека само гледам да се водам според факти а не според чувства. И нема три опции, ИЛИ Е ТАКА ИЛИ Е ОНАКА, нема трето, не знам каква логика ви е тоа.
     
  19. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.514
    Допаѓања:
    2.158
    Практикувам иако во некои ситуации логиката може да излаже...
     
  20. shy

    shy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    87
    Пол:
    Женски
    Многу често ја користам логиката!!!! :) :)
    Баш ми е криво што немам таков предмет на училиште. Сигурно би ми бил омилен :) :)