Загатки јас знам јас знам првото ако пукне се губи живот, а второто ако пукне се рага живот така некако беше
Не знам дали од порано е поставувана оваа ама ајде Тројца седеле на ручек во кинески ресторан. Сите нарачале ист оброк кој чинел 10 Евра. Откако се најале, келнерот на сите им наплатил по 10 евра. Отишол кај газдата и му ги предал парите. Газдата се налутил: „Си направил грешка! Кога тројца јадат ист оброк, треба да наплатиш само 25 евра!“ и му вратил 5 евра за да ги врати на гостите. Келнерот не знаел како да им ги подели 5-те евра на гостите, па за себе си задржал 2, а на секој од гостите им вратил по 1 евро. Колку платил секој од гостите? Секој дал по 10 евра. Им вратиле по едно евро => им останале 9 евра. 3x9 = 27 евра + 2 евра во џебот на келнерот => 29 евра Што се случило со 1 евро и каде е?
Не знам дали е ова за овде инаку е психолошки тест -дали размислувате како психопат- така да ако го погодите не се радувајте многу... На една млада девојка и умрела мајката. На погребот се појавил еден убав и згоден младич во кој таа веднаш се заљубила. Размениле неколку зборови и тој си заминал, без да и остави име, презиме, адреса или телефонски број...После една недела девојката ја убива својата сестра... Зошто?
Oвај "тест" прв пат го сретнувам така да не го знаев одговорот од порано . А дека сум психопат нема благе везе ,повеќе ми одговара психолог. Се извинувам за оф топик, поздрав
јас колку што се сеќавам ова не е тест туку сон, баш професорката по психологија ни го читаше од една книга нешто слично беше
Ајде една тазе загатка (одговорот и јас не и го знам баш сега ја прочитав) Загатка: Лага и вистина Заробени сте во замок и вашиот чувар решил да ве стави во искушение да бидете ослободени, но при тоа соочувајќи ве со голем ризик. Ве насочуваат кон 2 врати... ...пред секоја од нив стои по еден стражар. Едната врата води кон бесилка на која ќе бидете обесени доколку ја изберете таа врата, а другата води дирекно кон излезот од замокот и вашата слобода. Кажано ви е дека едниот стражар постојано лаже, а другиот може само да ја кажува вистината. Немате никаков показател кој стражар лаже, а кој ја кажува вистината, ниту пак, која врата каде води. Вашиот чувар ви дозволува да поставите само ЕДНО прашање. На почетокот помислувате дека е невозможно, но во еден момент добивате инспирација. Прашувате едно прашање и без проблем го добивате точниот одговор која врата води кон вашата слобода. Ја избирате точната врата, и ја добивате вашата слобода. Кое е прашањето што ќе го поставите? Ајмо логичари мислете, јас уште размислувам , пишете ако имате предлог кое прашање би поставиле па ко ќе се објави одговорот ќе видиме кој погодил
Што би ми одговорил другиот стражар аку го прашам која врата ме води кон слободата? Или нешто во таа смисла..? Треба да се избере другата врата од таа што ќе ја покажат.
Тој што ја кажува вистината, ќе те испрати на вратата каде што ќе те обесат, бидејќи другиот стражар таму ќе те упати. Тој што лаже, знае дека другиот ја кажува вистина и дека ќе те испрати накај вратата на слободата, па затоа ќе те излаже дека другиот би те пуштил накај вратата каде што ќе те обесат. Всушност, двајцата ќе ти покажат кон истата врата. Се надевам ме разбра.
Епа вака сеа. Прашуваш што би ми одговорил кога би те прашал каде води оваа врата. Тоj што jа кажува вистината ке ти каже точнл пр.кон слободата,а тоj што лаже ке те излаже што би ти кажал тоест ке ти ja каже вистината пошо нели од дупла лага второто ке биде вистина. Се надевам ме разбра некоj.
Теди.бер ете ја истата загатка погоре. Еве една од мене: Господинот Х гледа еден портрет. Еден случаен минувач застанува и го прашува: ,,Што гледате господине“? Тој одговара: ,,Јас немам ниту брат ниту сестра, но таткото на човеков на сликата е син на мојот татко". Чиј портрет гледа овој господин?