Па учителката 10 јаболка ќе раздели на 10 деца, и на 11-то ќе ја даде целата кошница, со едно јаболко останато.. Така 1 јаболко ќе остане во кошницата. Нели? Еве од мене една: Некој сопственик на продавница за играчки, веќе неколку пати ограбуван, си набавил чувар за да ја чува продавницата преку ноќите додека тој ќе замине на пат... Ноќта пред заминувањето на сопственикот, чуварот кој ја чувал продавницата, сонил дека авионот со кој ќе полета сопственикот, ќе има технички проблеми... Следното утро тоа му го кажал на сопственикот, а тој, суеверен по природа, поверувал во сонот на чуварот и не заминал. И навистина, авионот имал технички проблеми. Сопственикот отишол, му се заблагодарил на чуварот и му рекол: - Отпуштен сте!!! Зошто? И еве една кратка, кој сака нека ја одговори: Спојлер Кој бил највисок врв на светот пред да биде откриен Монт Еверест? Your Turn, Girls!
Затоа што требал да биде буден за да ја чува продавницата Од мене: Човек со автомобил патувал и наишол на 3 врати: Дијамантна,златна и сребрена.Која врата првин ќе ја отвори човекот ?
вратата од автомобилот..... Си бил некој бизнисмен, бил женет, а и дома си имал куќна помошничка(слугинка). Тој и жената отишле на патување на море, и таму тој си ја убил жената. Никој не можел да го докаже убиството, ниту пак полицијата пронашла докази против бизнисменот, само слугинката знаела дека тој си ја убил жената. Како го знаела ова слугинката?
MM.M.M..никако не можам да си ја решам задачава, ајде некој нека ми помогне.... Лицата А, Б и Ц имале по десет денари. Го викнале лицето Д и му дале секој по десет денари, и му рекле да купи леб. Бидејќи лебот бил 25 денари, лицето Д добил кусур од пет денари. За себе задржал 2 денари, а по еден денар им вратил на лицата А, Б и Ц.(останатите 3 денара од кусурот) Значи секој од нив дал по 9 денари за лебот. Е сега значи, 9*3=27, и 2 денара кај лицето Д, 27+2 = 29 денари. Каде е едниот денар??
И ајде уште една за добар сон... Еден полжав е на дното во бунар длабок 5 метри. Преку ден полжавот се качува по 3 метри, а во текот на ноќта се спушта по 2 метри. Колку дена ќе му бидат потребни на полжавот, (со ова темпо на искачување) за да излезе на површината ?????
Еве и од мене една: Отишол еден поп во црква. Запалил 5 свеќи, искочил и ја лупнал вратата. Се изгаснале 3 свеќи. Колку свеќи останале ?
Лебот + кусурот кај А, Б, Ц = 25+3=28 За себе задржал 2 денари - 28+2=30 Две останале да горат, ама вкупно пак се пет.
Еве од мене неколку: Дали можете да наброите 3 последователни денови без да ги користите зборовите: понеделник, вторник, среда, четврток, петок, сабота или недела. Човек облечен цел во црно оди по улица без улично осветлување.Од другата страна доаѓа кола без запалени светла и оди право накај него за да го прегази. Како човекот во колата го забележал човекот во црно? Си бил некој човек, и се загубил на некој остров. Таму го заробиле човекојдаци. И му рекле, ако следната твоја реченица е вистина, ќе те свариме и ќе те изедеме, ако е лага, ќе те испечиме и ќе те изедеме. По некое време, човекот рекол нешто, и човекојдаците го пуштиле. Што рекол тој? Си биле триесет итри Попа, а имаме триесет леба. Секој Поп треба да добие подеднакво со останатите попови... Колку леба ќе добие еден Поп ? Ај доста се
Вчера, денес, утре. Човекот во колата го забележал човекот во црно кога го треснал со колата. Човекот рекол сварете ме! и човекојадците го пуштиле. На секој поп по пола леб. На четвртиот ден ќе излезе.
Хехе, не се пет. Еве го одговорот: Тие три што изгаснале останале, а двете што гореле-изгореле и оп-ги нема
епа сега, ти наведе дека откако ја лупнал вратата, три се изгаснале, а две останале, и колку се сега...(значи во моментот непосредно откако ја лупнал вратата) , а за да изгореле би им требало извесно време, додека прашањето беше колку останале откако ја лупнал вратата....