Баже живее со мајка му и татко му. Една вечер мајка му и татко му морале да заминат на вечера и ја викнале комшивката да му прави друштво на Баже. Си седеле така Баже со комшивката, ама по некое време таа снемала цигари, па отишла до продавница да си купи. Додека комшивката била во продавница, двајца крадци влегуваат кај Баже дома, го ограбуваат станот, земаат телевизори, системи, пари, накит... Кога влегле, само го погледнале Баже и го игнорирале скроз. И покрај тоа што Баже бил буден, здрав, прав, и тој ги игнорирал иако ги видел. Зошто????
На крајот на едносмерна улица полицаец наплаќал казна на секој возач кој возел во погрешна насока. Во тој правец сообраќајот бил забранет за сите моторни возила. Но во меѓувреме наишол таксист исто во погрешната насока, му рекол здраво на полицаецот и си заминал. Зошто полицаецот не му пишал казна на таксистот.
Во една вреќа се измешани 20 бели, 20 црни и 20 црвени чорапи. Колку најмалку чорапи треба да извлечете за да добиете пар? Седнале две мајки и две ќерки во кафич и пиеле по едно кафе. Сметката била 360 денари. Колку чинело едно кафе? Некој крал пред умирање ги повикал своите 2 сина и им кажал да се тркаат со коњи и чиј коњ ќе стигне последен, тој ќе го наследи престолот. Двајцата очајни побарале совет од некој мудрец и потоа веднаш ја започнале трката. Што им кажал тој? Се шетале десет луѓе со шешири и дувнал јак ветер и им ги однел. Некој дечко ги собрал и на секого му дал по еден. Колкава е веројатноста точно 9 луѓе да си го добијат својот шешир?