Незнам ова колку е логичка задача, но ќе ја пуштам. Јас замислив сина боја и штравцигер. Јас сум една од тие 2%, вие?
Јас утрово читав ама уште утринско расположение, па приквечер ќе седнам да подразмислам, кога сум послободна. Да ставаме одговори во спојлер за секој случај? @Briar Rose
Да, секако дека може! Доколку некој не/го добие истиот одговор како мојот, односно кој човек чува риби, ќе ја напишам целата шема овде
Таман најдов тема за загатки, не е на Ајнштајн ама долго време ме мачи одговорот па може некој го знае. Двајца браќа и татко биле изгубени во пустина. Едниот од браќата бил глувонем а другиот слеп. Таткото со глувонемиот син заминал да бара вода, ама по пат на таткото му се слошило и починал. Како глувонемиот брат ќе му каже на слепиот брат дека таткото е мртов? и човекот што ми ја кажа загатката не го знаеше одговорот. П. С. Може темава да биде општо за загатки, ако нема слична.
Не знам дали има ваква слична тема но секако може да се стават и други загатки Инаку интересно би било некој да се обиде да ја реши загатката на Ајнштајн, јас ја решив и за мене барем беше прилично лесна ...
Спојлер: Одговор ... мислам. -- Загатката на Ајнштајн Германецот чува риба, пие кафе, пуши Princes и куќата му е зелена. Се дознава дека куќата му е зелена зошто се знај дека зелената куќа е лево од белата, Норвешката куќа е прва, а таа до неа сина. Црвената останува да е во средина. Се дознава дека пие кафе зошто се знај дека зелената куќа пие кафе. Се знај дека таму е Германецот зошто Норвежанецот се знај дека е во првата куќа, а Британецот во црвената и трета куќа. Останват Швеѓанецот, Данецот и Германецот. Данецот пие кафе и неможи да биди во зелената куќа, зошто пиши дека Данецот пие чај. Швеѓанецот неможи да чува риби зошто чува куче. Германецот пуши Princes зошто тоа е наложено. И за него останува да биди животното риба, зошто за сите други е наложено (Тој кој пуши Пал Малс чува птици -- Британецот; Тој кој пуши Блендс живее до тој кој чува машки -- Данецот; Тој кој чува коњ живее до тој кој пуши Данхилс -- Норвежанецот; Швеѓанецот чува куче и останува Германецот кој чува риби). А за загатката на @JollyGirl ... оваа другата ја заборавив и сега пред да почнам со постелување си реков дур сум растурена да видам што е, како е, но ... оваа твојата ја думам од моментот кога ја прочитав. Сем братот кој е слеп да сфати дека татко им е мртов од братот кој е глувонем и нема некое друго објаснување. Можно е слепиот брат да знај знаковен јазик на допир, на пример додека глувонемиот брат користи знаковен јазик, слепиот брат да биди способен да ги допира рацете и со тоа да добие слика што му се зборува. Друго навистина не би знаела. Уште се думам, и уште долго ќе се думам ... (и мора да има нешто очигледно кое неможам да го видам ...)
Јас мислев овој глувонемиот да го донесе телото на татко му, па да ја земе раката на брат му и да ја стави на срце кај таткото, за да сети дека не чука веќе. Или да ја земе раката и да ја стави врз очите на таткото, па да сети дека затворени му се. Ама како слепиот ќе знае дали тој што починал е брат му или татко му? Ако ја стави раката на гради, од каде ќе знае чии гради се тие? Или чии очи се тие? п.с. Заборавив дека нем е брат му и нема да му зборува, па слепиот ќе сфати дека таткото е мртов.
SOLUTION TO EINSTEIN'S RIDDLE Спојлер Q: Who owns the fish? A: The German; First house ; color: yellow nationality: Norwegian drink: water cigarette: dunhill pet: cats Second house; color: blue nationality: Danish drink: tea cigarette: bend pet: horse Third house; color: red nationality: British drink: milk cigarette: pall mall pet: birds Fourth house; color: green nationality: German drink: coffee cigarette: prince pet: fish Fifth house; color: white nationality: Swedish drink: beer cigarette: bluemaster pet: dogs
Си дошла до одговорот. Забораваш дека слепите имаат јако развиено чуство за распознавање на личности по допир на лице затоа секогаш кога сакаат да те замислат те визуелизираат некако те допираат по лицето. Дека е мртов ке примети по тоа дека е ладен зашто е мртов. Башка го препознава и по одот.Сите одиме различно па еве и јас точно знам дома кога иде мајка ми без да ја видам а кога иде татко ми а слепиот човек тука има најразвиено сетило за препознавање. Девојката на видеото не е слепа ама поентата ке ми ја разбереш
Да, има логика мојата претпоставка ама мислам дека не е точниот одговор. Одговорот бил во самата загатка...Ама секако никој не може да се сети, па ајде ќе рачунаме дека сме ја решиле