Со Morse code (Морзеовата азбука). Мислам дека и претходно браќата се разбирале и комуницирале на овој начин. Слепиот брат може да слушне како неговиот глувонем брат чука со прстите.
Но тие и пред настанот на татковата смрт морале да научат да комуницираат на одреден начин и мислам дека најлогичното решение за нив било токму морзеовата азбука.
Слепиот на глувиот не можел со морзеова зашто овој не слушал па морал да го научи говорот за глувонеми со знаци на раце а овој морзеова азбука за слепиот Ајде дај си рака еве го прифаќаме за уважено
Тоа е точно, но овде фокусот не е насочен кон нивното комуницирање во минатото, иако логички би можело да послужи како индикатор за решавање на загатката. Но главно сакав да изразам дека во сценариото каде глувонемиот брат го пронаоѓа слепиот брат, веројатно тој само преку оваа азбука би му ја пренел веста. (бидејќи е најбрзо и најефикасно) Но секако, не се исклучени и поинакви методи на комуникација каде звуците ја имаат примарната улога за одредени поединци да можат меѓусебно да се разберат.
Ми излегло точно. Две страници од тетратка (А5) чкрткав за да дојдам до решението. Табелата ми излезе ваква: (ја препишав во Ворд да не го покажувам ракописот на јавноста) Спојлер
Всушност... Спојлер Одговорот на прашањето Кој чува риби не е Германецот. Затоа и пишува дека 98% погрешно одговориле. Вака е премногу лесно да се дојде до некое решение, но колку само се залажуваме... Од каде би знаеле дека Германецот чува риби? Во хинтовите никаде не се спомнува риба. Врз основа на што се доаѓа до тоа? Само затоа што прашањето е Кој чува риби, не значи дека празното поле што остана на крајот треба да биде пополнето со ,,риба". Апсолутно не знаеме што чува Германецот, не е познато и никаде не е даден никаков факт. До овој одговор не дојдов јас, но подоцна сфатив дека ова е точниот одговор. Во хинтовите се спомнуваат и петте куќи, петте националности, петте бои, петте врсти цигари, петте пијалоци, но само 4 врсти животни, риби нема.
Долго време ме мачи оваа загатка, барав решение на нет, но не најдов...уморна сум а болно радознала за точниот одговор. Дали успеа да одгатнеш!?
Па уште не сум 100% сигурна дали тоа е одговорот, ама како што пишав и погоре: - Глувонемиот брат ќе ја земе раката на слепиот и ќе ја стави на гради кај таткото, па така слепиот ќе сфати дека срцето на таткото престанало да чука...Или раката ќе му ја стави на очи кај таткото, за слепиот да сфати дека очите му се затворени и е починат. Или како што кажаа други членови, може ако двајцата браќа ја знаат Морзеова азбука па така да се разберат. Ама ова се претпоставки, за жал точниот одговор не верувам некој да го знае
E brother A A father C C sister D D son B -> B father D E uncle C B father C E brother B Среќа не е со македонски роднински врски
@DAngel Haha, good one! Anyways, A is the father of C and C is the sister of D. In that case, A is the father of D, but D is the son if B. According to this, B is the mother of D and wife of A. Since E is the brother of A, then B is the sister-in-law of E.