Тројца требало да поминат една река.Едниот стапнал и поминал , другиот видел и поминал а третиот ни ни видел ни стапнал а поминал . Какво е решението ?
Не е точно, можеби не ја поставив добро загатката, еве ќе додадам, првиот стапнал во реката и ја поминал, вториот само ја видел, не стапнал а поминал, а третиот ниту видел ниту стапнал а ја поминал реката. Кои се тие луѓе ?
site trojca odednas trebalo da pominat neli? ako e taka, togas: bremena zena so dete, edniot stapnal i pominal (zenata), drugiot videl a ne stapnal i pominal (deteto ), a tretiot ni videl ni stapnal a pominal (bebeto vnatre )
Блиску си ептен, ајде се прифаќа Само што се мислеше на маж, и бремена жена, мажот ја пренел жената, а тој што ниту видел, ниту стапнал бебето внатре
точен е одговорот за козата еве друга мнооогу лесна: едно дете се изгубило во шумата и не знаело кој ден од седмицата е.ги сретнал волкот и лисицата и ги прашал.Волкот му одговорил:јас лажам понеделник, вторник и среда.вчера лажев а лисицата му одговорила јас во четврток петок и сабота ја кажувам вистината а во другите денови лажам, и јас вчера лажев значи кој ден од седмицата е?
Четврток? зошто лисицата не лаже во четврток, а рекла дека вчера лажела тоест среда, значи ја кажала вистината А волкот исто така не лаже во четврток а во среда лазе и исто така кажал дека лажел вчера.
вака е поставена загатката во мојот учебник по логика но не е поставено точно одговорот е четврток но и јас мислм дека е среда
Ај еве од мене една загатка: Во соба без прозори има три исти сијалици. Надвор од собата има три прекинувачи, секој поврзан за една од сијалиците. Одреди кој прекинувач за која сијалица е поврзан. Смее само еднаш да влезете во собата. Па девојки? Мислам дека е лесно
Првиот за првата, вториот за втората, третиот за третата Шала на страна, појма немам.... што е фрката со тоа дека нема прозроци....
Браос бе комши видиш како си знаеш Шегата настрана, мора да нема прозорци инаку не ќе беше загатка... ајде, ајде, ќе чекам уште некој да каже што мисли....
Го палиш првиот прекинувач па чекаш 10 минути па го гасиш, потоа го палиш вториот и влегуваш. Која сијалица свети значи е за вториот прекинувач. Потоа ги фаќаш другите две таа што е топла е за првиот прекинувач, а ладната е за третиот
Двајцата имаме определен број на јаболка.Ако ти дадам јас едно ти ќе имаш двојно повеќе од мене.Ако се вратиме на првобитниот број на јаболка и ти ми дадеш едно мене и двајцата ќе имаме ист број на јаболка.Колку јаболка имам јас,а колку јаболка имаш ти?