Е па добро штом јас сум погодила ..Ама не ми текнува ниедна логичка загатка..Слободно кој сака нека пише ако знае било каква л.з.
Имаш 3 риби.. една страна од рибата се пржи 20 мин... имаш тавче во кое што збира само 2 риби.. за колу минути ќе ги испржиш 3те риби?
Мислам дека е 60 минути. Да појаснам. Ги пржиш двете риби од едната страна за 20 минути, потоа едната ја превртуваш, а другата ја вадиш и ја ставаш третата. Ги пржиш уште 20 минути. Сега имаш една целосно спржена и две кои имаат само по една страна спржена. Ги пржиш и тие 20 минути, значи вкупно 60
^ Еееј, јас вака не сум размислила. Јас си рачунав, прво си ги пржиш двете, па после третата сама. Може и така, ајде се прифаќа и твоево. Па која сака од вас две нека постави нова.
еве нова загатка !!! во една соба имаш 3 сијалици а надвор од собата 3 прекинувачи.како ќе дознаеш кој прекинувач за која сијалица е а притоа да влезеш само еднаш во собата??? ајде форумџики
Еве една од мене: Мујо има 6 пара црни, и 6 пара бели ракавици во неговиот плакар. Во целосна темница колку најмалку ракавици треба да извлече, за со сигурност да има еден пар?
Замислете си дека има едно многу, многу високо кокосово дрво и 4 животни. Учествуваат... Учествуваат: лав , шимпанзо , жирафа и верверичка кои се подготвени за трка. Тие се одлучиле да се натпреваруваат и да видат кое животно најбрзо ќе стигне до бананите на врвот од дрвото. На кого вие се обложувате?
Јас на...шимпанзото..По логика тоа се храни со банани...А ако е некоја замка тогаш нека е верверичката.
Еве една од мене: Во пустина сте и треба да стигнете во Рим.. Ве брка лав .. а во рацете немате оружје само една Круша..како ке се спасите од лавот и ке стигнете во рим ?