Парламентарните и локалните избори ви се единствени моменти кога пријателите, познаниците ќе ви се јават за кафе, а притоа ненаметливо да ви дадат запалка и капче од партија
На канал5 во емислијата Само вистина, ги поканиле Коце Трајановски и Шилегов, нормално дека Коце не се појавил. Ете го сам Шилегов си зборува. Вчера на некоја дебата во Кавадарци, од дпмне не се појавиле. Абе ич не им е страв Само малку се кријат. На ниедна дебата не прифаќаат да се појават (ни пастирот, ни останатите), а богами и по реклами нешто ги нема. Се изгуби дпмне тотално...Стана опозиција и пропадна скрос...Немаат буџет една реклама да направат пред избори. Од поголемите градови единствено Охрид е под знак прашалиник, а во останатите 10000% победува СДСМ...дпмне може да освои во Кривогаштани, Брод, Св. Николе и останати мали градови и општини.
/|\ Добро е што не се појавил на дебата. Само ќе покажеа и двајцата кое дно го имаме допрено. Нашиве политичари не знаат да дебатираат, и дебатите им се сведуваат најчесто на кооперациски муабети од типот „Америка има 3000 подморници повеќе од Русија а Тито 57-ма му кажа на Сталин „не“ “. Далеку се нашите политичари од тоа да водат една културна дебата исполнета со многу аргументи.
За Охрид не знам што да кажам. Поутепани и поутепани испаѓаат. Се согласувам со Џоли дека само охрид е под знак прашалник, метла во останатите градови.
Ко видов се кој е на советничка листа, ме уби туѓ срам, неписмени не знат да се потпишат, кај ојме, кај ојдовме и докаде ќе одиме море луѓеее???
Уф, вака искрено меѓу нас, овој малиов шо го ставиа Сдсм за у КарпУш, мераци... Нејсе, кога беа прошлите избори, нашиов сегашен градоначалник беше кај едни комшии административци дома, со џипот дојде. Отидоа други комшии, а ние не отидовме оти татко ми не сакаше да ни го стават плацот од куќата како општинско земјиште, оти многу сум зборела. И после ми дојде комшиката и ми рече ако сум гласала за него, НЕА ќе ја ставеле на повисока позиција. Ја бев само онака, кој к*р ме тангира мене тоа, не гласам, ми е гајле... Иначе, ако. Си собирам маици, за спиење и за бришење прашина се добри, со Отчетине ќумбе палиме, а пенкалца и упаљачи никад доста. Али нај ќјут ми е коа ќе отидеш у кафиќ, и шеќерчето со партиско знакче ќе биде.
Кој ќе ги слуша наредни 2 недели со кампањине, после уште 2Мозок да ти затупат, а божем па кај некој палат платени политички реклами За град Скопје највероватно за Левица ќе гласам, на другото за Аеродром се мислам каков креативен цртеж да оставам
Кога го слушам Шилегов добивам нагон на повраќање,добро вие од сдс до кога ке манипулирате со граѓание? Коце све што обеќа направи,делата зборат,а не ветувањата,вчера на канал 5 го слушав незнам дали да плачам или да се смеам офф мори муко.....
Ти гледаше ли?Или сега мене ме зезаш?Што ке доаѓа тој веќе е докажен како градоначалник и нема потреба да влегува во дуел со човек како што е Шилегов кој манипулира и лаже.
Дедото на еден од кандидатите за градоначалник во Кисела Вода верува дека Земјата е рамна плоча. Другиот нема никаква врска со истата општина и ниту пак моќ со своето однесување да придобие гласачи. Цацко би рекол - дај друго дете. За ситуацијава многу би рекле - дај две други деца
Незнам зошто се плаши да дојде?! Не само тој, туку сите. И во наредниот период ке има дуели, баш ме интересира дали ке седнат карши-карши. Или можеби се плашат од нешто?! Докажан е ДА...за многу работи...на пример за палмите.Треба да ти најдам колку чинеа и колку го оштети Буџетот или сама си знаеш?!
Палмите беа од Македонски шуми. Тоа што СДСМ го боли најмногу е што после два мандати за Коце не можат да најдат малверзации. Коце веројатно ќе има објаснување зошто не дошол вчера на дуел ама сигурно ќе дојде следен пат иако ја да сум Коце не би дошол. Не знам зошто би се плашел од Шилегов кога појма нема Шилегов од тековни случувања во градов. На СДСМ дуелите им служат само за да уфрлат две три реплики од кои после може на интернет да се прават клипчиња или мемиња и да се смее народ. На пример дали некој го памти дуелот меѓу Фрчкоски и Иванов? Какви ставови имале двајцата по однос на меѓународна политика, внатрешни случувања и тн? Не. Сите памтат кога Фрчкоски му викаше Џорџе Џорџе. Или дуелот меѓу БЦ и Љубчо, сите ги памтиме навредите - ти си наркос,ти беше во лудница. Ако кандидатите се сериозни и имаат барем приближно ист рејтинг треба да седнат и да зборат сериозно. Еве на пример последна добра дебата што сум ја гледал беше меѓу Сугаревски мин. за транспорт за врски и Мисајловски (екс министер сега кандидат за градоначлник на Ѓорче) пред месец два. Си направија саглам муабет без навреди нормално пробуваат на своја воденица да си ја тераат водата ама си извадија аргументи и факти за сериозни теми како автопатиштата и тн.. Кој ја памти таа дебата? Никој. Зошто? Затоа што немаше плукање, навреди и заебанции.
И уште нешто....дури и на најзакоравените поддржувачи на СДСМ им е јасно дека Шилегов реално не може да го добие Скопје. Единствен начин да победи Шилегов во Скопје е да се полнат кутии по албанските средини. Од таа причина пред две недели го ослободија Агим Крансичи од затвор иако треба да лежи до 2020 и некоја. Зарем тоа не ви пречи? За иронијата да биде поголема, Красничи е уапсен 2008 година на денот на изборите за застрашување и тепање партиски активисти по селата околу Скопје (иако од порано е баран и за тероризам, разбојништво и тн. а додека е возатвор има избодено друг затвореник) (http://www.time.mk/arhiva/?d1=01&m1... тепале активисти на дуи&read=464522ba256580e) и сега токму пред избори, кога требаат гласови од албанци за СДСМ го пуштаат од затвор. Од друга страна спектакуларно баш сега се апси Темелко. Ако има наивни нека веруваат.
Значи кога другарче ми ги кажуваше кои све се во советнички листи од младиве , се фатив за глава какви све дебили и на двете страни се , ама тоа е , трчаа за партија 5 години и еве ги сега ќе лапаат парички... ми падна жал за Центар што испадна ситуацијата и драмиве вака со Жерновски , али тоа е кога ќе правиш мутни работи ќе те казнат. Од друга страна пак без Темелко се плашам како Пустец ќе издржи во Центар... За Скопје имаме еден сече дрва , другиот дрво пијан , третата заштита на дрва , четвртиот не ни знае што се дрва , таман сме. На крајот пак сме истото срање како минатите избори , поголемото зло Вмро или помалото Сдсм , независните кандидати и др. помали партии не верувам дека ќе направат нешто посебно, може да соберат неколку гласови од големите партии и тоа е, пак исто како минатата година. Би посочил да гласате , не е битно за кого оти тоа си е ваше право , али да го остварите правото на глас, да не биде злоупотребено од другите партии, патем знаете дека кога после ги читаат и бројат пред камери и комисија гласовите мора да прочитаат све, така ако сте напишале Бетмен или носете се сите у пм , он мора да го прочита тоа , еве ви идеи ако не сте задоволни од изборите да си пишете нешто сочно. П.С се уште нема никој дојдено кај мене со пенкала , маици , чоколади ... ве молам ургирајте во штабовите..
Гласам за Левица за град Скопје. Ми смета маргинализацијата на малите партии како што е Левица, со изговор дека немаат шанса со големите играчи и покрај одличната програма. Сакам тоа да се смени и неопределените гласачи да ја покажат својата моќ, бидејќи ВМРО И СДСМ видовме што прават - секогаш за локални претставници ставаат послушници кои на следните избори нема да ги подржат доколку покажат непослушност.
Хаха, баш ова ми беше планот. Да напишам нешто ем вулгарно, ем да биди малку забавно. Да се насмеат, луѓе се. Ни флаерчиња не почнале да пуштаат. Страшно е што прави сиромаштијата.