Форумџика на годината

Локални избори 2017

Discussion in 'Политика и настани' started by Rexona.., Aug 24, 2017.

  1. veteruska

    veteruska Популарен член

    Joined:
    May 27, 2014
    Messages:
    1,977
    Likes Received:
    5,800
    Се прави притисок кај ромите да глсаат за сдс,и после ке бидат фер и демократски избори,за ваков ли живот се залаагаат од сдс?
     
    ADOKI and carangigia like this.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Joined:
    Jun 9, 2012
    Messages:
    8,262
    Likes Received:
    34,570
    Gender:
    Female
    Толку многу да вредел Коце немало да го избркаат од Металски Завод - Тито.

    И пред да има корист од ДПМНЕ зборел сѐ најлошо за Егејците, а сега од корист е со Егејците од ДПМНЕ. Гледа каде има корист, за да си го наполни џебот.

    ДПМНЕ е полно со неквалитетни членови, га*о лижачи кои менуваат партии само за да дојдат на некоја функција.

    А обичниот народ го манипулираат и го залажуваат со еден сендвич, а високите функционери спијат на пари.

    Ако се толку многу за народот ДПМНЕ нека го разделат досега стекнатиот имот за овие 11 години на сиромашниот народ гладен за леб и нека почнат да го преживуваат месецот со 150-200€ плата од 1-ви до 1-ви или од 15-ти до 15-ти наредниот месец па нека видат каков живот, т.е. неживот му овозможиле на народот. Нека работат во тие фабрики што ги отвори Грујо во тие мизерни услови, со таа мизерна плата, па како што се премногу свилени нема да издржат ни еден ден, а за повеќе и да не зборуваме.

    Затоа ДПМНЕ е историја и нека не очекува позитивни резултати на Локалните избори.
     
    anaja1, EarthFire, Yipman2 and 9 others like this.
  3. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Joined:
    May 27, 2015
    Messages:
    2,511
    Likes Received:
    10,357
    Gender:
    Male
    Шо кажуват ромите а?

     
  4. kajl

    kajl Истакнат член

    Joined:
    Jun 29, 2015
    Messages:
    330
    Likes Received:
    216
    Gender:
    Female
    Kazlivo e ako nekomu mu pobaraat licna karta i e najmalku 16 :)
     
  5. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Joined:
    Oct 10, 2015
    Messages:
    3,886
    Likes Received:
    48,478
    Да, да.

    Затоа Вмро идат само со советничка листа у Карпош, и се во тајна коалиција со Стевче, и наредено им е на сите да гласаат за него.
     
  6. Y Grint

    Y Grint Истакнат член

    Joined:
    May 8, 2017
    Messages:
    106
    Likes Received:
    86
    Дали ја гледаше некој емисијата локални избори на МТВ?
    Леле, комедии...:D Како сум се изнасмеал...
     
  7. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Joined:
    Sep 25, 2015
    Messages:
    261
    Likes Received:
    408
    Настрана на тоа кој за која политичка партија е но Стевчо јакимовски според мене е еден од ретките градоначалници кои заслужуваат да бидат реизбрани. Карпош е општина во која вистина има ред, па иако не сум од тој реон морам да признаам дека е над ниво на другите општини. А и тоа дека е спортист е редок пример по кој се одвојува во македонската политика.


    Се обиде да направи и сопствена партија и сам излезе на избори но нажалост граѓаните овде секогаш гласаат или од инает за сдсм или од инает за вмро. Или пак од корист.
    Требаше на тие избори кога гром излезе со свој кандидат за претседател да си го гласаме и ќе си одберевме 3 опција која ја постави гром. Ќе беше многу поинаку сега и сигурно ќе одеше сам на избори.
    Затоа ја има мојата почит.

    Сега е во коалција бидејќи на престедателските малку гласови доби, па вмро сега ми поставува услови гради ваму таму.


    Сепак и вака не е се изгубено
    Кога јас сум во карпош се чуствувам како да сум добредојден, и немам грижи кога ќе се паркирам некаде со колата.

    Големи предности на карпош што треба да го следат и другиве градоначалници е

    Воведување на ред со паркингот.
    Во карпош не се плаќаат паркинзи, но сепак има секогаш место за паркирање.
    Го слушав пред малку на клиповите за изборнава кампања.
    Вели дека сите деца со наполнување на 18 години ќе добијат субвенции за полагање на б категорија.
    Во многу работи е прв Карпош


    И мене ме нервира старата власт и пред да ги пуштат бомбите јасно ми беше дека си поткраднувала,
    Ама да ги правда некој овие сега дека се светци ми нема логика.

    Дел од кандидатите им се срам невиден

    Општина центар колку пати само прегласуваа за да го донесат претходниов градоначалник на власт. 3 пати испаѓаа луѓево за да му ја дадат довербата а овој не мрдна од кога дојде. Велеш ќе бутнел тераса. Ниту тоа не го направи.

    Но затоа сегашниов кандидат што го ставиле за општина центар саша богдановиќ им е крајно нехумано од нивна страна

    Богдановиќ е човекот пајак во скопје,кој ги дига колите.

    Пред 1 година некаде одев пешки по некои резултати во државна болница.

    На испаѓање надвор до мене беше една жена која ме замоли да ја причувам мајка и до колата. Нејзината мајка беше костур слаба и со падната коса веќе. Само што беа завршиле со радио терапија. Ја донела ќерка и, која заборавила некои документи на шалтер па ме замоли да ја почувам додека ги земе документите. Во меѓувреме поминува пајакот со намера да ја крене нивната кола. Им објаснив дека јас сум тука и ги замолив да не прават такви работи. Дека ќерката на жената отиде по документи, а јас сум ја сретнал бабичкава на клупава. Велам гледаш во каква состојба се луѓево. Не прави глупости. Ако не можеш да помогнеш не одмагај, тогаш тој што крева коли ми вели, а мене кој да ме жали, кој ќе ми даде плата. Нам Саша кој тогаш бил директор на Пајаци центар ни рече дека денес мора да дигнеме толку и толку коли.

    Ако толку сум ги жалел тргни ја колата сега или ја кревам. Мене жената клуч не ми остави. Не би сакал никој да биде во нејзина кожа,
    Почна да ме прашува полицаецот заедно со тој што крева еден по друг како тоа ми оставиле да ја чувам жената а клуч не ми оставиле од колата да им ја мрднам.

    Се собраа луѓе неколку од страна и кога видоа дека има расправии почнаа да им викаат како не ви е срам, како не ви е срам. Ја оставија колата и си отидоа.

    После имав и уште едно искуство со сегашниов кандидат ама ајде тоа толку и не ми е криво колку за ова првиот пат.

    Го велат хуманитарец бил. Дали е хуманост да отидеш пред клиника и да си дигаш коли лупајќи им казни на луѓето. Дали е свесен дека и на болни луѓе ќе им ги крене колите.
    И вакви кандидати да се подржат е стварно нехуманост од една партија, и денес можам да кажам дека ми е криво што бев на митингот на 17 мај кога сеуште не беа на власт и немаа подршка
    Пополека ми е јасно дека нема ништо да се смени и ќе одиме пак назад.


    А дека и другиве се идиоти дознав неодамна кога саша ми ја дигна колата а поени си добив од полиција на вмро нормално. Значи кога е за крадење заедно си соработуваат и тоа било одобрено и од вмро на власт.
    Овој Саша веројатно при толку дигнати коли дел од нив и на болни луѓе белки собрал за кампања до сега.


    Инаку ние од Аеродром сме за жалење стварно.
    Немаме саглам кандидат.

    Овој Коневски веќе и на улици ќе почне да гради само за да собере за избори.

    Мене ми се чини дека Сдсм дури и го подржаваат коневски па ставиле онака некој безврска кандидат кој и онака си е близок до коневски.

    Кандидатот Златко Марин збори дека немало воздух со новите згради, а тој бил еден од неколкимината кои дале потпис токму тие згради да се направат.
    Се прашувам дали можеа при толку многу луѓе да стават вакви луѓе. Ептен да не е волку видливо

    Не велам дека немаат и добри кандидати пример Филип Темелковски за кисела вода е супер кандидат, но ако една партија сака почит и се декларира како хумана, не треба да им се случуваат кандидати од типот на оние двајцата погоре.
    Нека најдат некој кандидат за Аеродром што не потпишал за градба на зградите.
    Тие што направија.е баш за него се фатија..

    Смешно навистина. Изгледа ја тестираат интелигенцијата на народот. Само така можам да ги разберам овир работи
     
    Jas!, daylight and ADOKI like this.
  8. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Joined:
    Feb 9, 2013
    Messages:
    1,337
    Likes Received:
    10,771
    Gender:
    Female
    Ние очи ќе си извадиме кој каков бил, овој бил добар, оној лош.
    А нив гајле не им е за нас.
    Секој гледа само својот џеб да си го наполни.
    Нашиот пак ќе си биде празен.
     
  9. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,829
    Likes Received:
    264,431
    Ги гледам Шилегов и Богоев заедно во видео. Да треба да бираме најубави градоначалници, овие двајца не се лоши. За убавина и згодноќа зборам:emo:.
     
    Rebecca_R, Sesil, JollyGirl and 5 others like this.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,943
    @Albertos во многу општини СДСМ имаат без везе кандидати, ко да сакале сами да се саботираат. Ама никој не гласа за човекот, туку за партијата, па ако гласаат луѓето против ВМРО (не за СДСМ, само против ВМРО) можно е и да добијат. Тогаш ќе имаме неспособни градоначалници. Ако не победи СДСМ ќе имаме докажани крадачи. Никако на подобро...
    Абе мене Шилегов не ми е убав :worried:
     
  11. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Joined:
    Jan 15, 2010
    Messages:
    19,829
    Likes Received:
    264,431
    ^
    Згоден е :D. Има некој шарм, близу оној на Б.Ц.8-|.
    За разлика од Коце|(, абе манекен е:D.
     
  12. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Joined:
    Mar 10, 2015
    Messages:
    1,274
    Likes Received:
    21,996
    Gender:
    Female
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Joined:
    Feb 3, 2011
    Messages:
    3,391
    Likes Received:
    87,677
    Те молам да го продискутираш ова СУПЕР.
     
  14. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Joined:
    Sep 25, 2015
    Messages:
    261
    Likes Received:
    408
    Се согласувам потполно.
    Искрено се надевам дека овојпат нема да биде така барем во центар. Нели таму обично ги сметаат народов за граѓани. Центарски деца.

    На крај испаѓа дека бившиот премиер е во право кога вели
    "Се ќе ви ветат пред избори ама ништо нема да исполнат"
     
    DAngel likes this.
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Joined:
    Jun 15, 2012
    Messages:
    6,108
    Likes Received:
    75,395
    Gender:
    Female
    Нели против двојазичност беа?
    Нели патриоти беа?
    Се тепаа, протестираа, се губеа против Заев и еве сега...

    [​IMG]

    :rofl: :whew: :rofl:

    ГЈИТХНЈЕ ПУНЕ ГЈИТХИНЕ МАКЕДОНИ ! ! !

    Така јеее патриоту никола !
    :clap:
     
  16. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Joined:
    Sep 7, 2017
    Messages:
    567
    Likes Received:
    2,726
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,943
    Мене ме интересира кој им ги обработувал сликите на тие од ВМРО. Сите на црвено светат во фаците, 'ко ѓавол од Македонски народни приказни да гледам...
    http://novaera.mk/kandidati/
     
  18. LollySky

    LollySky Популарен член

    Joined:
    Jan 7, 2016
    Messages:
    2,958
    Likes Received:
    14,028
    Gender:
    Female
    Една битна работа-и твојата кола, и било чија кола, пајак не ја крева освен ако не е неправилно паркирана, ти текнува?
    Имаш пари за кола и бензин а немаш за паркинг? Абе ај. Паркирате кај ќе ви текне па после пајакот е крив.
     
    cresa-jagoda, Gosh and Jason123 like this.
  19. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Joined:
    Sep 7, 2017
    Messages:
    567
    Likes Received:
    2,726
    Окарактеризиран како историски говор!11!! Да живееје ЈОХАН керојот македонски11!!
    По денот утрото се познава.
     
    Someonespecial likes this.
  20. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Joined:
    Jul 22, 2012
    Messages:
    479
    Likes Received:
    3,168
    Деновиве предизборно сме преплавени со големи планови за малите градови. И бидејќи ниту еден проблем не може да биде решен од истото ниво на свест што го создала, најсмешни се "решенијата" на оние кои 10 години упропастуваа градови и животи на луѓето во нив како што е случај и со Битола.
    Обично ветувањата се истите од пред 10 години, безидејни и популистички, но сега со социјалните мрежи и обичните граѓани можат да дадат некоја конструктивна идеја како го замислуваат градот каде живеат. Оти за некои работи побитна е идеја, искрена волја и чесна намера отколку пари.
    Еве неколку предлози за Битола:

    1. Централното градско подрачје да стане пешачка зона. Улиците кај Епинал, Камен мост и Саат Кулата и сите други кои директно се отвораат на Широк Сокак, од 06 до 24 да бидат затворени за возила. А луѓето што живеат во оваа зона да имаат посебна дозвола за движење со кола.
    И на местото на паркинзите по централните улици (Солунска и Борис Кидрич), да се направат велосипедски патеки.

    2. Снабдувањето на дуќаните во пешачката зона да се одвива од 00 до 06 како во секој цивилизиран град, а не сред бел ден кога ќе им текне.

    3. Најстрого да се забрани паркирање и запирање на возила по најфрекфентните улици (Партизанска, Први Мај, Никола Тесла, Васко Карангелевски) и да се постават камери со 24 часовен надзор за да се казнуваат лудаците во сообраќајот.

    4. Сите банкини да се одвојат од улиците со бетонски столбови кои ќе спречат сељаци со половни BMW-иња да блокираат пешачки зони. Да се направат неколку големи наплатни паркинзи близу големите улици кои ќе ги менаџира општината, наместо да ги фрла во приватен џеб.
    И конечно да се изгради катна гаража во центарот, но надвор од пешачката зона, а паркингот пред Домот на културата да се затвори и на негово место да се направи убав тревник-парк и фонтана. Во ниту еден град во светот нема паркинг сред плоштад.

    5. Да се адаптира бројот на таксисти на бројот на жители на градот. Не може по едно такси за човек. Не само што не се потребни, туку прават хаос во сообраќајот и го загадуваат воздухот. Да се наметнат еко стандарди за сите возила, особено тие за јавен превоз (такси, комбиња, автобуси) кои постојано возат и најмногу придонесуваат кон загадувањето на воздухот.

    6. На сите приватни домови во централното градско подрачје да им се забрани греење на тврди горива, а истовремено да им се обезбеди субвенционирана струја од РЕК.

    7. Комуналците да имаат работно време од 00 до 06 часот, а не во најголемата гужва гомнарки да блокираат улици и ѓубреџии да влечкаат контејнери од еден до друг крај на улиците. Значи потребно синхроно фрлање на ѓубре и миење на улици, а контејнерите да бидат статични и од затворен тип, со селекција на отпадот. И време е тревниците до патиштата да почнат да се уредуваат.
    .
    8. Кејот на реката од Безистенот до Чифте фурни да станe шеталиште, со нова калдрма и канделабри во староградски стил. Вдолж кејот да се фаворизира отворање на ресторани и кафулина со масички покрај река и со апсолутна забрана за возила освен од 00 до 06.

    9. Цела област "Офицерски" да се загради со ѕидана ограда во ист стил како домот за да се оддели како посебна единица, да се заштити од вандализам и од дрвосечачи. Домот по реставрирањето да се претвори во културен центар ( библиотека, театар, концертна сала...). Остатокот од областа да се претвори во уреден парк, со фонтана, кино на отворено, отворен театар, концертна сцена и слично.

    10. Да се стави крај на мизеријата со обиколницата. Сите кои преку чести патроли ќе се фатат како ја загадуваат обиколницата да бидат високо казнети, парично и со затвор или принудна комунална работа. Не може 10 луѓе да се изживуваат со 100.000.

    11. Да се забрани движење на запрежни возила во градот, а трактори и тешки возила само со посебна дозвола од градот да се движат во него. Конечно да профункционира еко полиција во цивил и секој што ќе се унереди каде стигне да се казнува со високи казни.

    12. Тумбе кафе заедно со цел градски парк да се прогласат за спортско рекреативна област на градот, каде возило нема да смее ни под разно да влезе, да се направат( не нацртаат) вело патеки и со посебно изработен проект, да се најде место за нов стадион, сала, затворен базен и спортски игралишта.

    13. Под итно да се уредат двата влеза во градот, ама не со импровизирани "мачкај очи" улички од 50 метри ала Двојче, туку со широки булевари и моќни улични рефлектори. Сегашните влезови во градот се срамни.

    14. Крајно време е да се обноват сите главни улици во градот. И со осветлување и со асфалт. И аман нека испланираат добро за да не го сечат асфалтот веднаш штом го турат, а шахтите да не бидат како дупки туку на ниво на асфалтот. А ако не знаат како се прави таков пат, нека научат од оние кои ги направиле скопските улици.

    15. Да се уреди Ниже Поле, да се направи патот до горе и една жичарница од бачило до Големо езеро, со што цела планина би станала подостапна за туризам и во лето и во зима, бидејќи тоа е инвестиција која многукратно ќе му се врати назад на градот поради туристичкиот капацитет што го има Пелистер, по примерот на Вигла.

    Ова се работи кои секој град што ги поседува го прават нормален и пријатен за живеење. Битола има инфраструктура за нормалност, потребни се само луѓе што правилно ќе ја менаџираат таа нормалност. А за тоа треба добра волја и паметно планирање.
    Секако дека за капитални проекти како на пример проблемот со РЕК, претворањето на Пелистер во туристички центар, гасификација на градот, стадиони, трговски центри и затворени базени, треба да помогне државата со системски мерки за напредок на помалите градови.