Во период кога ДПМНЕ е најранливо, срозано и независно од централната власт, LSDM испаѓаат невидени идиоти и за противкандидати исфрлаат глуперди поголеми и од оние кои ги има ДПМНЕ. Во Илинден, каде ДПМНЕ требаше да стави жена кандидат, млада, образована со чист политички образ тие го поставија докажаниот но и веќе оцрнуван Жика, што довело до мал раздор во партијата. И иако и онака нема никакви шанси за победа, наместо LSDM да го искористи ова, тие настапуваат со некоја си манекенка, девојче под чии ФБ статуси сеуште си пишуваат кисчиња и срциња со друштво. Во Петровец, ДПМНЕ имаат поранешен боксер, неписмен, ама докажан два мандати со дела меѓу граѓаните, но се збори дека е добар и во перење паричиња. Имаат таму многу албански гласачи кои би гласале за LSDM, но нивниот кандидат, поранешен градоначалник тогаш избран од ДПМНЕ, инаку и тој неписмен, познат поранешен рекетар и лихвар тешко дека ќе може да ги привлече. Ми текнува кога на име на општина земаа донација трактор, а тој тогаш си го присвои дома. Во Зелениково LSDM настапува со кандидат поранешен градоначалник тогаш изгласан од ДПМНЕ. Роднина со Аце Циганот. Во негово време ништо не им направи, цел мандат ја правеше црквата во с. Таор, веднаш под местото на раѓање на Јустинијиан и не сум сигурен ама мислам дека не е готова и денес. Актуелниот градоначалник од ДПМНЕ, Веле кој сега веќе ќе биде сменет беше мрчатор, требаше да работиме некој проект, а се понашаше како тој да ќе дава пари и поставуваше услови, па беше откачен. За новиот кандидат на ДПМНЕ за Зелениково немам инфо што е и каков е. Во Гази Баба кога ДПМНЕ и Тони се најранливи, Борче тешкиот ретард беше избор на LSDM. Колку што е тој утепан најверојатно дупло поутепани се оние од LSDM кои го предложиле и кои ќе го гласаат. Беше претседател на ОК на ДПМНЕ на Гази Баба, а после тоа никогаш не знаел да ја одбере победничката страна. Се збореше на времето дека јадел ќутек во Стајковци баш поради неговата сончоглед политика.
Не требаше Шилегов да иде за Скопје. Заебаа СДС со Шилегов, не го гледам кадарен за градски татко на Скопје. За другиве не ни коментирам, вмро не ги констатирам ни за избор за претседател на селски собир, камоли за општина, не дај Боже држава.
Жал ми е што Скопје од прекрасен град, стана кичерајски, пренатрупан, правлив, смрдлив, едноставно одвратен град. Жал ми е што актуелниот градоначалник придонесе за сите горенаведени придавки. Жал ми е што истиот, ќе биде гласан повторно и уште повеќе жал ќе ми падне ако победи на локалните. Незнам како има образ повторно да се кандидира. Јас не сметам дека не треба да се гради, но тоа треба да се изведе плански. Неможе од секоја куќа, зграда да никне, неможе да се прошируваат улици на сметка на пешачки зони и велосипедски патеки. Неможе да се сечат дрвја и да се садат палми, факинг палми у Скопје и истите на крај во депонија да завршат. Зошто првенствено беше дозволен увоз на стари возила, без катализатори, крнтии, ако Европа не ги сака, немора и ние да прифатиме по секоја цена. Никакви мерки не превзеде додека се гушевме цела зима, а верувам и оваа истото не чека. Зошто го осакатија Водно, зошто дозволуваат на секое ќоше да никне зграда, немора цела Македонија во Скопје да живее. Зошто не се инвестира во другите градови, не е ни чудо што цела младина бега. Уште поголема иронија да биде, суштинските работи кои ги пропушти во неговите мандати, сега сака да ги исправа, епа не фала Коце, видовме како работеше, поважен ми е животот, отколку стиропорот. И не е работата битно се гради, побитно е да се најде решение за изгубеното зеленило и загаден воздух, или пак нема златници од тоа. Не е решение да затвориме прозори и дома да седиме, незнам дали разбираш дека одиме на работа, во школо, на пазар. Незнам како спиеш навечер, ама може да помислиш на малите дечиња кога идат во школо или градинка и кога дишат од таа смрдовината. Специјална космичка правда те чека тебе да знаеш.
точна ли е информацијата која ја прочитав на еден портал дека трендо е кандидат за градоначалник на Скопје ?
(Клик) На дело интелектот и елоквентноста на кандидатот за градоначалник на LSDM во Арачиново. Каков лидер такви следбеници. Хехе, па уште монтирано било демек ќе летале тужби. Неколку километри кон југ пак, Стефковска Дракче гатачката кандидат за советник од ДПМНЕ . Со преголемата концентрација и фокус на простотилук на овие избори, се ми се чини ДПМНЕ намерно сака да ги загуби овие избори, а LSDM намерно не сака да ги добие. п.с. исправка кон мојот погорен пост, Боро сегашниот кандидат на LSDM го заменив со Борче кандидатот од минатите локални.
Абе просветлете ме кои се овие бр.6 - Народно движење за Македонија? Добив флаер и сега го читам, гледам некој си Ѓорѓи Тодоров (За Градоначалник на Скопје - еден од првите пратеници на Републичкото Собрание) и некој си Стојан Блажевски (носител на Листа за советници за Скопје - еден од првите одборници на Градското Собрание) Што луѓе се? Што позитивно може да се очекува од оваа партија и од овие луѓе?
Тие се исти како Шилегов,само ветувања а дела нема. Тие што најмногу галамаат и ги има по телевизии како што се телма,24 и ветуваат се и сешто се знае конечниот исход од сето тоа,а тоа нема ништо од тоа додека не седнат на фотељата во состојба се и живи луѓе да јадат. Види го Коце Трајановски тој не се појавува многу да ветува тој исполнува секоја чест за него,најдобриот градоначалник до сега во Скопје.
Мене ми се повраќа од овие избори на кои нема што да се избере...неандерталци се сите...па ова рекламиве.. Уфф, ми иде телевизор да искршам. Тешко на нас обичниот сиромав граѓанин, од шупливо треба да одбере празно
Губат ВМРО. Затоа се во бунило. И типично - гневни се и незнаат што зборат. Секој втор збор им е навреда и омаловажување,Божем ќе сменат нешто со тоа. Ни за опозиција не ги бидува За 14 дена овде ќе се сретнеме пак со по некој пост.. ..сакате да Ви кажам нивна реакција?! -Полнети се гласачки кутии -Нерегуларни избори -Ќе се прегласува -Ќе има предвремени избори ... Ако..ако..нека се тешат,ќе им помине. По локални ќе се растурат како Бугарска скупштина
Пишуваат билборди на албански и молат по Албанците за гласови... На истите тие Албанци што им посакуваат смрт, сега чекаат глас од нив. Јохан по затвори лежеше дека убивал цивили Албанци, ги проколнува Албанците дека ќе ги сотре и сега лицемерно остава реклами со слика негова и со албански текст. Туку заборавив дека според дпмне Албанците се племе од планина и не сфаќаат дека ги навредуваа досега, па сега мислат дека ќе ги манипулираат за гласови
Поважен е Елвис Бајрам и неговите повреди, поважно беше 5минути да гледаме како се собрани неговите следбеници и неговата фамилија пред болница, поважни беа слики од Елвис како онесвестен лежи на болничка количка...пу, Да ти се пљукнам во државава посрана, во народов исполитизиран а незнае ни П, ниту има разбирање за политика. Срамота....А ВЕЧЕРВА ПОЧИНА УШТЕ ЕДНО БЕБЕ, УШТЕ ЕДЕН ЖИВОТ ЗГАСНА И НИКОЈ НЕ ЈА СТАВА ОВАА ВЕСТ КАКО УДАРНА НА МЕДИУМИТЕ...НИКОЈ НЕ ОДГОВАрА...ЕТЕ, ГО НЕМА ТОДОРОВ НО ПОВТОРНО СМРТ ИМА ВО ПОРОДИЛИШТАТА...КАДЕ ВИ Е ТАРАВАРИ.... Сите молчите сега...