Не молчат. Излезе директорката и ја отвори вратата на клиниката за да виде јавноста во кои услови работат. Повикани се инспекции, стручни тимови за да се утврди што треба да се прави за да се најде решение. Срамота Дно. И да, има ли херој кој ќе се нафати да го среди здравството?
Ама не е запалена неговата куќа, туку се запалила некоја пекарска работилница па куќата му е само опожарена. Ова го користи сега како ,,џокер,, дека ете му ставаат сопки.
Воздухот во Македонија изгледа дојде предвреме. http://netpress.com.mk/makedonija/n...-prodava-i-vo-makedonija-instituciite-molcat/ Она што не може да се продаде во Косово нормално ќе си дојде кај нас. Уште пострашно е што никој не реагира. по 2-3 милиони на двете партии и завршена работа.
Нема некоја харизма Китев инаку 99% ќе добиеше, вака е многу неизвесно. Овој другиов 99% вработениве му се вморони, земал диплома магистер на УГД Штип , да бидеме искрени нема два реда школо. На толку тендери добиени од власта у претходниве 10 години и да нема ништо незаконско, јасно е зошто е кандидиран. Ако има нешто незаконско со тендериве...уште повеќе. Разликата на парламентарните беше 850 гласа со тоа шо ВМРО Народна е со Китев сеа, па така испод 400 е разликата,а имаше уште 2 партии шо имаа по 200 гласа плус ЛЕВИЦА имаа 300. У проценти 47-44 Многу веројатно ќе има втор круг ради Борис Давидов и негвите 200-300 гласа
Кога гледам кои мои сограѓани (од матичната ми општина) се на советничка листа па и застанати зад Заев во општината каде ќе гласам... ми се слошнуе. Тие шо не пишуваа домашни и имаа кецови уште у основно, природно глупи без развиена логика, структура и никаков интерес и визија за себе. Па да, на такви увек државата шо им е крива. Зошо бе човеков вака си направи, такви ликови да се зад него?! А баш ми е симпа. Ден работно искуство нема сем у кафиќ и спиење до 3 попладне, и он ќе ми советувал... или бил кадарен за у министерство да работи...талент. Од друга страна ВМРО ропаците бетер, исти само шо мислат дека нив им е задолжително да се битни, природно им следи мерцедес и фотеља. У Гази Баба си газат сељандрите неприкосновено ко шо кажав...Борче и се околу него, ми е толку вмро, штом искочи човекот само чита. Ќе градел градинка само во Стајковци, ама затоа калориметрите и водата на улиците прво ќе го средел у другите населби..море, море...маже и пол. А тие на врата шо доаѓаат и од двете партии. Како бе не ви е срам да портарите?! Па и кога ќе ги видам тетки по 50 и кусур години ми зборат за општината. Прееска искачам, ми збори една, и викам тука не гласам...а да те прашам, ти на советничка листа си?! Да вика. А што работите инаку? Па ништо, ВМРО ме сотреа, 14 години дома сум (14...добро, вмро) еве за партијата се борам, и почнува да вергла научен текст. И викам и добро, батали тоа, туку ти ко поединец шо ќар ќе имам од тебе шо ќе седиш у совет и ќе лапаш пари (според мене не треба да зимаат пари за да докажат дека го прават навистина од срце за сограѓаните, а не од интерес)? У тек си? Со луѓе мешана си? Знаеш што им треба на граѓаните? И пак почнува научен текст и понизна фаца. Марш! За кого да гласам бе?! За кого?! Искачам и ја гледам "светлата" иднина на општината во бланшираната коса на 55 годишната тетка од вмро или сдсм, сеедно. ЗоЖДо?! Кај се младите?! Кампањава ме потсеќа ко да сме у времето на Бранко и Љубчо. Ситните риби ми се несимпатични, крупните ме бендисуваат. Ќе лажам ако кажам дека не...ама за општина гласаш повеќе за поединци и плус си ги знаеш од по маало, па на чисто си кој е кој...и знаеш кој вреди, на кој му лепи рачето, кој врска нема. Татко ми традиционално е набљудувач. Едвај чекам гафови да слушам дур чекаме пред тв и се бројат гласови. Лани колку се смеев кога кажуваше како се зајадувале наљудувачите од партиите. Умирав од смеење. А на броење кога искочило тесно едните прпа, другите окезени.
Пекарата е во негова сопственост(или на татко му) а иначе не живее во таа куќа има друга. Поголема и поубава. Оџаците не се исчистени, па и кујната во пекарата, едно 20-тина години .. Така да се чекаше само денот кога ќе се запали. Е сега како баш овој период се случи тоа, не знам.
Толку ми се несериозни предизборните вмровски местенки што не ги ни забележувам. Само мала беба може да се залаже од нив и да поверува.
Де бе па и ти, за еден советник. Кај нас кандидат за градоначалник ставиле што ни у кафиќ нема работено. Најжално е што сите се толку гневни на градоначалникот од ВМРО (кој патем не е ни прав ВМРОвец, влегол во ВМРО само за да има партија зад него кога се кандидира) што ќе го гласаат тој од СДСМ само да не победи ВМРО. Овој од ВМРО само покажа како моќта и парите го менуваат човекот. Од угледен, почитуван и образован граѓанин стана огромна гадосија. Почна и да личи на свиња и да се понаша 'ко свиња. Од овие зла, кое да се избере?
Како може еден Села кој толку зборуваше против Македонскиот народ и после 8 години власт во Струга, каде Струга ја уништи, пак да се кандитира за градоначалник ? Нели вакви луѓе уствари нелуѓе кои се против Македонскиот народ не смеат да бидат во политика, а не пак кандидати за градоначалници ? За Шилегов, немам коментар. Мислам дека само најнеинтелигентните луѓе, оние најрасипани, само тие ќе го гласаат. Овој не е за на шалтер да го ставиш, не за градоначалник.
„Брошурата со наслов „Трикови во предизборните ветувања на политичките партии“ ги демистифицира триковите, кои политичките партии ги користат за ловење гласови, преку нивните понуди во програмите.„ http://agtis.org.mk/data/uploads/brosura-2017.pdf
Села само 4 години е градоначалник, Мерко беше 8 и пак е кандидат... Села,и покрај национализмот го подсреди градов ( тоа не значи дека би го гласала или дека сакам пак да е грдоначалник), ама Мерко направи 'ршум, ја упропасти Струга ептен...
Нова партија. Порано беа со Вмро ама после некое време се одделија. Лидерот е Бачев, професор по меѓународно право на некој факултет. Чесен човек. http://www.ndm.org.mk/ Штета за човечкиот живот. Бабе знаеш дека те сакам и почитувам, но се додека играме по нивни правила “раздели па владеј” и едни меѓу други се караме тие си добиваат што сакаат. Кога ќе дојде време јас и ти, да го завземеме заедно својот правилен, вистински став без да браниме одредени политички структури и сите оние кои не чинат, не работат и не дават позитивни резултати да ги фатиме за уво и да ги истераме надвор - е тогаш ќе ја биде нашата држава и нема да ни умираат бебиња. Кога стручниот ќе ја работи својата работа и ќе биде платен, без притоа некој да си ги става во џеб неговите пари и нема врз неговото расудување и одлуки да влијаат партиски војници, тогаш ќе не биде и како народ и како држава.
Случка за муабетов, на гости кај пријателка една, жена околу 50-тина години и се фали нели на листа е, меѓу првите, на митинзи секако во први редови е, и ја прашува мм епа добро што ќе правиш ти таму како советник нели, и оваа му одговара, ШТО ЌЕ НИ КАЖАТ ТОА ЌЕ ПРАВИМЕ. Е од такви си патиме. Не знае што работи Советот на Општината, ама битно советник ќе биде... Не дека претходно подобро беше, да не бидам сфатена погрешно..
Спојлер: 5 милиони евра наши пари потрошил Коце Кабана оградата на мостот Слобода, на која заедно со осветлувањето Коце Трајановски потроши над два милиони евра пари на граѓаните. За оградата на мостот ‘Гоце Делчев’ Коце Трајановски потроши повеќе од половина милион евра, пари на граѓаните! А па на несреќно наместените и непропорционални лавови на краевите на истиот мост, Коце Трајановски потроши над 2.6 милиони евра. Тоа значи дека само на овие два моста Коце Трајановски и Никола Груевски преку општина Центар потрошиле повеќе од пет милиони евра, пари на граѓаните“ Му го изел доручекот на студентите и му ги прокоцкал парите за на театар
Каде можам да ги најдам програмите на кандидатите (за Битола конкретно ми е)? Ако знајте за повеќето каде можам да најдам, ве молам насочете ме, сакам да прочитам. Фала ви.