Локални избори 2017

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 24 август 2017.

  1. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.085
    Во 21 век се радувате на атмосферска канализација и проширени булевари? А штом заврне дожд, Скопје е поплвен. Сериозни сте?
    Добро, а воздухот?
    Само заради ова Коце не смее пак да победи, ама вие си знаете.
    Скопје да ми простете не личи на ништо. Кичерај, ѓубре, нелист и загаден град. Ама штом сте и вака задоволни.
    А вие вмровциве што сте зачудени од пазар со гласови? Демек Вмро не се пазареше?
    Исто како двојазичноста. Затоа цела програма им е двојазична.
     
    На Luna91, Carissa, Yipman2 и 13 други им се допаѓа ова.
  2. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Демек тие сами беа, не беа со никого во коалиција:lol:
     
    На Gosh, cresa-jagoda, ludoto19 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Машки
    Ако сте партиски активисти ве разбирам, ако не сте не ве разбирам баш.
    Да, се радувам што се гради атмосферска канализација од проста причина што претходно ја немало. Сето тоа кошта пари а град Скопје има одреден буџет. Исто и за булеварите кои со години не беа пипнати. Со оглед на тоа колкав е буџетот мислам дека добро е средено.
    Најсмешно ми е за воздухот да коментираме. Тоа е прашање кое СДС го покрена пошто појма немаат од друго. Исто како со умрените бебиња сега што им се удира од глава. Еве на пример во Куманово цело време е најзагадено или во Тетово ама таму не им пречи на СДСовците изгледа. Патем ако не личи Скопје сега на ништо не знам дали го имаш посетено претходно. Тогаш личеше на паланка и имаше 6 пати повеќе ѓубре.
    Интересена ми е логиката на некои луѓе, т.е. тактиката. Демек ако искоментирам дека мислам дека Коце беше (и се надевам ќе биде) добар градоначалник тогаш викам дека човекот е цар и дека го направил Скопје како Монако. Не, Скопје има уште многу години работа да добие лик каков што сакам, да биде среден и тн. Ова што го направи Коце го води градот во тој правец. Само тоа сакав да го кажам.
    Што се однесува до коалицирањето. Никогаш кандидат за градоначалник на ВМРО не коалицирал предизборно со ДУИ или било која албанска партија. Ама еве и тоа не е проблем пошто не дочитувате - реков дека Шилегов се надева на албански гласови добиени со некои криминални шеми со подземјето (ЧИТАЈ: полнење кутии и тн.).
     
    На Abeja, orevokrsacka, zuto и 3 други им се допаѓа ова.
  4. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Искрено не сум ја слушнала програмата на шилегов,освен дека ке сади зеленаа трава за почист воздух,офф мори мајко туѓа ме срамота изеде,Коце тоа што го направи за Скопје,сите градоначални да ги собереме што биле до сега не направиле ни третина.
     
    На Abeja, zuto и carangigia им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Да се радуваш на проширени булевари, а да дишеш катран мене не ми е нормално, ама ете, вие си знаете. Цел свет се бори за намалување на сообраќајот, а вие се радувате што можете да "пичите" со 200 низ град и да газите пешаци.
     
    На Carissa, Sannelaa, Gosh и 11 други им се допаѓа ова.
  6. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Машки
    Да и јас сум за да се регулира сообраќајот во потесното градско подрачје. Ама тоа нема врска со другиве булевари што се проширија. Патем пошироки булевари поголема проточност на возила помала загаденост на воздухот. Скопје сеуште има проблем со сообраќајот кога има митинг или кога судат некого. Замисли како ќе беше да не беа проширени булеварите. А тоа со газите луѓе 200 на саат мислам дека е смешно и нема никаква врска со темава. Еве ќе видиме може Шилегов ќе дојде и ќе почне да ги тесни.
    P.S. проширени и реконструирани. Сите булевари беа во очајна состојба. И сега има еден голем дел кои треба да се обноват, само се крпат прикрпуваат.
     
    На Abeja, zuto и carangigia им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.085
    Вмровска логика, битно се гради!
     
    На Gosh, galapce, parksey и 6 други им се допаѓа ова.
  8. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Машки
    И еве уште ова - булеварите се проширија делумно и затоа што Јуллее и многу други наши нови сограѓани дојдоа во Скопје од Битола, Прилеп, Охрид, Штип и цела Македонија. Во Скопје има многу луѓе. Претпоставувам дека сега вашиот одговор ќе биде да го конзервираме Скопје и да блокираме населување на луѓе тука во следниве 20 години минимум.
    Логиката на СДС е дека ако не работиш не можеш да згрешиш и дека ако помалку крадеш не се важи.
     
    На Abeja, zuto, clen1 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.726
  10. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.085
    Јас не живеам во Скопје.
    Сега ќе ви испаднат провинцијалците виновни. А Коце, цвеќе. И градот да не ви го загадија, и воздухот?
    Кое дно сте значи.
     
    На Mishela и oblace1 им се допаѓа ова.
  11. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Деца бе, во основно...
    Јас би ги казнила родителите, се знае што треба дете да прави.
     
    На Gosh, cresa-jagoda, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.236
    Пол:
    Женски
    За прв пат ќе се сложам со тебе. Не дај боже во блиска иднина никој да "направи" толку многу за Скопје како Коце.
     
    Последна измена: 10 октомври 2017
    На Carissa, Gosh, galapce и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    13.334
    Пол:
    Женски
    "Пошироки булевари поголема проточност" - затоа во Карпош (поточно кај Сити Мол) више почнуваат во дневна и во спална да им влагаат. Која црна проточност бе дечко? Што е со зградиве на секој чекор, ни сонце ни ветре да осетиш.
    Не знам за каква реконструкција на булевари зборуваш, освен за оние во Центар, Аеродром и Карпош. Другиве населби што се? Нема проблем што у Волково уште немаат канализација на одредени места а за улици и да не зборувам. Да не те натера ѓавол да отидеш ако имаш некоја работа и кола и нозе ќе испокршиш, со кал до препони ќе бидеш.
    200 на саат е намалено во мојов дел и чак што више се вози со 40-50. Мајката му било 3 полициски коли да се од една населба до друга, секоја вечер! Нема некој што го одбегнуваат, ако го пропушти првиот ќе го застане вториот. Нема бегање. До сега не се гледаа од што возеа брзо, а ни случајно да ти текне да преминеш улица. До сега не беше вака.
     
  14. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Дај боже сите да бидат како Коце и да направат нешто за Скопје,ете ти го Шилегов гласај за него тој сигурно нема ништо да направи за Скопје освен трева да ви засади:D,и тоа е под знак прашање.
     
    На Abeja и zuto им се допаѓа ова.
  15. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.792
    Допаѓања:
    323.764
    Да не збориме на памет сега, да не бидеме тврдоглави и еднострани..(да не ги превземаме карактеристиките на опозицијата:D)

    Коце има направено за Скопје, ама не толку колку што величаат и го дигаат на пиедестал.
    Си има пехови и тој.
    Палмите се без преседан|(

    Па кога ќе чујам дека е незаменлив, тогаш:puke:
    Да...може сонцето нема да изгрее без него.

    Крај краева, нека му се даде шанса и на друг , да видиме...да направиме разлика:)
     
    На Carissa, Kitten и DAngel им се допаѓа ова.
  16. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Машки
    Не живееш во Скопје а знаеш кој треба да биде градоначалник. Океј. Инаку 20-30% од моите поблиски пријатели не се од Скопје туку од друг град од Македонија така да нема што да правам муабет на таа тема.
     
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.401
    Допаѓања:
    260.085
    Живеев. А и стварно, треба да живееш во Ск за да утврдеш дека градот е загден и дишете отров? И дека на секој чекор зграда. Аман дечко.
    И Грујо вака го идеализиравте.
    Правете идоли од политичари.
    Па ете до каде дојдовме.
     
    На galapce и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    37.236
    Пол:
    Женски
    Може и ќе го гласам. Не оти верувам дека ќе направи којзнае што, туку затоа што со мојот глас придонесувам Коцекабана да не биде избран повторно ;)
     
    На Mishela, cresa-jagoda и DAngel им се допаѓа ова.
  19. edenandrej

    edenandrej Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2017
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    932
    Пол:
    Машки
    Не ми се верува дека некој што цело време ги дели политичарите на убави и неубави ме убедува дека јас идеализирам некого само врз основа на тоа што кажав дека Коце е подобар избор од Шилегов.
     
    На Espadrila, sanjaeva, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.425
    Допаѓања:
    8.600
    Пол:
    Женски
    Како може да се радувате на било што, кога она есенцијалното го нема...чист воздух.
    Заболувањата од рак станаа епидемија и сигурна сум дека се должи на загадувањето, грижа за чист воздух е уствари грижа за здравјето на секој граѓанин во Скопје.

    А Коце го загуши Скопје, ве удави во бетон, катран и издувни гасови. Проток на воздух никаков, чист воздух кој знае кога имало последен пат. Со мал прст не мрдна за чист воздух, подобрување на квалитетот на животот на сите граѓани на Скопје.
    Само луд човек може да го гласа Коце кој ве рани со катран.
    Како не ви е мил животот?
     
    На Carissa, Yipman2, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.