Шилегов, веќе кажав, не го сакам, не го гласам. Ама јас во шишето од пепси гледам чај. Што знам, можда сум слепа, можда мозокот така ми работи па не можам ни да замислам дека таму баш ќе пие, можда е и фотомонтажа. Како и да е, среќна сум што гледам со свои, а не со партиски очи. Едит: вечер со Филип Т. ќе спијам. #добивмаица
Мене ме заболе искрено кој ќе тепа, само да не е некој пацер од Вмро. И затоа ќе гласам за Сдсм, нит ми е гајле кој ги застапува. Би гласала за Левица, али имаат мало гласачко тело, и само ќе ми отиде гласот у ветер. И излезете барем поништете си го ливчето, не ми се прајте тука револуционери и да си играте граѓанска непослушност додека некој ви го краде гласот...
Е не е фер, никогаш од кога памтам не дошле кај нас да делат рекламен материјал. Не знам зошто. Изгледа и едните и другите мислат дека сме од спротивниот табор Кај мене во Гази Баба веројатно ќе победи Тони Трајковски... затоа што овде живее убедливо најглупавиот народ во Македонија
Ма... Само за Гази Баба сум контра сдсм кандидатот како што си истакнав. Ќе бидам среќна со исход од претходни избори. Таков сељак, без позадина...не. Лаборант, никаков визионер, не може три реченици да научи да ги каже. Со 5 советници и ајт. Таа беда сака само пари да лапа. За другите општини ми е сосема се ок и се надевам дека Трчуловски во Кисела Вода јако ќе изгуби особено после простачката изјава. Таков простак, насилник и криминалец може да шета само болви и да се тргне далеку од политика. За под набљудување е, неурачуната особа е. Филип е супер дечко. Шилегов ми е симпатичен. Марин...хм... Коневски не ми се покажа баш баш, а и Марин ми е безвкусен, а во Аеродром ме засега и те како да е како треба градоначалникот. Центар Саша ми е премлад да сум искрена, ама далеку понормален и поприфатлив од опонентот. Настанот со тепањето на Елвис ми е најсмешен. Отишол да тепа, го истепале...смешно е. На врата ми се наредија сите. Имам што ви душа сака од нивните понуди. Упаљачи еден куп за плинското да си го палам три години и маици за дм за спиење, а и пенкалцата со ацетон треба да си ги избришам. И сите ги гледам бледо. Не ме убедуваат вакви потрчкивци и еднакво сум непријатна со сите. Знам зошто го прави тоа, знам дека стварно не верува во тоа што ми го зборува и се нервирам. Татко ми се што се понуди го митинг во населбата на сите отиде. Не отиде за поддршка, оди секогаш за сите избори за да се информира, му треба да ги види во живо и да си ги осети кандидатите пред да си донесе одлука. Од кога знам за себе така прави. Жал ми е што кај нас тоа се доживува дека посетителите мора да се поддржувачи на партијата. Не е баш така. Многу досадна кампања. Многу неинвентивни методи. За толку млади кои бесрамно трчаат во партија разочарана сум како не внеле свежина и интересност, инвентивност и динамика во кампањите. Фалеше уште старото добро со шеќерот и зејтинот. Од секогаш ме интересирал политичкиот маркетинг, ама се разочарувам.
Претпоставувам и ти си од Гази Баба... Знаеш ли дека Тони Трајковски е под истрага на СЈО за случајот Космос? Него ли да го гласаме? Општинава која е богата, со голем буџет, е застаната во времето, ништо не е обновено или изградено. Тоа што Тарчуловски го изјави, дека ќе просперираат само тие што гласаат за него, во Гази Баба се применува години наназад. Овде штабовите се биро за вработување. Во училиштата и градинките во Гази Баба се примаат само "горди послушнички" кои се катастрофални наставници, но затоа со задоволство одат по митинзи. Во Гази Баба ако си партиски член можеш слободно да го кршиш законот, да градиш дивоградба, да узурпираш туѓ имот, затоа што инспекторите не ги казнуваат членовите на дпмне. Во Гази Баба дури и хуманитарната помош за поплавите се дели по партиски список. Во Гази Баба, тој што ги пренасочи паричните донации кон партиска каса е награден со тоа што е претседател на нивниот општински комитет и носител на советничка листа. Во славна Гази Баба прсти има вмешано и Мијалков лично, преку фирма која ја зема и сруши млекарата и сака да гради комплекс згради кои моментално стагнираат поради истрагите на СЈО. Таа иста шпедитерска фирма е и параван за перење пари во странство и нелегална трговија и шверц. И што друго уште треба? Награда за Тони со нов мандат? Поддршка на клановската поделба на граѓаните и градежната мафија? Кој сака нека е кандидатот од сдсм, од дпмне е докажан криминалец кој наскоро ќе си лежи во Идризово.
Петре Шилегов од СДСМ ветува град без смог, за чист воздух за сите. - Целосно се посветуваме на решавање на проблемот со високата концентрација на ПМ-честитките во воздухот во Скопје. Воведуваме принцип на задолжително надоместување на изгубеното зеленило заради изградба на објекти. Во соработка со општините, ги обврзуваме инвеститорите да го надоместат изгубеното зеленило на парцелите на кои почнале градби и да посадат соодветен број садници. Инвестираме во градење зелени ѕидови од вертикално зеленило, зелени покриви и поставување прочистувачи на воздухот на неколку локации. Постојаното зеленило ќе се заштити со поставување нови заштитни гранични линии на парковите и парк-шумите зад кои нема да смее да се гради - ветува Шилегов. За ова ли да гласам за зеленило,благодарам не ми треба трева, Коце има реална програма и све што вети до сега направи,8год макотрпно работеше да живееме во модерен град Скопје и јас сум му благодарна,затоа овој човек заслужува да биде пак градоначалник.
Глупави Французи, испонасадиле треви по покриви, место да стават споменици да го личи бре. Модерни градови ли се што ли се?
Не ми се верува колку може човек да е ограничен. Не им требало зеленило, за зеленило ли да гласаат...Вие сте само за во Кина да ве прати човек да живеете со сета нивна првљаштина и загаден воздух и таму ке викате не ви треба зеленило, со гас маски ке ви е убаво да шетате. Пошто изгледа загадувањето во Скопје ви е смешка. @veteruska колку годинки имаш?
Споредбата ти е малку чудна?Ние како прво не сме Французи ниту сме блиску до нивниот стандард,така да глупа ти е споредбата. 5годинки имам фала за прашањето,да не треба матичен број и адреса да ти пишам,кажи слободно @oblace1 Дај отворете тема за мене,Досадно ми е веќе вака поединечно да ви одговарам....
Колку улици во Париз во последните неколку години се направија само пешачки... Мора да се ненормални, да им фали нешто на тие Французите. Патем, давениците почнаа за сламки да се фаќаат, светлина ќе враќале. http://faktor.mk/zaev-go-vrati-zivotot-gruevski-kje-ja-vrakja-svetlinata