Јохан го знам од натпревари. Беше еден од водачите на Комити. По доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ стана обезбедувач во влада. Значи горе доле во поглед на кариерата е сличен со добриот пријател на Зоран Заев - премиерот на Бугарија, Бојко Борисов.
Зошто мора секогаш да се одговара со контра-прашање? Еве, да ти одговорам, не оправдувам никакво сквернавење од било која страна. Него уште не можам да ве сфатам дека во 21 век се палите на поставени крстови, џамии и цркви. Ништо чудно што сме последната дупка на кавалот во регионот.
Ама едно време Бојко очи неќеше да му види на Груевски а пред месец дена се изгушкаа. А бе политика. Е па тогаш ако го кандидираат него стварно без врска освен ако не процениле дека солиден број охриѓани се имаат доселено во Центар во последниве неколку години. Не реков на тебе туку на Заев
Јас се радувам и навивам Тарчуловски да победи во Кисела Вода, имам бивши од таму, ништо добро не му посакувам
Крстови по општините? Се знае кај треба да стои крст. Страшна работа... Стравот ве убива. Видовме чаре и од цркви и од џамии, се знае кој уште се пали по такви работи..
Е да ти кажам уште крст фали, малку недовршени мали црквичиња има. На Кисела вода продавници и' требаат, да не е Тинекс, леб ќе нема од кај да си купиме во околинава на бивша Првомајска.
Се додека некој како Јохан е убиец, ќе си патиме како народ и со свој камен по глава ќе се удираме. Јас нема против и Јохан да биде градоначалник доколку не ги отвореше вратите на 27 април. Но, откако ги отвори не е достоен за градоначалник. Инаку, без таа дамка би било ок за мене затоа што кога може некој Ром со 8 одделение и купено средно да си биде градоначалник во Шутка, зошто да не може и Јохан. Повеќе почит за ликот и делото на оние кои спречија да не исколат во 2001 година, а тука ги смета, Јохан, Љубе, Ангелов и ред други. Ако има некој од Кичево, баш ќе биде таму интересно. Кој очекувате да победи?
За мене Јохан не може да биде херој, оти не е. Со почит кон другите бранители, ама не и кон него. Истото го мислам и за Талат и компанија.
Во Аеродром гледам пак кандидат Ивица, искрено јас сум релативно задоволна од неговото работење и раководење, метропола направи во споредба со другите општини, која претходно беше една голема депонија. Сите паркови ги среди, направи нови, доста од школите и градинките се реновирани, исто и улиците асфалтирани, стадионот во Ново Лисиче порано беше дувло на наркомани а сега е среден и со фитнес центар, има и доста нови културни настани. Не ми се допаѓа тоа што има малку градинки и се преполни а се повеќе се доселуваат млади брачни парови, и кој се е на висока позиција (иако ова верувам дека е од горе наредено) исто и што во Блаже Конески е воведена некоја посебна програма на настава па гледаат да си ги пикнат нивните деца таму а оние што по место на живеење треба таму да учат ги одбиваат.
И јас да прашам - Стварно бе, што корист видовме од цркви и крстови? Кисела Вода, толкава општина една поликлиника нема, они крст ќе ми граделе.
Во 2017 најголемо и приоритетно очекување од иден градоначалник ви е крст да изгради... Вие тоа сериозно ли? Ај и тука во Аеродром прво со тоа нека се зафатат, оти не е доволно што тука па баш на секој чекор цркви има. Тоа па што се восхитувате на профил на човек како Тарчуловски воопшто (не само тоа што треба да одговара за она во собрание), не е ни за коментар. И не релативизирајте, никој од никоја политичка определеност, неопределени, па ни од албанска етничка припадност што се тука – не рече од друга страна дека е пресреќен за Талат или Ахмети и дека им се восхитува, далеку од тоа.
Ја да сум верник, навреда за верата би ми било некој да стави три џебни цркви насреде улица, со фонтана у боја у среде , а уште поголема навреда ќе ми биде да се градат цркви на секоја автобуска станица, а луѓе да спијат по улици. Али не сум, за среќа. Јохан го шитна Љубе за сите пари, наместо да застане на негова страна, и се приклучи во ВМРОвскиот спин против него, кој успеа кај простото Маќедонче, кое не знае два листа извештај од извршена акција да прочита, па да види дека го мотаат. Ја у 6то одделение ги прочитав, јавни документи се тоа, и у Фокус ги има објавено. И адвокатите цело време ги имаа, али нее он кутриот Љубе го местел со тоа што кажал што се деси. И он како фрлач на жени од тераса , кои го чекале од затвор 10 години, и деца му родиле за тоа време, ќе е поголем патриот од Љубе. И мала дигресија, не секој што бил у ратот е патриот и поштен.
Гледам дека многу ве вознеми моето мислење па повторно да ви објаснам. Очекувам Тарчуловски да победи во Кисела Вода и со тек на време да биде поставен крст како што има и во други општини. Не реков дека тоа е преоритет, туку дека сакам, а знаејќи дека Тарчуловски е патриот и верник знам дека ќе биде поставен крст. Пошто атеистите (сатанистите) имаат страв од крстови па одма почнавте да коментирате. И уште нешто не е се во користа, ама еден сдсмовец во се бара корист. А, одобрувате ли тоа што Албанците го сквернавеа крстот во Бутел?
Ај не ни вади муабети, баш сакаме крстови. Еве баш ваков ако изгради, ич нема да ни смета, и ќе го гласаме дури...