Вие стврано верувате дека тревата на Шилегов ке го ичисти воздухот? јавете ми ако тоа некогаш биде. Имаше акција за засадување на дрвца и тоа благодарејќи на Коце Трајановски,додуше кога па бил воздухот чист во Скопје?Ајде да не се правиме мутави....
Јас сум израсната во општина Гази Баба.. ја сакам населбава моја па затоа нема да дозволам сдсм да победи.. Е сега, ова вмровчево е да земе човек да го мава мава и 100 удри едно брои да биде, ама овој од сдсм не доаѓа во обзир. Конкретно кај мене не направија многу вмро ама сепак паркинг, мини пазарче, ја проширија малку благоја стевковски колку да нема толку гужва накај кванташки кога се врти (пак има ама помалку) .. Бивша млекара ја урнаа, па и кам за дени да гради деловен центар.. ќе имало се и сешто ..аха мижи асан да ти баам.. Најзапуштена населба сме во тој поглед, нема децата кај да ни играат, немаме ништо па и кафичи дури не се осудуваат луѓево да отворат.. Е сега, нивната автокоманда ја средија, за друго гајле им е.. А пак идат кај нас на оган за бадник и не гледаат што ни фали.. абе мрш таму За партиски вработувања сме лидери, вода можете да ни носите сите до еден.. А Карпош мој не го коментирам, моментално немам право да гласам таму
Истото ќе се сличи со Борко. Знам и затоа кажувам. А веќе во Газибапските штабови од сдсм се применува политиката на Тони. Веќе вработувањата на голема врата се влезени и ветени се и на други кои трчаат во кампањава. Менталниот склоп на луѓето е ист таков ко на Тони и ќе се случи истото, со тоа што од почеток ќе си трпите прво да се набогатат. Да не навлегувам во дубина зошто и како. Ако сакаш реално да збориме, таа е реалноста. Не сум ни член, ни па особен симпатизер на ниту една партија и секогаш критички настојувам да гледам. Тони ако треба да си лежи, ќе си лежи и не ги спорам криминалите па и да победи има процес и процедура, ама замисли додека се освестите за новата клапа каква е колку ќе ја дооштети општината и при тоа со него заглавени 4 години?! Овој поим нема од реална работа, ни па би се снашол во технички и економски работи, затоа може да ветува што сака и е крајно неинвентивно, а на моменти и нереално. Да не се лажеш дека ќе биде поинаку со човеков. Можда си е добар другар, роднина и не знам што, простодушен. Ама таквите се најлесни за манипулација и потпалување. Во штабот таму веќе си направиле списоци кој кај претендира да работи. Нема да е поразлично, а веќе кога нема да е, барем соочи се со познатото зло. Само Стајковци ќе му биде приоритет и толку. Што не ме искоментира и за другите мајко му. Искрено не сакам доминантно да победи ниту едната ниту другата партија, не сакам особено владејачката колку и да има луѓе кои повеќе ги поддржувам него ли од вмро. Од проста причина што видовме што ни се случи со апсолутно владеење... Нас како обични граѓани не ни прави добро, туку само на тие кои се потрчковци... Посмешен пост од овој нема. Акцијата на Коце...не се сеќавам на таква...а такви акции не се проекти туку стратегии. А и како такво и какос такво немало ефект. Епа ај пошо секогаш бил гнасен Скопје да се помириме дека сме во колективна гробница и да чекаме да умреме... Отвори попрочитај каква трева е тоа и прочитај ја праксата со такви мерки. Ако имаш други решенија, оди понуди ги. Имаше трибина на која верувам не си била да допринесеш по прашањето. Приоритетна определба ми се мерките против загадување. Чуму се друго ако споро умираме?
Eх... не те искоментирав за другите затоа што ова лично ме засега како жител на Гази Баба и вработена во училиште во истата општина, со куп проблеми се имам соочено и приватно и службено затоа што едноставно сакам да бидам политички неопределена и да ме ценат како професионалец. Сакам нормална општина каде за сите важи ист закон и правила. Знам дека е такво населениево кај мене, и Борче е копија на Тони, и штапските глувци функционираат само за личен интерес и апсолутно им е гајле за зедничката добросостојба и работите од јавен интерес, како здравје, образование, инфраструктура, загадување и сл. Сепак сметам дека вмро дпмне требаше да оди со кандидат кој не е толку компромитиран и барем привидно да покаже дека си ги увидуваат грешките и се спремни за промени. И сдсм требаше да изберат подобар кандидат ако сакаат да победат.
Е, не знаев дека била албанка. Затоа по се што пишува ич не ми личеше на македонка. А, дали го гледавте најновото интервју од Села кој не нарекува варвари и други навреди кон нас?
Рекол вака: Па и рок за реализација ставил Еве што има денес. Тревичка и трње И замислете, пак се кандидирал @Silver.E зошто поттикнуваш говор на омраза? Какви се тие разлики помеѓу ЛУЃЕ на македонци и албанци? Знаеш што следи за поттикнување говор на омраза ?
Ајде сеа тие што немаат слушнато за метафори и други литературни и лирички експресии и изразувања, па се потсмеваа демек само Господ давал живот, да објаснат сега како светлината не доаѓа од сонцето туку со гласање на вемерото свето пресвето?! И нели новата ера почна од Исус, како тоа нова ера ќе почне од Груевски? Дали се самопрогласи за месија? Дали ќе има магнетчиња за фрижидер од него? Дали ќе има икони со светецот Николае други неповторлив? Дали ќе му се гради црква Свети Теологос Николае оф Мацедониа?! #прашањакоимемачат
Тарчуловски: "тука ЈА имам одговорност..." Митингаш: "тука е машинеријата" Заев: "нели ќе немаше субвенции? Е МАЛО СУТРА " и кажете ми дека не се бедни од прв до последен Машинерија цццццц
Се е бедно. Само се надевам СДСМ да добијат во повеќе општини на овие избори (ама не во премногу за да не им удри во глава), затоа што ако добијат ВМРО ќе напнуваат за предвремени парламентарни (со претседателските заедно најверојатно). Аман, доста е од избори веќе...
Порано беше кафе и локум заедно. Зошто сега вака? За минатите избори ме чекаше едно пакетче пред врата, за овие нема ништо. Неправда
И сестра ми го нашла ова пред врата, јас викам од вмро да не го оставиле кафето па да се отрујам да не можам да гласам Криза е сега, немаат пари, од дуи даваат локум, се поделиле хаха
Не е проблем толку Тарчуловски, колку оној што вика "Такаа еее" на видеото, од таквите си патиме во државава.
Мислам дека потрагично нешто од кандидативе немам слушнато многу долго време. Планирав да не гласам, ама се решив дека ќе гласам за Левица, еден глас - еден. Можеби и ќе помогне. Поголем ѓубрарник и запустено место од ГБ мислам дека нема. Бангладеш. И се што направија повеќе лошо од добро направи. Никаква функционалност немаат работите. Е, така е кога се работи без никаков план туку само за да може да речат „Ние ова направивме“. Жими Таска направиле. Битно после 5 години искршените игралишта од мајмуни симнати од планина ги направија пред избори. Браво бе. За ова само: Боже фрли цигла и биди прецизен.
Некој ќе рече дека Стинг доаѓа на 15 октомври за да одржи концерт, али јас сепак мислам дека доаѓа за да гласа на изборите.