Ај разбирам све тоа кампањите и мерењето на кој му е поголем , едно не разбирам е зашто за локални избори во Скопје се носат со автобуси граѓани од цела Македонија, не се ова парламентарни избори него локални... Ај утре сонце убаво , пред изборен молк
Саше Политико го лајкувате ....... Желудник ми се превртува од начинот на комуникација, од квази фрази, од надменост и мавање во гради, од сељачизам и глумење лудило. Аман нека бидне МОЛК.
Абе од сите градови во сите градови се носи. Што ме интересира мене кој е Скопје или Струга или не знам каде, кога јас Битола гласам. Ама мора сите да се перчат кој ќе собери повеќе луѓе. И само гледам на фб еден вмровски автобус "одиме во победа", еден сдсмовски "сигурно победуваме на 15ти", и прашувам зошто одат во др градови и никој не ми кажува. Па и за парламентарни избори исто е, ако нема митинг оди во најблискиот град, ама ако има нема смисла да се шета од град во град, па после политичарите да се маваат во гради колку луѓе собрале. И општо митинзите ми се булшит. Место некој кој се двоуми да оди и да му биди презентирана програмата, тоа е полно со луѓе кои сакаат да си видат идолите. Кога е предизборна кампања, значи коса ми се крева, сакам да се скријам некаде и да го преспијам периодов. Ама помина. :') Ама арно рече, си мерат на кој му е поголем.
Кога правеа митинг сдсм во мојот град, целосно беа затворени главните улици. Истото и за вмро беше. И едните и другите носеа автобуси, а некои луѓе и приватно со автомобили идеа. Зошто толкава потчинетост на партија никогаш не ми било јасно. Попусти шегите за сендвичите од сдсм, кога и тие раздавале. Членовите си ги влечат за уши од двете партии. Јас издржана програма не видов ни од една, ни од друга партија. Само ветувања и удирање во гради. Не ви верувам повеќе дечки. Во минатото сум апстинирала од гласање, овој пат ќе идам само да направам неважечко. Не сте заслужиле мој глас, премногу си играте со малиот човек од кој највеќе зависите. И да ве прашам вас за Скопје. Што точно ви понудија за загадувањето и сообраќајниот метеж? За јавниот превоз, за зелени површини. Ништо, така? И едните и другите, кампањата ја водеа како неспремни средношколци кои требало да ги испрашуваат, па сега импровизираат. Коце не го сакам, ама онаа ароганција од Шилегов ми е одвратна. Не знаеше кутриот дека има направено студија за загадувањето. Ајде ако не, за да се влечка процесот нека прават уште една. Дебили се сите.
Мене програмава многу ми се свиѓа само штета што шанси нема да се изгласа: https://levica.mk/wp-content/uploads/2016/09/Programa_na_Levica.pdf Посебно за бесплатното здравство, живот за земјоделците (Кај нас никаков фокус нема на ова, а цел свет пробува да се храни со органска и здрава храна. Голем потенцијал но, неискористен), намалување на загадувањето. Исто така нешто што многу ме израдува периодов беше поддршката на Левица за текстилните работници, кои шијат панталони што се продаваат по 100-200 евра пар, а на работничките толку им е платата. Да не зборам за работење и саботи и недели неплатено, немање на к15 и одмор што трае 10тина дена вклучувајќи и сабота и недела во нив. Жално. @Aquamarine93 инаку главниве нудат „зеленила“ ама за мачкање очи само, видовме што направија минатата зима, 2 дена пуштија бесплатен превоз и готово магично се исчисти воздухот. Мижи асан да ти баам. Нас ни треба истребување на главните партии и нови луѓе што знаат што прават. Бидејќи сите се инфилтритани во сите институции. Од судови до школи, што треба да биде недозволиво.
Супер е тоа што ги спомна Левица. Единствена трета опција се тие. Штета што немаат доволно гласачко тело. Кој да ги убеди оние пензионери и партиски полтрони од вмро и сдсм дека нема да направат ништо за нив? И “главните“ и “споредните“, за мене се ист партиски менталитет, со различно лого. Послични се едни со други отколку што се свесни за тоа.
Добро никој ли не се најде на оваа што чита излезност да и' каже дека не се вика 10,31 проценти? Замислете една работа да имаш и таа да ја оплескаш.
http://zurnal.net/?p=42786 И она го бара истото ко тие што ги плука. Но поентата е важна. Сдсм ќе си тепа и ќе биде пирова победа бидејќи реформаторите со членството на вмро ќр заокружуваат 19ка за да го тргнат Грујо. Гази Баба се надевам упорно се надевам дека нема да се случи тоа. На Васуљче жена му у НН Борче во избирачки. Да лапне дневница. Малце им беше.