Кај нас Сдсм тепа со сигурност, Вмро не е веќе сакано и луѓето гледат да ги тргнат,Овај стариов све испокради, а градот е во хаос и општа катастрофа, улиците не се средени, да не почнувам да наобројувам што понатака. И самите вмровци веќе се свесни за ситуацијава. Гласав за промена, да го падниме овај режим што владеј, доста беше веќе! Сакаме промена!
Во Карпош сакам да не тепа Стефчо. Само тој не воведе втора смена во градинките...од инает. Е нели е инает,да видиш народот што знае.
Стевчо сериозно ми стана поогавен дури и од Грујчо.... Пред некој ден поминав пред една нова зграда кај Алумина шо се гради.........Ми кажаа работнициве, пентхаус му прават горе, на два спрата.
Јас своето право на глас го искористив ме интересира првите пребројувања кога почнуваат ? баш ќе пратиме ситуација
Во Карпош сите му велат "здраво комшија"..оти нема зграда каде нема стан. Јас знам само 4, ама бројката да ти била двоцифрена.
Луѓе, како заокружувавте на двојазичните ливчиња? И на двата јазика истиот број или само на еден? Јас на еден заокружував а мајка ми и на двата јазика, па сега си викаме да не испадне неважечко.
Гласање традиционално после 5. Традиционално не дискриминирам градоначалници во мое село, па ќе гласам за сите. Шо па некој да ми се лути, вака сите еднакви. Посакувам да се тргнат сите лопужани од власт, а на нивно место да дојдат некои што помалку ќе крадат од народот. Ако веќе сме реални, не постои апсолутно човек кој ќе има било каква власт, а нема да поткраднува и тука нема дискусија. Има 2 категории, оние што се исклучиво крадачи за свој г’з, и оние кои покрај покраднувањето, мислат и праат ствари и за народот, кои значително го олеснуваат секојдневието од многу аспекти. До сеа не обраа првиве, да видиме вториве како ќе се покажат. Не очекувам некои огромни разлики во гласањето меѓу партиите, ама јасно е дека победата бар од поишето општини се лизна од дугачката вемеровска рака.
Јас како што слушнав на вести (не знам на која беше пуштено) имало многу мала излезеност општо во цела земја. До 14 часот имало 20% помалку излезеност за разлика од другите години. Може полека им доаѓа паметот на луѓето Само се нека е регуларно и нека се важат избориве, зашто не можам уште една тура на политички реклами и глупости да гледам по тв...Преку глава ми се. @LollySky изгледа на мајка ти ќе биде неважечко...Како што знам само еднаш се заокружува или македонско или албанско...Ако ги заокружиш и таму и таму (иако е ист број) изгледа е неважечко.
И мене СтеВчоо ми е убедливо НАЈОДВРАТЕН сончоглед,дури и кога би бил он во Сдсм би се молела кандидатот на Вмро да победи иако морам да признаам дека е симпатичен средновечен маж во живо
Јас лани бев заменик претседател во изборна комисија ама годинава не сум. Неофицијално се шушка дека во избирачките места како претставници од јавна администрација се ставени исклучиво проверени партиски членови, по "случаен избор". Барем така е во Гази Баба
Да, и истите партиски играчи - ,, независни ,, надгледувачи од Вемероу се праќани по изборни места, али не знаеле дека се преку ,, невладини ,, на список, па затоа биле и со фалсификат печати ( црни, наместо сини ) на легитимациите, па си отишле дома своеволно за да не попијат кривична.
Во едно избирачко место татко ми е заменик претседател, претставник од администрација... Кога беше на обука имало таму негови пријатели од школи/музеи... Барем за него и за тие негови пријатели тврдам дека се рандом одбрани, а не се партиски. Е сега за на други места како е, само тие знаат. Ама ништо нека не те чуди.
За Гази Баба скоро и да тврдам... Работам во училиште, и и од моето училиште и од други од нашава општина скоро сите за кои со сигурност знам дека се партиски примени, се ангажирани на избориве. Двајца различни луѓе добро упатени во партиските активности во општината ми потврдија дека многу се внимавало при тој "случаен избор" да се "паднат" проверени луѓе. Е сега зборувам за Гази Баба, која важи за бастион на вмро дпмне, ја знам и општинскат администрација и општинската изборна комисија, затоа и верувам во муабетиве. Како и да е, се надевам нема да направат некоја глупост.
Се надевам на победа на ВМРО-ДПМНЕ во мојот град. Кога беше сдс на власт до пред 4 години нити една молба на нас граѓаните не ја слушаа за се не лажеа и само нивните беа привилегирани. Предходните 4 години не беше идеално но беше подобро..
Штом е таква работата, не се надевај туку биди СИГУРНА дека ќе направат глупост Човек да не знае дали да плаче или да се смее Туку слушам по вести двајца мажи се истепале во некое избирачко место за политика да се тепаш
Se zaokruzuva samo vo edniot del , ednata grafa.Da ne ve cudi za tepanjeto, se i sesto ima, ama i ogroma e temnizjata megu narodot veke, siromastijata go tisti covekot , bez razlika na partiite , ama toa sto kultura salbo imame veke mnogu poznato i videno e .