Иако сум од Бт и немам никакви допирни точки со К.Вода, морам да кажам дека МНОГУ ми е жал ако победи Јохан таму. Не пратам никогаш кампањи, ама баш пред некој ден начекав кога не се појави на тв дуел со неговиот противкандидат, типот Филип Темелковски ако не се лажам беше, ептен ми се бендиса во неговото излагање, и речник и знаење и снаодливост....а бе, ми идеше и јас за него да гласам Ама, шо ќе си надробиш, тоа ќе си сркаш!
Хахахха ја на Сител глеам мерак ми е фацичките да им ги глеам попарени Да бе, местени се изборите Времето на бившата ни влада е ова хаххаха
Јас живеев за денот кога Влатко ќе излезе и ќе соопштува каде тепале дпмне...ама ете...немам среќа... Победивме во Чашка, и во Долно Дупени победивме, а земавме победа и во Вевчани, но и во Свирипичани освоивме победа....Ахх...колку ми недостига
Кој ќе не брани од мигрантите сеа и од 3000 муџахедини шо чекале на косовска граница и само чекале наредба за акција
Ја само наминав овде да ви кажам дека насловот ми се прочита како Љубовни избори и се зачудив пошто упорно гледам категорија Политика и настани. Не се информирам за прогрес, не се замарав со кампањи и прогнози, доволно е да се следи онолку колку што се смета дека е потребно за некојаси одлука и да се исполни граѓанската должност и право по мое. Едит: сеа видов, така ми се видело дека Љубовни проблеми и совети била тема во близина во Последни мислења.
Лудило. Се надевам дека ќе ги судат и ќе си лежат. Ама долги години ќе остане нивното дивеење, треба време сето тоа колку/толку да се доведе до ред. Стевчо касно почна да дивее (претходно не беше со ВМРО), овој нашиов со години е на власт. Ако и сега пак победи, навистина не знам.... така ни треба не ни заслужуваме подобро.
И Стевче честиташе, официјално изгубил од ,,дечкото на Боки 13 и хомосексуалната мафија“, муахахахааха (Не знам дали го видовте ова пред некој ден )
Ги обработуваат уште податоците и многу споро прикачуваат резултати, инаку тие се вистинските гласови. Веќе се знае...СДСМ убедливо води насекаде, а дпмне ги нема ни по тв да се појават машки и да признаат дека изгубиле. Ќе се жалеле сега