Во Гази Баба не знаеш дали во ВМРО штаб или на гласање идеш, си ги стаиле вмровци на кутии, абе топ Како и да е тој од СДСМ не е ништо подобар од Тони Трајковски па сè едно ми е.
За Кавадарци се знае ли нешто? Моја претпоставка е дека вмро ке победи,ама еве почнав да се изненадувам.Со Стефче на пример
Потоп за дпмне. И сега е дефинитивно, збогум никола Мило ми е што надвладеа разумот и желбата за слободна и модерна Македонија Искрено, јас очекував. Убедена сум дека и порано можеше да биде вака, да не беше целото тоа местење. Особено ми е мило за кај мене, во Карпош. Ми се наполни душава, ај честитки
Му е гајле, се наполни како брод од перење пари, за да постигне побрзо човекот переше на центрифуга пари...
На 90% од населението на Гази Баба и очите да им ги ископаш, ќе одат и наслепо ќе го заокружат вмро. Отсекогаш било така, и секогаш и ќе биде. Денес не беше ништо поразлично, па дури и тие што беа ставени како „надлежни“ се правеа дека не гледаат дека се гласаше групно наместо да се чека ред. Искрено, сеедно би ми било кој би ја зел општинава, кога воопшто и би имал друг шанса
Искрено и не е баш најдобро да водат СДСМ во сите општини од причини што таквото лудило придонесе ВМРО да се доведе до такво дереџе.
Сдсм е и во Кавадарци... Ајде, битно се заврши лудилото. Од утре пак по стара песна, кој си обезбедил фотеља ќе се шири во неа, останатите ќе си 'рмбаат за 200 евричи. Се ла ви, лец го ту Јуроп. @GrimTheReaper , во наредните неколку год дебилчињата од Сдсм ќе ги гледаме како се прават паши. Настапува нивна ера. Еден дебил од Сдсм наместо еден од вемеро, втор дебил од сдсм наместо уште еден од вемеро... и така. Тоа е судбината на Мјаукедонија.
Се согласувам. Мислам дека нема да биде толку драстична разликата. Горе/долу ќе бидат изедначени. Најдобро би било да е така За Аеродром има ли некој резултати?
Ништо, сега нема да има низ градов автобуси од Свирипичино и с. Чмарот на Светот, и секако нема да има повеќе сендвичи... Ќе ми недостигаат.
Се смени премиерот и одма се виде реално како требало да биде на избори. Без притисоци и закани, ама дпмновците не се научени вака...Викаат било нерегуларно, пошто излгеда сакаат пак да им се заканува некој како паторот. Сите имаме очи да видиме колку беше се наместено досега...Не правеа слепи при очи, епа нема веќе. Еве се виде...Нема моќ грујо да ги намести изборите и секаде изгуби...Буквално СЕКАДЕ. Нека се сокрие некаде со ваков пораз. Исчезнаа сите дпмновци.
На овие избори имаше најмала излезност според тоа што видов на ТВ. Јас сум еден од тие што не гласаше. Го отекоа сендвичарите и од едната партија и од другата по социјалниве мрежи и зборуваат во прво лице ко тие лично да победиле. Сдсм очекувано победи во повеќето македонски општини, а на Вмро му треба сервис како што и на Сдсм ќе му треба сервис ако продолжат со вакво катастрофално водење на државата. Пред некој ден се смеевме со другар ми какви се не клошари од маало станаа државни службеници од редовите на Сдсм. На еден не сакам да му го спомнувам името. Вмро во просек се здебелија по 12 кг по член за овие 12 години владеење од софри и седенки по кафани. Сето тоа им се удри од глава. Сега на ред се СДСМ да се прасат.