Од утре стара прича со нови диригенти. Искрено се надевам дека ќе се смени БАР нешто на подобро.За СЕ да се смени требаат едно 15 години сигурно. Ако не се смени ништо,ќе ме најдете пак тука,ама како ги критикувам.
Џоли, да не се лажеме, ништо не е сменето во врска со изборите. Во мојот град, кандидатот од сдсм се посрал пари фрлајќи. Така да, се си е исто. Само на народот му дојде преку глава од едни исти, па гласаше ЗА ОВИЕ САМО ДА НЕ БИДАТ ВЕЌЕ ОНИЕ. Тоа е реалноста, промени сериозни во оваа држава мноооогу тешко.
Затоа им даваме шанса да се докажат дека нема да биде ко во времето на дпмне. Секој заслужува шанса. Ама мора да бидеме реални...ако прават исто, тогаш и нив ќе ги критикуваме и ќе ги смениме. Ќе се појават некои нови храбри и млади луѓе
Морам до некаде да се согласам со ова, ама за разлика од оние другите што слепо гласаат, не има и такви разумни што доколку би брљале СДСМ на власт, ќе знаеме да ги казниме. Сепак сечија фотеља нивна зависи од нас, за било која партија. Предходните убаво се покажаа, затоа народот ги казни, е вака... Истото верувам дека ќе се случи и со Сдсм доколку истата песна ја пеат
За триесет години, не за петнаесет години, ако продолжи вака економскиот раст од 4%. Неодамна објави студија за ова Виенскиот економски институт.
Кај мене во маало има "маалска свадба" со зурли и тапани. Сите излезени распеани и весели, гледајќи ги се осеќам како да сме ослободени од ропство, па и реално после 8 години едно исто дртало... Имам некоја надеж и радост во душава. Само да не прават глупости, памет од претходните имаат! Се опаметивме после толку време, ова е шанса за промени и шанса за нешто подобро. Мрчатори и сончогледи допрва ќе излагаат, ќе се жалат и негираат.