Знам дека не го знаеш значењето на превртен крст кој се користи во христијанството. Во последно време овој крст почнаа да го користат сатанистите за исмејување на Исус Христос. Доколку си информирана знам дека не би го прифатила превртениот крст.
Свети Петар бил распнат на крст поставен наопаку (превртен крст), бидејќи никој не заслужувал да умре на истиот начин како што умрел Исус Христос. Еве накратко едно објаснување, темава отиде во оф топик, ако те интересира нешто повеќе информирај се сама или пиши во религија колку можам ќе ти помогнам
Крстот сигурно дека нема да ти донесе подобра електрична инфраструктура или пак подобар водовод и канализација. А богами нема да ти донесе исто така и работа или пак подобра патна инфраструктура која е особено важна, туку градоначалниците кои треба да ги избереме. Ниту пак Господ ќе ти се појави и ќе те благослови. Кога ќе поминам низ Аеродром ми се одмилува веднаш штом ќе ги видам тие малите црквички по улиците кои ги има дури и во јавните тоалети. Црква да, нека има, нека има и џамија ама со усул. Апла пари испраа а богами и мозоци. А реалноста е дека тоа што се направи е се (што би рекле ние со маалски збор) чкарт.
Па се гледа дека не си верник. Тоа не се џебни цркви туку параклиси (да запалиш свеќа). А ова со Јохан дека го предал Љубе ти е најјако. Јохан одлежа 8 години затвор за Љуботен. Љубе беше прогласен за невин. Од снимките од истражната постапка се виде дека Љубе се пере за се што се случило во Љуботен и практично го мести Јохан. Не одлежа Љубе ништо за тоа а заедно беа. Тоа за жена му не коментирам затоа што се е во доменот на шпекулации. Како и да е Јохан е за мене херој а некој ако мисли дека не е, барем нека не коментира освен ако не примил метак у 2001.
Во никој случај не можам да поистоветам терористи, крадци, силувачи, убијци, нелуѓе со луѓе, бранители на својот дом. Вакви перверзии не поминуваат ниту под лажно знаме на либерализам.
Така е, самата изјави дека се лизнала, не знам што има да се сомневаме. Со сила насилник го правиме тарчуловски, тој толку грижлив човек е. Во Вест на насловна бакнати ги имаше, таа како лежи а тој ја бакнал. Љубов е тоа...
Заедно се на сликите последниве неколку години сега ако има нешто нека каже. До тогаш се се шпекулации. Исто како Фрчкоски кога ја претепа жена му бивша ама еве сега си шета по дебати. Додуша за него и записник имаше ама на никого ништо.
Еве, не ја малтретирал Соња, ама ја малтретирал Радуловиќ, тоа е кажано веќе. И Фрчковски, исто срање - различно пакување.
Не би коментираа за други општини, но се надевам дека во општина Центар нештата ќе се променат. Не сум задоволна од додегашниот градоначалник и не би можела да издвојам ниту еден посериозен проект реализиран од негова страна во изминативе години. Живеам на една од најпознатите центарски улици а комотно можам да кажам дека целото улично осветлување повеќе не е во функција и во вечерните часови да не осветлуваа околните продавници и кафулиња ќе беше исто како во некоја пустелија да живееме а не во сред Центар на главен град. Реагирано е сто пати до општината, одговорот е дека уште наредниот викенд ќе биде решен проблемот. Зонското паркирање не го ни коментирам. Сакајќи да воспостават демек ред, успеаа да направат хаос. Огромно НЕ за досегашниот градоначалник, време е да му се даде шанса на некој нов.
1. Што сакаат нека бидат, никако не се пристапни, на сред булевар се, и плус со информацијава уште повеќе докажа дека се пропала инвестиција. 2. Тоа за жена му ќе имаш право да коментираш кога ќе те бутн... Пардон, кога ќе паднеш од тераса. 3. А ја мислам да се брои и по колку куршуми примиле, еве на пример најбитно да биде мислењето на Стојанче Ангелов.
Ако проработи судството 80% од градоначалниците треба да завршат во затвор за перење пари преку проекти... За локалните во Центар знам дека ќе го гласам Жерновски , за град Скопје не сум сигурен , не ми се допаѓа Шилегов ако е он кандидат. Има месец ипол до тогаш ќе видиме , очекувам многу чоколади и пенкала да ми се донесат , па ќе накачам по некое килце. За избориве , мислам дека стандард се Куманово , Струмица и Центар на Сдсм (освен ако некој Пустец не се случи) , е сега на минатите избори во 2016 Сдсм тепаа во доста други општини како и на доста места изгубија со по 100-1000 разлика , така да ќе видиме , ќе биде интересно. Во секој случај мислам дека нема да биде 55-3 како минатите избори , се надевам ... СЕ НАДЕВАМ , ги прочистиле списоците колку толку и имаат памет у глава Сдсм , нема да се дозволат работи кои ги слушавме во бомбите за изборите.... Гледам според пропагандите , Аеродром е доста таргетиран , изгледа не им е сигурно на Вмро дека ќе победат, па ај спонтани собири да се организираат. Јас би рекол све зависи колку луѓето ќе веруваат во пропагандите , видовме таа за Албанците и федерализација колку се оствари.... За Кичево мислам дека ќе се соединат Вмро-Сдсм со заеднички преставник ( се извинувам ако грешам ама мислам дека така направија минатиот избор?) во секој случај мислам дека е џабе, никој од Вмро нема да гласа за Сдсм и обратно, така да Кичево би победил некој од албанските партии , како и поголемиот дел од Западна Македонија. Па ќе напоменам локалните зависат од кој колку ќе верува на вмровските пропаганди за крајот на светот и остало , доста општини се 50-50, се надевам побрзо ќе заврши и нема да слушам веќе предизборна кампања барем 3 години.... Мирна глава без политика...
Сите што нема да гласате од Кисела Вода за Тарчуловски , ке ве фрла од балкон Шала на страна Сдсм ке го добие Скопје ( центар , кисела вода , горче , карпош , бутел ), Куманово, Битола , а Вмро цела источна Македонија со се Велес , Охрид , Прилеп ( неизвесно ) ,Штип ... Ова е моја прогноза за поголемите градови
ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ ВО Октомри ќе бидат референдумски за Македониија и за сите оние кои ја сакаат Македонија како Еднојазична и Унитарна затоа секој кој ја сака Македонија ќе каже не за политиките на погубност и продавање на државата за свои лични и туѓи интерес....СТОП за Разнебитувањето на Македонија СТОП за предавниците Главата горе за Македонија се работи !!!!
Tака само одиш на гласање, но без епилог. Не се приклонуваш никаде, а со тоа даваш амин на она што ќе одличи мнозинството. Остануваш статус кво.
Грешка си за Кичево. Кажаа дека нема СДСМ и ВМРО да одат заедно. Но, ако албанската дијаспора не дојде со авиони, можно е Кичево да има градоначалник Македонец. Колку што јас знам, Македонци во Кичево има повеќе, иако беа нагласани минатиот пат со дијаспора и купени гласови од другите малцинства. Ако има некој од Кичево нека каже попрецизно.
Go iskoristuvam moeto pravo da glasam,a realno nikoj i nikogas nema nesto da promeni vo Makedonija na izbori!