Какви убиства? Нешто да не не знаеме? Да не порачал некое убиство он? Грујо море златен алтан. Ти дрхтеше гласчето милно воздух земаш како последен пат да ти е. Охх душиче, те сардисаа овие од СДСМ со победи ваму победи таму. Помалце со анализите што сторивте бре. Секој одговор анализа па анализа. Сачекај малку тебе да те изанализираат прво, во главчето, на полиграф, на Суууд, работата во Влада и Собрание.. Покроце молим те. Викни го следен прес Влатче, не те бива тебе.
Само затоа што интернетот стана евтин во Македонија тоа не значи дека можеш да пишуваш секакви глупости и да очекуваш дека некој ќе ти поверува. Кога лажеш барем тоа нека има некоја реална мерка. Ти како искусен припадник на македонските специјални единици уште од твојата 8 годишна возраст можеш слободно да одиш да го прашаш Стојанче Ангелов што мисли за Тарчуловски. Сега се од спротивен табор, но никаде не слушнав некој од безбедносните сили Тарчуловски да го нарече терорист. Тоа само може неук интернет партиски војник да го изговори.
Читам сега наслови: “СДСМ ја освои Македонија” и слични. Не, СДСМ не ја освои Македонија. Да не се лажеме, не се они којзнае колку подобри од другиве. Да не се залажуваат, народов (барем јас) ги гласаше за да ги смени и казни претходниците, а не оти нив којзнае колку ги бива. Аман, спуштете ја малку топката и приземјете се! Треба да изодите долг пат за да народов ве гласа вас, а не контра ВМРО.
Во мојот град,доживеавме пораз.Ама секоја чест за нашиот кандидат, излезе достоинствено и го прифати поразот.Во најтешките моменти, човекот се насмеа и вика:главата горе и достоинствено носете се со поразот.Жално што сега ќе му вршат огромен притисок. Инаку бев набљудувач во избирачко место,и навистина немаше никакви нерегуларности, вмровци и сдсмовци си правеа нормален муабет (без да се напаѓаат). Честитки до победниците.
Ја искрено се надевам дека сите ние што гласавме за промени, и ќе видиме промени и дека овие нема да ни ја закопаат надежта. Дека не згрешивме, зошто не дека и имавме некој избор... Дечки, ајде малце почит, дајте минута молк за вемеро!
Имам едно прашање до овие што се дерат „Шутка не ти бега Николаааа“: А што ако го стават во Идризово?
Влатко Ѓорчев вечерва: -тепавме во читална -тепавме пред СПУКМ -тепавме пред Влада -тепавме пред Собрание Затоа денес изгубивме. Via Twitter
Шилегов е пијан од возбуда! Допрва им е пиењето, ова сега е се само од возбудааа. Мислев срце ќе го стегне кога излезе.
А Богоев пијан или нашмркан Му гледав изјава,со тој дефокусиран поглед и чешкање на носот ме замисли малку