Oф душички, никaде немa Грујo дa oди, oсвен нa некoј oстрoв дaлечен вo вилa некoјa свoјa купенa сo пaри oд нaрoдoт, мaлку релaкс oд гужaвaвa.
Нека видат и Сдсм и овие копуциве дека народ дава, народ зема. Така треба да биде. Можеби тој копнеж по трета опција ќе трае уште сто години, ама секој што си игра мајтап со народот, треба да биде казнет. Заев ја има мојата поддршка, ама како што ја доби може и да ја изгуби. Отворени очи само. Заврши времето на слепците. Поздрав добри луѓе!
Во Кисела вода е Темелков сега и женаму објави на фб,не верувам да има втор круг. Тарчуловски може комотно и да си се исели од тука само или нека си оди во Сопиште пошто само таму си го сакаат. А и да Соња добила крила за кај друг маж и затоа доби крила и за преку тераса.
Не ми се допаѓаат надворешни влијанија во нашава земја, ама ги има. И се прилично силни. Хојт Ји пред 10 дена мислам, не знам од каде ја даде таа изјава, директно посочи дека се што е почнато од СЈО мора да се заврши. Нема туку така да минат и прислушкувањата и шамарите и парите на Белизе. Не е Грујо толку моќен да избега овој пат. Еден ден, ќе биде на остров можеби, ама на некој како голи оток.
Ќе зaвршaт СЈO кaкo дa не, ќе се влечaт сo гoдини и гoдини и нa крaј нештo кoлку дa не е без ич. Дa се клaдиме зa дa не е скрoз зa џaбе муaбетoв?
Јас спомнав надворешното влијание. Имаше надворешно влијание и притисок за оформување влада? Имаше. И нема да прекинат. Намерно или ненамерно Грујо стана голем трн во око надвор од Македонија. Нема да се кладиме, ама ќе правиме муабет пак на оваа тема.
Кој и да победи, мене ми е сеедно, друго ме интересираше, па да прашам: Зошто ги сменија боите? Паметам дека ВМРО се црвено-жолти со лавот, а СДСМ се сини со розата. Сега со ова "живот за ситe" во црвено-бела боја се скроз неинтересни. Да не се држел стандард, то е чудо.
Диво насеље нема да му го опростат никогаш. Западот ја запали Југославија, ја разделија на 7, па после полеваа вода со години да се стиши бунтот, за луди Грујо да проба со наместен меѓуетнички конфликт да спашава гз. После па 27ми збор да нема. Уште тоа им фали на западот, да се разгори религиски конфликт. Има сега на клада да го спалат. Прислушкување на амбасадори му беше цреша на шлагот. Пола Европа е на раб на религиска војна
Песимист сум малку дека ќе ни се опорави градов некогаш, ама барем за прашањето со Рек и воздухот да се заангажира повеќе новиот, т.е новата градоначалничка. А за разликата не очекував толку голема да е, скоро дупло повеќе гласови има Наташа.