Значи драстична разлика. Ти благодарам за инфото..да се јавам да честитам..да се "огребам" кај новиот градоначалник
Конечно се стивна со прославите во мојот град, па мала анализа. Победата на сдсм е резултат на разочараните вмро-овци кои толку многу ги притискаа, за на крај да гласаат за својот опонент. Некои и јавно го признаа тоа. Не наместија нов кадар, туку фураа со стариот и самите си го зададоја најлошиот удар. Ако Грујо не си даде оставка, партијата им пропаѓа начисто. Мило ми е за победата на сдсм, ама едно знам. Апсолутна власт не е никогаш добра работа. За време на шарената, се случи една прекрасна работа. Многу луѓе се ослободија, го изгубија стравот и пишуваа отворено за проблемите во својата општина. Се надевам, дека нема да се ухлебаат на функција, па да ја замаглат критичката мисла. За да не ни се случи вмро никогаш повеќе.
Белким ќе се работи разумно сега. Без разлика кој дојде на власт се надевам ќе си ја оправдаат довербата на народот.
Остана уште на Хорхе да му испеат „балада за крај“, па после можеби лицето НГ ќе размисли за оставка. Не оставка, ни бришка не му е доволна. Ненормален лик.
Груевски кажа дека презема одговорност за резултатот. Во доста општини ќе има и втор круг. Веројатно ако даде оставка сега, ќе ги демотивира фолоуверите. Оставка ќе даде после втор круг. Не губи малку. Дебакл е. Време е за одговорност и внатрепартиски реформи. Ги слушаме ДИК со брат ми и се превртуваме од смеење. Едниов на средина чита, таа десно едвај очи чува отворени, фаца прајслес а другиот лево спие со отворени очи.
Коментар од профилот на пастирот, секако дека не му е лажен профилот. Се кае зошто Гвујо крваво не ја задушил шарената револуција. Е ради ова ве мразам од дново на душава. Психопати едни.
Од Сарај уште тенк што не пукна, се останато слушнав. Пукајте луѓе, радувајте сее! Многу ми е мерак што Заев апелираше на одговорност и чесност, смирено и сталожено. Шилегов видно возбуден скока ли скока по сцена. Мислам дека на сите вмро овци им беа спакувани куферите и си чекаа само резултати. Кој фати прв лет фати. Кој не.. Со лесно.
Џабе се правите некои експерти, само едно никако не научивте дека та сдсм биле, та вмро, за нас народот ташак
се радуваме ама од вакво потенцирање и разделување нема ама баш никаква потреба зошто се уште постои право на личен избор нели? вмро овци,сдсм овци исто ти е
Па ташак за нас, оти поголеми ташаци од нас нема. Да се надеваме дека нема да чекаме да не ребрат 10 години па да ги мењаме. И баш сеа Левица треба да се активираат и да реагираат на секоја заебанција, за да биде еден ден опозиција од нив, па и више. А не Апасиев на билборд со слика профилна од Фб со волнена капа, а кандидаткава за Градоначалничка на Скопје со алтер егото Марија Џоунс ко за порнич. Со кој памет бе? Ни вие не сте за гласање.
Што е со тие написи пред некоја недела во Слободен Печат дека наводно лидерот на ДПМНЕ намерно одел кон губење на изборите, за по истите да му фрлеле појас за спасување (од странство ли, или домашната власт или некој трет не знам)? Така барем гласеше насловната.