Што да очекуваш од луѓе крајно неинтелегентни и зависни од политика? Дека ќе гласаат рационално? Многу добро знам какви луѓе виреат таму, исповработија се живо и диво, сега ќе ги глсаат и оро ќе играат. Глупаци! Не им требаат нормални улици, со гумени чизми ќе одат на работа, ама битно ќе одат. Инаку се плашат дека ќе ги избркаат од незаслужно стекнатите работни места, а не се способни да најдат нови. Ете од вакви си патиме. Мене моменталнава ситуација ме загрижува, искрено. ВМРО требаше да се казнат, ама и ваква драстична разлика не е на арно. Ќе добиеме ново ВМРО. Нека берат памет Зајко и компанија. Се надевам дека овој пат ќе бидеме паметни и ќе ги казниме ако почнат со ВМРО-вските политики и однесување.
Не се сите по ваш терк калемени со по 3 “чамци за спасување”. Јас само една книшка имам, здравствена. Ајде назад во реалност. Факт е дека општество во една партиска боја навидум изгледа, ама не е воопшто идеално. Потребна е силна опозиција која ќе и диши во врат на власта за да првите не почувствуваат тотална и апсолутна слобода да праат што сакаат, како што впрочем гледавме години наназад. За поздрав е тоа што вемеровци се одважија и го казнија Груевски. За поздрав се и реформаторите. Вмро во секој случај му е и те како потребно на земјава. Ама, дека вчера било фер-плеј, тешко тоа. Може не беа “пустец” - нечесни, ама па дека вчера изборите беа “вирџн мери” пречесни - мало морген. Мислам на сите ни е јасно тоа. Промени сакавме. Ете. 4 години се пред нас да видиме што ќе се дешава, ако не ни чини, избори во секој случај пак ќе има. Ние што гласаме за промени, не ни е проблем пак да гласаме за промени. Нас не не врзува партија, нас не води слободна мисла.
Ова беше ненормален нокаут за ВМРО! Мислам дека си го изеде од своите, традиционално вмровски македонски општини, гласаа не за СДСМ, туку против Грујо! Сликава на МК, скоро цела плава, не е на најарно, апсолутна власт за Македонија ваква каква што е, не е никогаш добра идеја, Македонците не знаат да се носат со апсолутна власт, уште треба да учиме и да развиваме свест. Затоа за памет, ни требаа 10 години за ВМРО да доживее ваков нокаут - сега сме поспремни побрзо да реагираме!
Јас лично сум разочарана за некои навистина добри луѓе кои изгубија од навистина расипани луѓе (и пијаници). Зошто не се цени добар човек, не знам. Крај краева мене лично побитно ми е човек-личност за градоначалник него човек од партија. Само едно имам да кажам, да не се мижи на глупостите кои Заев допрва ќе ги носи во Мк (а, на големо ќе ги има, еве времето нека покаже). Ако сте трпеле 10 години режим, ај бидете искрени и препознајте дали допрва ќе има режим и ако Мк фаќа удолница, не молчите ! Крај краева, сега сите ќе си седнат во фотелја, ние народот да видиме што ќе правиме !!! И една забелешка, случајно го завидов Б.Героски на гости во Канал5. Значи Канал 5 не можеше помизерно да падне (додуша падната е таа уште кога дојде на власт Заев). Еднаш си со едни, па апла со други. Ние народот нафта пиеме ? Дајте бе една тв која е нормална.
Тие кои што упатуваа издржани критики кон ВМРО, кои се неопределени и размислуваат со своја глава (во кои се надевам спаѓам и јас) ќе ги критикуваат и СДСМ. Таквите луѓе (иако не се мнозинство, за жал) не можат да се купат со ништо. Останатите подлизурковци кои до вчера ги величеа ВМРО, ќе ги гледаме како сега магично ги менуваат боите и ги величат СДСМ Тоа е, таков народ сме. Треба да поминат години додека се репрогарамира свеста и додека се сфати моќта која ти ја дава сопствениот глас. Ќе дојде и тоа време, барем се надевам
А каква е состојбата во Кавадарци,дека цело време се менуваше бројот на гласови де за едниот,де за другиот. И да, во право си,не треба ново Кратово
Официјални резултати во Град Скопје и скопските општини: 1) Центар(победа на СДСМ во прв круг) СДСМ - 17.899 / ДПМНЕ - 8.089 2) Карпош(победа на СДСМ во прв круг) СДСМ - 20.334 / ДПМНЕ(ГРОМ) - 12.735 3) Ѓорче Петров(победа на СДСМ во прв круг) СДСМ - 13.133 / ДПМНЕ - 10.480 4) Кисела Вода(нема информации за втор круг) СДСМ - 15.040 / ДПМНЕ - 13.882 5) Аеродром(победа на СДСМ во прв круг) СДСМ - 17.447 / ДПМНЕ - 14.840 6) Гази Баба(нема информации за втор круг) СДСМ - 17.544 / ДПМНЕ - 16.517 7) Бутел(нема информации за втор круг) СДСМ - 10.042 / ДПМНЕ - 7.844 7 )Шуто Оризари(нема информации за втор круг) СДСМ - 3.744 / ДПМНЕ(СРМ) - 3.592 9) Сарај(нема информации за втор круг) ДУИ - 7.963 / БЕСА - 4.582 10) Чаир(нема инфромации за втор круг) ДУИ - 11,841 / БЕСА - 10.188 За Град Скопје резултатите се следни Петре Шилегов(СДСМ) - 134,498 / Коце Трајановски(ДПМНЕ) - 96.065. Сеуште се пребројуваат гласовите во неколку избирачки места...
Е ова се вистинските зборови... Луѓето од вмровските општини не гласаа за СДСМ, туку против грујо. И наместо да го избркаат од партија (зашто тој сам не си оди), и да стават некој асален за претседател на партија, некои поединци уште ќе го величат царот... Па уште се лутат кога им се смееш у фаца. Некои викаа не се слушал народот? Епа еве го изборот на народот без притисок и закани.
Ако е навистина вака супер. Несакам робијаш за градоначалник на мојата општин доста ми е од глумци па и робијаши сега.Незнам како му дозволија воопшто да се кандидира
Новата ера заврши уште пред да почне. Избориве ме потсетија на натпреварот Германија-Бразил од Светското 2014. Не знам зошто ама денеска вмровциве како попарени ми изгледаат.
ДПМНЕ не само што доживеа пораз, туку и огромен шок и неверување дека е можно нивното членство така да ги предаде. За прв пат вчера за време на пресот Груевски призна дека ќе преземе одговорност за лошите резултати, но заборави да каже дека тоа ќе се случи и без оглед на неговата одлука дали ќе го напушти местото со добра волја или не. Реално не знам дали воопшто постои општина во Македонија каде ВМРО извојува сигурна победа наспроти СДСМ ..Што е показател дека членството освен што е незадоволно, воедно е и разочарано од ненавремената промена на внатрешните редови на ВМРО. ДПМНЕ требаа ова да го очекуваат и благовремено да дејствуваат ако мислеа да бидат достоен опонент. Но, наместо тоа тврдоглаво продолжија да предложуваат градоначалници и советници со врски. Не го забележаа недостатокот од квалитетен кадар, и ги одбија шансите за помош на активистите кои изминатите месеци работеа и се трудеа во нивно име. Се` на се, мислам дека во одредени општини каде постои можност за втор круг истата ќе биде залудна. Не знам само што се случи со Лисиче, Бутел, Петровец и Кисела Вода? Ќе има втор круг во некои од овие или слабо?
Јас последно што слушнав од свекрва ми беше дека сигурно ќе има втор круг, разликата била 130 гласа во предност на ВМРО, а пак советничката листа на СДСМ имала околу 500 гласа предност. Таму ќе биде неизвесно до крај.
Гази Баба втор круг рекоа.. Јес да не ги сакам вемеровциве ама ако победи овој кандидатов на сдсм во Г.Б ќе ни ја дорасипе општинава. Ќе се посвети на Хиподром 2 и Стајковци со околните села, а нас кој не врти И не верувам дека има капацитет човеков..