Тарчуловски патриот и херој? Да не се лажеме. Понефер човек од него нема. Полн его, а ниту тронка акал и способност за расудување. За лежењето во затвор колку било(не)праведно е башка муабет. За Кисела Вода ништо не направи дотичната Туфи изминативе години додека беше на власт. Жими два три патишта асфалтира и толку. Сега ако дојде Јохан, ќе се урне населбава. Елена Темелкова уште бетер. За ништо не ги бидува ни едните ни другите.
А Филип Темелковски, на Зоре синот, што мислиш, ќе го биднува ли него!? Елена Костова е, си згрешил нешто.
Јас ке се молам на бога да не победи во општина Карпош оној подржикоња, волот Стефчо...уффф, колку тој човек се наполни пари, колку лажни дупови даде...
Бирај помало зло. Инаку прешкртано ливче ништо не значи. Зависи кај живееш, ако живееш во мешана општина твоето статус кво е плус повеќе за другата партија која се бори за превласт. Се гласа и за советници, не само за градоначалници.
Немам поим кои се Д и В. Јас ова од кулоарски муабети..да не мислиш којзнае колку сум упатена во кандидатурите
Знаеш како му е прекарот во Општина Карпош? Комшија, нагалено „Комши“. Зошто и самиот веќе не знае колку станови има.
Во мојата општина може да добие само Албанец ( бидејки се во големо мнозинство) , и не гласам за Албанец зошто е Албанец, туку две децении улицата кај што живеам е во катастрофална состојба , и не ја асфалтираат ! А да знаеш што советници има уште да ги гласам... Можеби и воопшто нема да излезам да гласам...