Локални избори 2017

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Rexona.., 24 август 2017.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    А досега мислиш не им било скурчено?
    Им било преку глава и тоа како, ама мораа да излегуваат и оро да играат зашто им се закануваа.

    И сега веќе на сите ни е скурчено ама разликата е во тоа што нема веќе притисок и затоа е помал бројот на излезеност.

    А за на претседателски мора да соберат сила, да излезат и да изгласаат некој нормален инаку пак некое дрво ќе ни биде претседател....плус може заедно да бидат и парламентарни избори... И така се загреани.
     
    На galapce, JuLleE и Justicija им се допаѓа ова.
  2. Albertos

    Albertos Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2015
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    400
    Вистина за Левица? Каде прочита? Баш се радувам ако е точно ова.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    3.379
    Допаѓања:
    78.124
    Пол:
    Женски
    Не знам дали ќе се напише друг пост кој повеќе би ја опишал реалноста. Ама и не е дека вмровците не излегле да гласаат, туку сега убаво се гледа дека се полнеле кутии до сега, на сите можни начини. Изборна единица 3 им беше бастион на дпмне до скоро, за сега да изгубат со 20 000 разлика. Исто и во 4тата, им ги нема околу 25 000 гласови. Во цела Мкд, 120 000 гласа им нема. Вечер ќе седнам и ќе направам споредба во сите општини. И процент на излезност.

    И конечно време е да се направи попис. Со самото државјанство имаме право на глас и сме во список. Треба да се направи попис за да се види колку државјани се во Македонија. Колку се вработени, а колку не.

    Бројката од 45 000 неважечки ливчиња е сериозна.
     
    На oblace1, Црна Ружа, AURUA и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Значи не ми отишол гласот за џабе.:rofl:Не се чудете за неважечките, и јас прешкртав тоа за Аеродром што ќе гласам за едни лопови место други нашава држава и онака нема од кал да излезе никогаш.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    На Albertos, JollyGirl, Yowannty и 2 други им се допаѓа ова.
  6. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Уште полошо, па дефинитивно да ни ск*рчи од избори. Секоја година парламентарни |(
     
    На AURUA, Emy867, JollyGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.296
    Допаѓања:
    259.315
    Мала беше излезеноста оти Вмро не излегуваше, а немаше со што да ги заплашуваат и вадат.
    Генерално изборите беа фер, се виде правата волја на народот, ни во Сдсм не очекуваа ваква победа. Особено во Скопје.
    И доста со албанските гласови. Југот и истокот се чисти општини, речиси секаде победи Сдсм во прв круг.
    Народот си кажа што имаше.
     
    На oblace1, cresa-jagoda, Mishela и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Michelle*

    Michelle* Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2017
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    838
    Пол:
    Женски
    свет је леп када сањамо:music::music:
    сдсм крајно изненаџени не очекувале дај не ме заебавајте
    сите би сакале да е вака ко што велите.но за жал не е.
     
    На shz му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.594
    Пол:
    Женски
    Туку, друго нешто што никој не го коментира. Право на глас имале 1.800.000 и нешто таму луѓе. Зарем 100, па еве и 200 000 нека се, се млади и без право на глас? Зарем ние сме толку “стара” држава. Патем под тоа мислам на стар народ, а младите се губат некако во таа бројка. Ептен ми се виде тажна оваа информација...
     
    На butterfly6223, mimiiiii, AURUA и 2 други им се допаѓа ова.
  10. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.335
    Допаѓања:
    18.233
    Пол:
    Женски
    Со оглед на фактот што последнава деценија има масовно иселување на младите, а и сѐ уште ќе има, оваа информација воопшто не е изненадувачка. Во поголемите градови тоа можеби и не се забележува (толку многу), но во помалите гратчиња и села веќе и да не е останато народ.
     
    На crimson, celineparis, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  11. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    А вие неопределените, зошто воопшто реплицирате во тема која се однесува на политика, што се замарате воопшто. Неможам да го разберам поимот неопределен и не се замарам со политика. Во земја на ниво на Скандинавските земји белки, ама во Македонија каде политиката е навлезена во секој сегмент во животот, и те како ќе се определиш. Што имаш да кажеш за загадениот воздух, за здравството, за криминалот, за урбаната мафија, се е тоа политика и токму вие неопределените што не се замарате, не излегувате на избори или пак поништувате ливчиња сте бетер од оние тврдокорно определени.
    Не живеам во Гази Баба, али пошто си многу упатена, просветлине зашто да остане вмровската багра?
     
    На Justicija и poenta им се допаѓа ова.
  12. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.860
    Допаѓања:
    32.474
    Пол:
    Женски
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.839
    Допаѓања:
    163.283
    Зошто сакаме нормална држава.
    А чистиот воздух ако сметаш дека не е право на живот туку политика и дел од политичка пропаганда ти имаш сериозен проблем и токму ради вакви сувишни и тривијални изјави и ставови не сакам да припаѓам во ниту една партија.
    Зошто сметам дека секој паметен човек е флексибилен и независен, знае што сака и има право да го менува своето мислење за сечие и свое добро, а не слепо да се залага за партија која некогаш оди и контра народот (како што видовме со вмро).
    А и Заев рече ќе не прави Скандинавија на Балканот. И го очекувам тоа. Ако сите мислиме ко тебе онда нема да има реален сектор и ќе пропаднеме зошто нема кој да работи, сите ќе цицаме од државата. Треба да им кажеш фала на таквите ко мене што не ви се мешаат у штипки за да имате леб да јадете ем да не ви конкурираме, ем да работиме.
    Извини вака ама звучиш ко да си од вмро. Порано да си за сдсм значеше да си интелектуалец.
    А дали јас сум излегла или не и како сум гласала како поединец...не те засега баш... ама гласав онака како што сметав дека е исправно, различен градоначалник и различен совет освен за свое и за твое добро. Гледан ни е филмот.
    Се додека се потценува улогата на советите општините ќе патат.
    А за Гази Баба ќе искочи на виделина...ко денес за 10 години. Носителката на листа не ја коментирам посебна прича е, а остатокот треба да им побараат документи за соодветно образование и биографии, да се попраша по комшилук што луѓе се (ко на времето за на воена академија што правеле), па после да се избраници на народот. 90 проценти луѓе без интегритет, образование, искуство и без идеи, партиски војници кои ред редум веќе фамилијатно пикале луѓе по админстрација. И тетка со средно у Моша пред 40 години која повтарала година не е баш човек за во совет, рецимо, мал пример, да не почнувам за џаболебарите и барабите. Меѓу нив не се само од сдсм туку се мешани по состав од други партии.
     
    Последна измена: 16 октомври 2017
    На YoungandBeautiful и zhap4e им се допаѓа ова.
  14. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Мислам дека е од некое село накај Стајковци, сигурно ќе вложува таму.
    Ќе преместувал автобуски, ќе правел гасоводна мрежа, а у меѓувреме кај нас на улица нема ни атмосферска канализација па кога врне улицата се поплавува од еден крај до друг. Цигли се местат за да се оди по нив.

    https://www.facebook.com/BorceGeorg...Vt9ISOG0Bp4x4ggPMcJibGEGtNmMsrcN5QxeA&fref=nf

    Гаранција за млади, вработување, пракса?????????? Едвај чита од листот, којзнае да требало да збори како би било, буква по буква?
    И луѓево позади него не сфатив што се?

    Ми се плаче за моето општинче.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.202
    Пол:
    Женски
    Рајата покажа колкави глори хантери се, секогаш гласаат за тој што ја држи власта. :D До вчера патриЈоти, од вчера модерни Европејци. Фино звучи тоа второто, ама само звучи... од секое дрво кавал не бидува.
     
    На Ambitious, Yipman2, EarthFire и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.756
    Пол:
    Женски
    Вчера цел фб ми беше преплавен со слики по клубови каде слават победа. До пред тоа, никој не би ни претпоставил дека биле во партија.
    Мизерија е мал збор.
     
    На sjdgo, ADOKI и Lilit им се допаѓа ова.
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.594
    Пол:
    Женски
    Тоа и ми беше поентата. Кога/ако се преброиме некогаш, баш ќе излезе дека сме држава на возрасна популација. :worried:
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.839
    Допаѓања:
    163.283
    А причава со гасифицирање на општината е лага.
    Тоа оди на ниво на град Скопје.
    Борче вода у очи нема, ама Скопје и да не е он лично црево до дома ќе ви пушти.
    Ако ви е до толку против криминалецот (факт) Тони, Борче е ок, ама контра тежа советот вмровски за да не забега. А ќе забега ако им се даде цела воља.
    Борче е лаборант луѓе...ок си е тоа ама нема поим од економија и управување, нема високо образование и три реченици не знае да ги прочита како треба, не па да каже сам нешто паметно.
    Живее во Стајковци и таму ќе си прави се. Потекнува од селото од кај што ја почна кампањата со убитачниот говор, се пикна во црква па искочи демек доблесен за политика надвор ќе зборел. Се трогнав. Да не веруваш дека е од сдсм... прав вмро, демохристијанин.

    Кисела Вода, убедена сум во Филип. Јохан ќе се моли на членството да не му се свети, со братот Орце грозниот ко носител на листа. Се плашам да не се занесе у нервоза од поразов да не ја утепа овој пат Соња. Неурачунато створење.
     
    На x.Daisy.x, cresa-jagoda, DAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    Сакаш нормална држава, а како се залагаш ти како неопределена да направиш нешто за нашата држава? Ви пречат определените, оние кои вака така барем се некакво гласачко тело кое се стреми за промени, кое јавно го изразува своето незадоволство и кое се бори за подобро утре (надежта последна умира). Туку Вие, незадоволни сте, коментирате, потценувате, синкир мислиш интелектот ни го утепавте. Не драга, ти си багаји определена, иначе немаше да седиш тука да типкаш по тастатура и да си ги трошиш нервните импулси на мене.
    Незнам како си ми ги испревртела зборовите, но еве ќе ти упростам-загаденоста е чисто политички производ од следниве причини: увоз на стари возила, нелегално изгласани дупови, потплатени архитекти,нагласена миграција во главниот град, сиромаштија која резултира со користење на пластика и разно разни штетни материјали за греење, подигање на културата и свеста на народот и нивно соодветно казнување, уништување на зеленилото на сметка на инфраструктурни решенија онаму каде само лакомиот може да посака, фабрики во урбани средини, забрана за движење товарни возила, стимулација на граѓани за користење на плински продукти и возење велосипеди, редовно чистење и миење на улици и булевари
    итн. Да, лошиот менаџмент на животната средина, читај-политика, е виновна за состојбата на загадување. Ако сакаш до утре ќе дебатираме на оваа тема, но нема да ме убедиш дека грешам доколку инсистирам дека токму коруптивното однесување беше двигател кој резултираше со енормното загадување.
    И те молам доколку не ме познаваш да не тресеш зелени како јас заработувам и дали ти на мене лебот ми го даваш, премногу филозофираш и фрустрираш. Пак ќе ти посочам за да не се збуниш, ни ВМРО ни СДСМ не ми го дава лебот, уште помалку ТИ, која си ти уствари у причава??!?!
    А зашто упорно ми збориш за Гази Баба, појма неам, нит живеам таму, а уште помалку знам кој се кандидатите.Поздрав, до интелектот на СДСМ.
     
    На galapce и malerozna им се допаѓа ова.
  20. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    14.018
    Пол:
    Женски
    Во Гази Баба вмро дпмне доби мнозинство во советот, само не знам дали и за совет важи втор круг на гласање или ќе останат вакви резултатите.
     
    На Lilit му/ѝ се допаѓа ова.