Могуќе е да почнал со кампањата. Татко на нацијата... Да бе...споделува здрави рецепти за бебиња. На други постови просечни бројки на коментари и лајкови. Ама кај негоооо....
И @ludoto19 ќе му биде личен асистент зошто му е фан намбр 1и долго време имаше аватар со култната слика Зарем човеков се занесува дека може да допре до функцијата претседател? Смешки. Мене типов ми личи како да е тукушто излезен од исцелителска сеанаса на Иван. Брррр
Да не биде ептен надвор од темата и да не какаат другиве после по темиве кај модераторите за тоа како сум одел надвор од темата и сл., си го избришав мислењето. Ова е ново мислење. Груевски нема што да брои, а богами е фатен исто така и во тесно. Единаесет години се прикажуваше како разумен водич на неговото стадо а богами и на државава и сега ако сака да ја сочува таа слика пред народот и пред неговите сопартијци ќе мора да даде отказ зошто ова е најголемата шлаканица што ја примил досега. Ако не даде отказ само уште повеќе ќе го уништи сопствениот имиџ а и имиџот на самата партија и ќе ја повлече самата партија уште подоле.
@Lilit Прво незнам зашто ми се обраќаш во машки род, анализиве на карактер ти се ко на Јоци пред локални. Признавам имаш новинарско перо, истовремено звучиш повторливо, празно и неаргументирано. А прашањето која си, беше реторичко, немам намера воопшто да дознавам која си и што си. Туку во твоите филозофски цитати, многу семоќно ги застапуваш твоите неопределени интереси до тој степен на приватњак што рацете му се пуни жуљеви да му кажуваш дека од таквите ко тебе го вадиме лебот, индиректно можеби, како потрошувач, но не ми зависи мене местото од партија, уште помалку од држава. Незнам колку пати само да ти објаснам дека не сум член на партија, или упорно ми ги прескокнуваш тие делови за да истраеш во твоите аргументи. BTW со самото тоа што си заокружила некаква си бројка, махинално си определена, нели ако си неопределена, најверојатно си неопределена, а и некако ми имаш про-сдсмовски шмек, али добро нек ти чини, ако сметаш дека нешто си на некое повисоко еволутивно ниво од нас определените, нек ти биде.
Успешните луѓе си даваат отказ кога се на врвот на својата кариера. Потоа одат да освојат друг врв и повторно да се на тронот. Груевски закасни со отказот.
Не му е доцна сè уште, но ако и после ова одбие да даде отказ ќе ги однесе него и партијата цунами...
Добро. Да, сметам дека луѓето кои не дремат во штаб и паѓаат на моќ и сметаат дека избори се како фудбалски натпревар имаат повисоко еволутивно ниво. До тогаш...ќе кубуриме во личната мизерија. За родот. Освен боите на сликата друго не те оддава што си, а бојата не ми е императив. Нема да се откаже сам. Нарцис и психо кај има способност да се види реално? Ќе го сменат со сила. Му се спрема судбината до понеделник. Вчера во штабови членството му славело и си пееле Шутка не ти бега Никола...
Немаше на нивната страна ништо известување, но баш ми е мило. Покрај толку лажговци и пијаници редно ќе беше да имаме и некој арен. Туку дали знае некој што се случи со напаѓачите на Стефче. Или ќе се замижи и за ова.
А бе Битер, си избришала постот, а таман ќе те цитирав. Еве до каде беа спремни да идат. И појдоа. Гад блес јутјуб енд интернет.
За жал се покажа дека малкубројни се поштени и чесни граѓани во Р.Македонија. Си ја продаваат душата за ситни пари на ѓаволот. Овде мислам на оние поткупливите кои преку ден глумат карактер. А, оние кои општо ја подржуваат Сдс ми се пиши пропало. Толку дегенеричка, расипана и криминална банда да подржуваш е показател на кое ниво треба да е паднат човек.
Апсолутно се согласувам. Да подржуваш дегенеричка, расипана и криминална банда е показател на кое ниво треба да е паднат човек.
Разговарам со пријатели и сите ми велат: Леле, не можеш пола збор да кажеш против Заев. Одма ќе те направат расипан Вмровец (дури иако не си за Вмро) Јас им велам, дојде време да не смееш дури ни да си неутрален. Пак ќе те пцујат овие за слобода што се борат. Ако Груевски е криминалец за Сдсмовците, така и Заев е аболициран криминалец за Вмровците. Од Вмро остана само Дпмне, а Сдсм стана Сдсш. И не е нормално ако не си за никој од нив ????? И ако си стварно за правда и велиш - никој не е арен, ќе те направат ненормален. Епа напорни и досадни сте. Пријатно
Никаде не спомнав партија, само се согласив со твоето дека Ти сама си претпостави партија, и поврзаост, и ненеутралност, исто како што не сакаш тебе да ти претпоставуваат