Во моментов ми се интересни членовите на СДСМ, се дуваат како пауни демек газат се живо, најјаки биле, итн... Полека малку, спуштете топката. Да разјасниме една работа, не победивте оти сте незнам колку добри, туку оти Гвујо и МВРО ги преминаа сите граници. Повеќето од гласачите не гласаа за вас, туку против Гвујо. Така што.... смирете се, фатете работете и оправдајте ја довербата која ви ја дадоа гласачите. Лесно може да ја изгубите. Не верувам дека овојпат ќе чекаме некој да не мафта 12 години за да го смениме. Барем јас нема да чекам, на следни избори ако не покажете резултати, ќе гласам против вас! И пренесете му на лидерот, да си ги собере тоа глутницата бесни кучиња низ социјалниве мрежи што се караат со се живо и диво кој ќе упати критика кон нив. Критики ќе има и тоа многу. Помирете се!!!
Гласачкото тело во МК е дувни ветре, нестабилно и превртливо. Во САД на пример, кога има гласање, повеќето разгледуваат и дебатираат на основа на тоа што нудат демократите и републиканците во нивната програма и како тоа ќе влијае на нивниот живот. Кај нас дебатата е кој е полош, кој помалку зло и криминал направил, како подобро да се дискредитира другиот лидер, се идеализира својата партија, а се оцрнува по секоја цена другата, нема конструктивна критика, нема самокритичност, нема признавање вина итн. Ич не ми се гласа, али гласам. Со вакви опции, не е убаво долго да се заседне некоја власт и подобро е почесто да се мењаат.
Се извинувам тогаш. Овде не читам редовно и воглавно не знам кој од која партија е, или не е, и не сфатив дали е провокација или не. Иначе се сложувам со твојата реплика. Настрана од ова, без разлика дали сте од партија или неутрални, дали ви пречи лицемерството на телевизиите во целава политичка ситуација ? Најмногу променета ми е Канал 5, ако порано некој јавувач на Здраво Македонијо плукаше по Сдсм по 10 минути, го оставаа, не го исклучуваа. Сега е обратно. Го гледаш Роберт и цела екипа, вчера едно, денес друго. Без разлика кој е на власт, не сакам лицемерни луѓе, а ни такви новинари, тв... Прозирни сте и кого залажувате со вашето однесување ?
Колку процентуално од своите примања од одредена функција даваат за партијата градоначалници, советници, пратеници и министри?
Не знам зошто ама како да се согласувам потполно со тебе...не сум партиски определена и не планирам во блиска иднина да се заинтересирам,но ова твоето мислење баш е искрено.
Изненадување беше ова. Се свестуваат гласачите. Кој не работи како треба, смена и тоа е тоа. Со масовно гласање се одразува волјата на народот.
Ме изненади резултатот од изборите. Очекував победа на ВМРО. Ова по интуиција. Веќе нема да размислувам интуитивно. Како и да е, морам да признаам дека малку ми е чудно, оти на парламентарните победија ВМРО, за сега, неколку месеци подоцна да доживеат страшен дебакл. Очигледно членовите им се доста разочарани. Честитки за СДСМ, иако ич не ми е мило. Иначе, конкретно за мојата општина, знаев дека ќе губи Коневски. Не знам со кој памет пак се кандидираше. Заборави ли тој што се случи со Фемили Аеродром ?! Сепак, повеќе сакав да е тој, иако не е баш најпаметен избор, а за разлика од другиот кој го сметам за поголем патолошки лажго. Времето ќе покаже дали грешам.
Седнале вчера кај мене дома и расправаат политика. Водата не била за пиење, еве што направил новиот градоначалник ако бе, не е ни една недела градоначалник, а водата 8 годни не е за пиење. Сега ви текна? Што правевте кога ваш градоначалник беше на власт? Или тогаш ич не ве болеше, а сега ви е мака затоа што сите сте на државна цицка Катастрофа, поглупи аргументи немав слушнато.
Кај си ма ти?! Вчера не те читнав. А бе водата кај мене дома и кај мајка ми не се пие години веќе. Ние купуваме. А гледам и други станари го прават истото. Мајка ми ќе носи примерок на испитувања. Кој знае што се има. Ова е проблем со години, не е нов. И сигурно дека не се решава одма.
Не сум многу по форумов. А и славје имавме вчера дома (и добро винце ) Абе ние немаме функционална филтер станица и таложник. Секој градоначалник го ветува тоа и никој не го исполнува. Исто како што рече ти за Аеродром, не знам со кој памет пак се кандидирал иститот. Кај нас никогаш не би победило СДСМ да беше било кој друг кандидат за градоначалник. И мене новиот градоначалник од СДСМ ич не ми е по ќејф, ама факт е дека сите гласаа да го тргнат тој од ВМРО и воопшто не им беше важно кој е од другите. Во овој случај ВМРО сами си се сабoтираа.
Зависи од општината и бројот на жители. Те процентуално од просечната плата, од 10 до 70 % е, само за град Скопје е 100 %. За град Скопје е 21 000. Повеќе од тоа не зимаат, не се пратеници. И тоа сумата ако прсуствуваат на сите седници. И 30% помалку ако отсуствуваат. Ако се прашувам, за општински советници не треба да има надомест ама ич николку или само трошоци за пат, само така чесно ќе си дојдат луѓе кои вистински сакаат да ги сменат нештата. Кај моќ па и платен за тоа. Кој те тера?! Никој. Сите одат за плус парите, а не дека сакаат нешто да направат. Кои "капацитети" се советници, затоа општините ни се такви какви што се. Некои функции се само за про боно ако стварно сакаш нешто да смениш. Само гладни и бедни се тепаат за тие екстра пари од општина. Што ќе советуваат луѓе поблиску до пензија него ли до матура? Ништо. За парите им е. Колку даваат на партијата од сумите? Бокица фалсификувал документи за советник криминалец. Сега повтарачите со средно да ги проверат спремни за пензија, а не за советници...зошто и таму нешто смрткало.
Баш вчера слушнав дека сега веќе бившиот градоначалник на една општина уплатил 5 цифрена сума во евра на сметка на ВМРО за пак да го кандидираат него. Баш коментиравме зошто ВМРО се саботираше кога другиот можен кандидат им беше многу подобар избор. Ама ете, немал овој толку пари да уплати
http://start.mk/article/261290/kand...al-svojata-kuka-vo-butel-no-zadrzal-edna-soba Дебакл на Велимир Смилевски. И овој ли ќе води Општина и ќе дели правда во општината, кога уште не избран лаже-суши ?!
Кај да се пријави план за изборни нерегуларности? Сведочам договор како ќе се собираат стари лица за да гласаат за политичка партија и при тоа млади лица ќе се претставуваат на различни изборни места како нивни внуци за да одат со нив зад параванот. Сакам да го пријавам ова. Жал ми е што не пријавив и првиот пат, но чисто се сомневав дека се способни за до толку. Не верувам веќе во ничии изјави за морал, етика и интегритет... ова е страшно...