Тврдам дека ова не е можно, бидејќи тој што помага на стари лица се назначува од избирачкиот одбор на лице место, односно претседателот на избирачки одбор назначува по случаен избор некој од другите луѓе што дошле да гласаат. Така стои во правилникот. Никако не смее да се дозволи тие сами да изберат кој ќе им помага. Во секој случај, можеш да пријавиш во МОСТ или ЦИВИЛ, а на самиот изборен ден и Јавниот Правобранител има отворено телефонска линија за пријава на изборни неправилности.
МОСТ не може да помогне, само набљудува. Јас ти тврдам дека се случува и дека одборите не ги знаат правилата или така им чини. Сум го сведочела ова и како гласач и како набљудувач и татко ми како набљудувач. Годинава татко им кај што бил набљудувач се случиле 10 поединечни случаи да гласаат така. Чувте да кажат некаде? Егзакли. Не ми кажувај дека не може, знам дека не може, ама ко што кажав или се праат или стварно не знаат. Сега кога гласав, имаше случај дур чекав, набљудувачот као им рече абе треба да избере од затечените гласачи било кој да и помогне, тој од одборот кога му викна... Возможно е и постои. И јас ти тврдам.
Lilit, ако татко ти забележи такво нешто, тоа треба да се запише во записникот. Ако тие од одбор не реагираат, има по ходниците контролори и полиција, нека пријави.
@Lilit мој совет ти е уште денес да пријавиш, немој да чекаш последен ден (недела). Јас најдов бесплатен број за пријавување на изборни нерегуларности. Повели линк тука го имаш бројот. Сликај ако видиш било какви нерегуларности. https://sdk.mk/index.php/makedonija/prijavi-izborni-neregularnosti-na-ovie-telefoni/ Не чекај набљудувачите да запишат во записниот (од тоа ништо нема да биде) Јави се на бројот или можеш да се јавиш во ТВ НОВА.
Во Штип врие од полиција. Викаат и Грујо и Зајко биле во градот. Тука се воде борба денеска. Едните делат лекови по народот, другите делат по 500тче на Ромите. Разликата од првиот круг била 36, што е ништо. Жустро ќе биде вечер.
Во Штип ќе биде многу тесно, беше и во првиот круг така, ама денес повеќе. Во мојот град си беше мирно како и секој ден. Кога класав имаше само еден полицаец и се си течеше нормално. Во првиот круг победи ВМРО со 200 гласа, а денес можно е да победи граданочалникот од СДСМ. Јас гласав за сегашниот градоначалник и сакам пак да биде тој бидејќи доста работи направи во градот. Досега никој градоначалник нема направено толку работи за градот како него, не дека го бранам туку кажувам како што е.
Политико остава во живо сигурни резултати...Сега за сега секаде води СДСМ. Ништо не е променето од првиот круг...Цунамито продолжува Во Виница, Могила, Новаци, Јагуновце, Чашка, Старо Нагоричане веќе е сигурно дека градоначалници се од СДСМ, а во останатите општини (вклучувајќи го и Штип) СДСМ е во блага предност, ама не е сигурно. Боринг...Никола зборува на тв за нерегуларности, Заевци слават... и то
Малку го фатив..Црвен во фацата, рацете му се тресат, испотен на чело, блада кутриот, мисли некој му верува...ГРЕВ. Досега оставка да дадеше, дпмне ќе имаа некоја општина земено, ама покрај него тешко дека ќе земат нешто поголемо. Искрено жал ми е за дпмне...На власт да си 1000 години и одеднаш да немаш ниедна општина...Животот е кучка. Аман нека земат една општина инаку брука ќе биде...Барем Сдсм овие години додека беа опозиција имаа по некои општини, а овој кутриот ич сега за сега.
Ми недостига Влатко да излезе и да им се заблагодарува на општините...Победивме и во Аеродром, фала Аеродром...Победивме и во Битола, фала Битола...Освоивме победа и во Охрид, фала Охрид...Повеќе гласови имавме и во К.Вода, фала К. Вода...Дпмне освои победа и во Прилеп, фала Прилеп...
И во Демир Капија победи СДСМ....Го слушам Никола на тв како едвај дише и како тешко зема воздух, и ми се затвора полека грлото Нека му даде некој Вентолин, ќе припадне човекот...Нека земе воздух, нека се смири. Бетер од турска серија да гледаш