Па не би рекла дека е смешно. Човекот е градоначалник и како таков треба да бира зборови. Извршува јавна функција и вакви изјави/статуси не му доликуваат.
Точно. Нечини така. Штом си на таква функција,несмее вакви ниски муабети,па и јавно. А каде пишал така??
Не знам кој колку трагично го сфатил статусот на Шилегов, но тој само означува колкав плачко беше вчера Никола во неговиот очаен обид да и понатаму без никаков срам и совест ја лаже цела Македонија. Значи , дно. Очигледно некому му се тресат коските од страв од помислата на затворот кој го чека. Секако, Нада мајката на Н. Г не требаa да се спомнува никаде, ОСВЕН да се упишува како сопственичка на станови, плац- места и други имоти, како и на трансакциски сметки кој инаку таa лично и сама ги спечалила од нејзината плата како медицинска сестра или евентуално од пензијата. Тогаш, Да. Инаку , Нада никој да не ја чепка.Срамота е!
Според официјалните податоци од ДИК за Гази Баба резултатот е следен: Тони Трајковски 13.799 освоени гласови или во проценти 43,04% Борис Георгиевски 17.173 освоени гласа или во проценти 53,57% Победник е Борис Георгиевски со разлика од 3374 повеќе освоени гласови од неговиот противкандидат Тони Трајковски
Остај ги Нада и Гвујо на страна. Не доликува на градоначалник да се служи со вакви изрази. Има далеку покултурен начин. Гвујо, Нада итн. не се оправдување за ваква некултура. Или... оти овие претходниве беа гној, на овие другиве им е оправдано истото однесување? Нели гласавме за подобро? Барем јас гласав за тоа. До сега не видов некакво подобрување, туку само надмудрување меѓу завојуваните страни. Овие од СДСМ им се силат на другиве. Ароганција до бескрај. Стоп! Со оваа ароганција и безделничење сигурно нема да добијат на следните избори. И за крај да повториме, СДСМ не победија оти се подобри, туку оти ВМРО се дно и гласачите сакаа да ги казнат. Такашто... за да вистински ја освојат довербата кај гласачите треба прилично да се помачат и да се фатат за работа, а не да бистрат дневнополитички теми по социјални мрежи!
Тешко народ со вакви политичари. Не дотепаа, посебно нас младите. Гласавме за промени, да.Гласавме за подобро, а колку ќе е навистина не знам. Јас, лично немам големи очекувања. За културата и начинот на изразување одамна никој не води грижа. Се е во неповрат отидено. Почнувјќи од Ивнов и натаму. Сега читам дека има 56.000 неважечки ливчиња. Ова и не е така мала бројка и треба да им е загрижувачки податок и на едните и на другите.
До кога со она СДСМ победија за да се казнат Вмро. Не биле подобри? Од каде заклучивте? Од три месеци Влада со сопки насекаде. Е сега веќе е друга песна. Веќе немаат препреки и мора работа. И втората многу пати кажана констатација, вака Сдсм не ги добива изборите. Епа еве ги доби. Народот гласаше за промени, без никакви притисоци од никого. Вмро имше лоши кандидати, и Сдсм имаше некои утки, ама доста на народот му беше од послушници на Грујо. Тврдам фека изборите во најголема мера беа фер и демократски. Сдсм не правеше притисоци за гласње. Во време на Вмро се правеа списоци, се вадеа луѓе на гласање. Сега не. И ова има и те каков удел во резултатите. Слободата. А сега ќе чекаме промени како што ветија. Ако не, ќе плачат како Грујо синоќа. Само нема да чекаме 11 години овој пат, ами порано.
Дпмне си изгуби поради тоа што на луѓето им дојде преку глава од целиот аздис на локалните партиски вошки кои ги тероризираа своите комшии, колеги и роднини со шпионирање, закани и уцени, поради целата таа невоспитана и необразована лоповска багра која се однесуваше како привилегирана каста што пали и гаси низ државава.
Јуле, ај да не се лажеме. Луѓево не ги гласаа СДСМ затоа што се не знам којзнае колку подобри од ВМРО. Таа е вистината, колку и да не сакаш да ја прифатиш. Изборите ги решија неопределените кои одлучија дека им е доста од дивеењето на ВМРО и единствена опција за да се спречат беше СДСМ (жално е што имаме само две опции, ама таква ни е политичката ситуација) Ете, имаат шанса, нека се докажат. Сега за сега, како што тргнале, тешко дека ќе тераат долго. Што конкретно направија за овие месеци? Освен екстерно и радиодифузна? Ќе тргаат споменици? Тоа ли е приоритет во моментов? Немој само со муабетите дека имале препреки. Мора ли цела власт да биде во нивни раце? Кај нас видовме како функционира апсолутистичка власт. Мислиш дека овие ќе бидат подобри? Ај да видиме Јас искрено се надевам дека на сите конечно ќе им дојде памет да не ги повторуваат грешките на претходниците и дека ќе престанат да наоѓаат вина за нивното безделничење/мрза/неспособност итн... во сите освен во себе. Така правеше ВМРО, овие нели треба да се подобри?
^ На мене ете не ми се допаѓа што Сдсм имаат во моментов апсолутна власт. Не е здраво оти ние сеуште не сме зрели за такво нешто. Па имаше препреки, да почнеме од вработувањата. Не можеа да се сменат доректори. Знаеш дека членството на Вмро не соработува и бојкотира, а така планира и да се однесува во иднина, со цел да ги кочат работите. Плус имавме избори, па простор за саглам работа немаше. Реално јас не знам како после 11 години очекувате резултати за 3 месеци. И да, ете имаат шанса, нека се докажат.
@An-na и @JuLleE со мислењето сум пола со едната, пола со другата За иста работа зборите, ама од различен агол ја гледате и затоа не доаѓате до заедничка точка. Јас мислам дека на народот му здодеа притисокот и прибегна кон СДСМ, не зашто се толку добри колку што добија гласови сега на локалниве туку зашто на ВМРО инает му тераа. Се сеќавам на фијаското што го доживеа СДСМ пред 10-11 години, исто вакво беше како сегашното на Никола и ВМРО. Дури срамно поразително. Видете еве, колку години му требаа на СДСМ да се опорави од падот. И не е опоравено, туку другиве забегаа. Нека гледаат како поминуваат занесените и нека си тераат политика, зашто на народов преку глава му е дојдено
Не очекувам чуда за три месеци, ама очекувам прво да се решаваат важните прашања, а не тотално небитни и популистички работи.
Тука ќе согласам. Ете јас очекувам да почнат да го средуваат здраството. Овде нема компромис. Законот за пушење сосема непотребен. Реков, веќе немаат оправдувања и мораат да почнат со работа. Народот, барем во мојот град се очајни за промени. Многу очекуваат и се надевам дека нема да бидат изневерени.