Не знам точна бројка, но знам дека 80% од членовите на ГРОМ пребегаа во СДСМ зошто Карпош бил секогаш бастионот на СДСМ. И локалните избори ќе ги изгуби Стевче.
А бе ајде, кога ќе се сетам до вчера што сè не правеше против ВМРО сега наеднаш се преобрази во комита. Пред неколку години во први борбени редови беше заедно со Б.Ц. да ја урнат власта на Гвујо тупвото. Политика и пари што ти прави еј...
Кај него интересот е на прво место . Не може до вчера да плукаш по некого и секако да го навредуваш , а денес гз и гашти пффффф
Во Центар од ВМРО Сашо Стефаноски а од СДСМ? Сашо слаб е за Центар мислам.Охриѓанец е,поарно во Охрид да го кандидираат.А баш ми е добар дечкото.Дури мислам дека е доволно нерасипан за да биде од ВМРО
Ништо чудно пак да го кандидираат ЛДП (ако уште постојат ) и СДСМ Жерновски како заеднички кандидат. Искрено јас сум задоволен од работата на Жерновски. На крај крајава човекот работеше со 0 денари владина поддршка. Сите овие други градоначалници градеа кога на големо беше вклучена и Владата со перење пари. Сега Жерновски можеби не направи повеќе од Коце или пак Петко на ВМРО-ДПМНЕ ама пак направи нешто, сам.
Па Стевчо кога објави дека сам ќе тера на избори пред 4 години другиот ден од СДС му организираа прес пред некоја зграда каде наводно ќарил два стана. Буквално до вчера со нив, овие другиов ден викаат криминалец. Политика.
Јас ги чекам Левица со предлози за локалниве. Ме интересира што ќе понудат и не, не се откажувам од нив. Утре да има парламентарни, пак за нив ќе гласам.
Епа од тоа си патиме, од таков став. Демек види го каков е, за него ли ќе гласам, што ако е Македонец. Ќе те потсетам кога Советот на општина Тетово изгласа одлука Рамуш Харадинај да биде почесен граѓани, 9 советници Македонци станаа и ја напуштија седницата. Сега не се 9, сега се 7, а ако сите сме со таков став ај не гласам не ме интересира, утре нема кој да ги штити нашите интереси, национални и граѓански. Верувај дека дури и за Алабнец да гласаш во втор круг, да бираш меѓу еден или друг, тие имаат свои калкукации, знаат кој каде гласал и за кого. Па и за улицата е така. При една теренска анкета прашуваа од партииве што ќе биде пресудно за да гласаат на избори, и жена од соседна улица кажа дека сака бетанонирање, инаку не гласа. По месец дена пред избори ставија. Ако гласаш добиваш нешто минимално, ама ако не се изјасниш не добиваш ништо и не придонесуваш за подобро утре. Вака барем бираш, помало или поголемо зло, ако нема друга опција.
Трендо за Центар?! Се превртев од стол од смеа. Сеа ќе го "збрчи" офф.нет.мк со пропаганда и пљуканици во негов стил. Груевски по локалните се повлекувал од политика. Тоа не Ви збори нешто?
Да, тоа мене ми зборува дека човекот видел дека веќе се наполнил како брод со пари и затоа се решил на тој чекор.
Од think24.mk ми е. Ама се шушка по кулоари дека е принуден да напушти партија т.е. претседателско место.
Од она што го гледам како град, инфраструктура, зеленило, го имам следното мислење за градоначалниците: Коце го бива за Скопје, треба можеби извесни корекции но генерално го бива. Жерновски исто го бива за Центар го озелени, нека продолжи така... Аеродром многу се промени последните 7-8 години. Има ширина и зеленило и места за искачање. Само претераа со изградба на мали и големи верски објекти, тотално се излишни и би требало да го вратат изворното име на улицата за шетање во Детска улица а не бившиот пејач Т.П. кој нема врска со истата ама баш никаква. За Карпош добро е со Стевчета, добар е... само нека не уништува зелени површини. Кога би можело да се префрлат на соларна енергија домаќинствата па почисто да дишеме зимно време супер би било. Сити Мол доста ја крена посетеноста и имиџот, но и паркингот треба додатно да се подсреди. Ѓорче Петров би требало да дојде до промена, не мора СДСМ, ама нека биде некоја левичарска партија, чисто ради освежување. И не требаше зградите толку блиску една до други да ги градат тие што се кај Вардар, но добро е што направиа нова улица кај школото што води кон новиот стадион крај Вардар. За Кисела Вода не знам кој би бил идеален но недозволиво е поранешен затвореник да биде кандидат за градоначалник, независно од која етничка припадност и партија е. Туку скопјани ништо не прокоментиравте за Сарај, Чаир и Шуто Оризари... дали сте задоволни со работењето на тамошните градоначалници? Јас многу малку знам за таму и немам изградено став. Единствено мислам дека би требале да интервенираат во бучавата што ја создаваат верските објекти со разгласот, особено во раните утрински часови бидејќи пола Скопје ги слуша. Ако можеле во Косово да го средат со закон тој проблем, можат и кај нив.
Ооо Адоки ЗнајаХ де'к ќе се јавиш Сеа и другачките ќе ти дојдат со поддрЖка Ама ене го каде е 17.10.. Ај,има уште еден месец да се понадевате Дечки,се шалам малку колку да Ве з'б'цкам