Мене и Сашо Тасевски ми е лигле. На едно интервју што го слушав на човек да му се п*исере од лигавшлук и тегавење. Во однос на политика нема ништо да искоментирам, само дека партиските вработувања нема да сопрат. Тоа е и повеќе од видливо, досега се вработи доста кадар од сдсм... За сончогледите, порано може и јас ќе кажев нешто против нив, ама сега не дека ги оправдувам, но не ги ни осудувам. Кога единствениот начин за да дојдеш до работа е партија и сончоглед ќе станеш...
Овој момент на силење и докажување ме вади од кожа. Демек, јас 10 години бев опозиција и сега ќе видиш ти што ќе ти правам Ај, да речеме ВМРО-вскиве и СДСМ-овскиве членови нека се јадат меѓусебе колку што сакаат, ама човек кому му е доверена јавна функција не смее да си дозволи такви изјави. Конкретно за Шилегов, дали е тој градоначалник само на СДСМ-овциве или на сите жители на Скопје? Се додека ни се нормални ваквите ситуации, нема да не биде.
Сашето е ист Тони Михајловски само бетер. Мизогино одвратно створење. Се бориме против секакво насилство, а генерално против насилство врз жените каде спаѓа и сексуалното вознемирување, а он е движечи насилник во тој поглед. Само дебил може да пишува такви сексистички, шовинистички и мизогини статуси. Такви треба да се исчистат. Која е таа потреба да се наградуваат секакви мегафони без никаков критериум бре?
Сашето под итно треба да го сменат. Ако има некоја петиција за смена одма давајте. Такви шовинистички ср*ња не треба да им поминуваат.
Јао бре читам статуси...ми се подгнаднува. Среќа не знаат простациве партиски историја, ќе помислат дека се болшевиќи и ова е Октомвриска револуција и ќе забегаат во вмровски филм маќедонијацеладае. Само ох уејт....не ја претставуваат социјалдемократската интелигенција, ами простотилук, и хеј... влегоа во вмровски филм кој како што пиша некој некаде беше арогантен сељачизам, си продолжуваат каде што вмро застанаа. Сашето е неталентиран актер кој сем наркич не знам што друго би глумел, а и тоа е дискутабилно дали е глума... ако ме разумеш.
Како тоа, од врвот на дпмне, се за промена на Грујо, ама се кријат? Се кријат од кој? И кој фактор е грујо без поддршка на другите? Сами го кренаа до небеса, откако го сменија Љубчето, демек спасителот, ги вратил на власт. Сам човек не е толку моќен. Другите го воздигнаа него. И го величаа со години. И ги уценуваа другите да гласаат за него. И полнеа кутии на сите избори, заради нивните 300 евра плата да не ги изгубат. Арно ама не знаеја многу нешта, па од кога рокнаа бомбите, се повлекоа. Со помош на западот, тој не направи влада со дуи, падна од власт, сега на локални го обра бостанот наголемо. И тој и фамилијата што украдоа милијарди, а обичните улични багабонти имаат крвави раце за 300 евра плата. Затоа се повлекоа и мењаат дрес сега. Затоа и во Новаци вмровци оро вијат да слават сдсмовска победа. И не само таму. Вмро во скоро време не се враќа на власт. Имаат премногу за чистење во партија. И тие што сега се бунтуваат се со крвави раце, па сега демек ќе спашаваат утакмица у последна минута. Сега ќе изгорат некои од врвот, и понекое ситно рипче. Неколку пратеници ќе пребегаат, или независни ќе станат. На наредни избори, ако ги има во скоро време, уште поголем потоп на дпмне. Сега сами меѓу себе ќе се јадат, обвинуваат, кој каде ја згреши.
Шилегов апла си се изруга јавно...Може дрмнал неколку чаши ракија и веќе не знаел што пишува Интересен е статусот ама да беше пишан од обичен човек, а не од градоначалник на главниот град. Можел истото да го пише на покултурен начин или воопшто нека не пишува. Додуша убаво е да си опуштен ама трба да си ја знаеш границата. На пример и Обама беше многу опуштен и смешен политичар, ама на културен начин....А не ко овој со статусиве или кога главните дпмновиц (пример Милошовски) извикуваат Мртов шиптар- добар шиптар....Или кога тој стариот ја кубеше Шеќеринска па сите се смееја. Ле-ле-ле смешноооо. Да се акаш од земја од смеење
Јас знам па вака, „со стока на сточен јазик„. Мене ми е кеиф да го гледам како се тегави, црвенее и се гуши. Од вмровските гниди бевме засегнети сите во минатите 11 години, не се јадеше членството измеѓу себе, него не тероризираа и нас кои не сме партиски членови преку нивните пропаганди, преку сеењето простоќа, лагите, извртувањето на вистината, моралот, менталитетот, за шерифувањето ич да не правам муабет и за маалските тепачи што мислеа дека се бог и батина. Моментално во советот на Велес, а и во истакнатите членови на сдсм што гледам се се добри луѓе, нема такви простотилуци ко од предходниве, ај да речам ми изгледаат по цивилизирано, ама ќе видиме да оставиме простор понатака да се покажат. Грујо треба да седи врзан и секој што ќе помине да го плука сочно со балгам, ова е мачкина кашлица што грујо заслужува во неговиот живот. Не дека е во ред, ама кога се работи за него во ред ми е, ако ме разбираш. Да рекол за некој друг ќе осудев, за грујо не дека ми се фаќа исто, туку и повеќе од тоа, се радувам кога гледам како бришат под со него и како од апсолутен владат стана предмет на спрданција.
И јас се сложувам со @Offspring. Кога може тој со цела држава да се заебава, ич не ми е гајле дали некој ќе се заебава со него. За било кој друг да се работеше ќе речев дека е невкусно, ама за Груевски нека му е...
Влатко Васиљ@VlatkoVasilj 20h20 hours ago vreme e veke da ne se zamarame so politika Као ќе си даде отказ сеа?! Или ние обичните да мижиме малце дур он праи мучки? Meне ми е логично и доблесно као самопрогласен маЌедонски Робин Худ он стварно да даде отказ и мирно да си живее успевајќи во идеално створените услови од новата влада. Сега ќе може непречајно да ги уновчи своите капацитети, таленти и знаења без помош на партијата, јер тоа нели му пречеше во вмровштината. Сега се е мирно, отворено, демократски и фер, нема пречки за никого. Сега е све како што треба, така што чуму да е таму? Лигуш лигушовски. Манипулатор.
Abe, a drugarcinja li se uste Darko Lesoski i Bogdan ? Neli porano se druzea placea oti jaknite im gi ukrale. Sega? Kakvo e stanjeto ?
Не знам да ти кажам, не сум у тек. Само ако другарчињата се разделени од политички причини, онда менталните капацитети и на двајцата им се како на дудинка. Немаат тип на интелигенција која би ги направила политичка авангарда, ниту џентлменство. Простотилук. Какво време дојде за живеење... гревни сме бе.
Па нели беше богдан другарче со тој павле богоев, па се скараа, затоа викам и со овој да не ја расипале калимерата