Шилегов ми е најсимпатичниот политичар , Скопјани ке го имаат најубавиот градоначалник А вистина е дека попивнувал ?
Абе стварно Петре пие толку? Убав е, не е лош. Инаку кампањата врата на врата е една од поуспешните. На последните избори и СДСМ така првеа и имаат одлични резултати.
ЦЕЛА БИТОЛА Е НА НОГА ПРОТИВ ДВОЈЧЕ, СПОРЕД БРОЈКАТА ПО СЕ ИЗГЛЕДА КРИМИНАЛЕЦОТ ЌЕ ГО ЈАЈТ СТАПОТ ПО ЖЕНСКА ЛИНИЈА
Не пали кај секого тоа врата на врата .. Ако ми дојдат на врата (било кој ) ке ги фрлам како партали .
Кој дава кафенце Упаљач ми фали, вечито ги губам (додуши и си ставам во џеб туѓи) ..и колумче за после кафе ако можиТ
Убаво тие си одат од врата на врата (од било која партија) си пробуваат среќа, ама ако дозволиш да те убедат да гласаш за нив, при олку информации достапни за секого, тогаш треба да си стварно исклучен од реалноста. Ми доаѓа тетка Душка на кафе и следниот ден јас автоматски за дпмне гласам, а не е битно што читам по нет и што гледам по тв па само грам мозок да имаш, нема да дозволиш да те манипулираат. Може кај некои стари лица им успева тактиката. за други не сакам да помислам дека така ги лажат Ако дојде некој кај мене се надевам на нотес поубав, пенкалце во боја, и некој привезок може и кафе
Кафенце да, и тоа во нивни бои ишарано, баш ќе прашам по другите комшии дали и кај нив имало, или сум јас привилегирана, дека комшиите до мене дојдоа ( они се у партија), па на комшиска база
Не гласам на избори, а ниту некогаш ќе гласам. Полуписмено се наполни со пари затоа што се дудлачи во партија. Ејјј политичари сечат ленти на нова канализација и улица во 21 век.
Стварно по гости идат? Само нека се легитимираат, ќе ги викнам на кафе муабет, баш ме интересира што се збори на вакви посети
Да, стварно Некоја жена од комшии што е член во партија, одеднаш ќе ти дојде на врата за на кафе Ти цела ќе бидеш во прашалници што и текнало комшивката да ти дојде дома, и после ќе сфатиш низ муабет што ќе ти кажува...Пример, прво ќе те прашува како сте дома, како си со здравје, а после одеднаш ќе спомне дали знаеш дека сега се изборите, па вака така, овие што направија, оние што направија, ама затоа еве случајно ќе и се најде некое пенкалце од партија и ќе ти го поклони Па трогателни приказни и така. Тренирани се тие
@JollyGirl хммм, а бе јас имам една таква од партија вработена, ама кога ќе дојде се жали дека ја терале на состаноци, протести, митинзи штотизнам :/ нема гајле сестро, јас ќе те тешам
Мразам локални избори, ма секакви избори мразам, поради непотребно фрлање пари, поради аздисување, поради огромни плакати фотошопирани и обесени на билборди..па тоа е ПАРА бе луѓе мои..оти не знаат да бидат скромни, мали флаерчиња и толку..зарем малку им е на ТВ што ни ја дујат главата, па мора и хартија да трошат Колку несреќни семејства можат со тие фрлени пари да усреќат