1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Локални избори 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 22 јуни 2021.

?

За кандидатот на која политичка партија ќе гласате на локални Избори 2021?

Анкетата е затворена на 22 јуни 2022.
  1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

    97 глас(а)
    35,7%
  2. СДСМ + ДУИ

    38 глас(а)
    14,0%
  3. Независен кандидат

    15 глас(а)
    5,5%
  4. Нема да излезам

    49 глас(а)
    18,0%
  5. Ќе го поништам ливчето

    21 глас(а)
    7,7%
  6. Друго

    18 глас(а)
    6,6%
  7. Левица

    34 глас(а)
    12,5%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Независниот веќе сега поранешен кандидат за градоначалник на О Прилеп Г-дин Рубин Најдоски се откажува од трката за татко на Прилеп. Ова е неговиот статус на ФБ.
    Се откажувам од нечесната игра која ја приреди организаторот на овие локални избори за независен кандидат за градоначалник 2021.
    Ве повикувам сите граѓани на град Прилеп на граѓанска непослушност и да не излегувате на избори и да гласате за овие гниди.
    Во пократок рок ќе добиете средба со папата од можност ДИК да ви даде можност да се кандидирате за независен кандидат за градоначалник.
    Бидејќи наидов на огромни смислени и преварантски наши општински прилепски препреки но исто така е комплицирана процедурата за собирање потписи за независен кандидат за градоначалник која до крај не е јасна и нема одредени обрасци во нашата општина а роковите се во тек.
    Се откажувам од понатамошно учество бидејќи е сосема јасно дека ова е тоталитарен систем кој не бира начин и средства за да ги отстрани потенцијалните независни кандидати за градоначалници кои не се од нивните редови ( Вмро- Сдсм) бидеќи се плашат од обичниот народ, овие избори се трка со еден коњ.
    На сите кои на некој начин ми дадоа подршка искрено им се заблагодарувам и ги советувам воопшто да не излегуваат на овие избори.
    Со почит Тимот на Г-дин Рубин Најдоски
     
  2. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.908
    А, оти Левица не е ставена во анкетата?
     
  3. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Затоа што кога е направена темата Левица немаше официјален став дали ќе учествува на изборите. За левица на анкетата може да се гласа со друго.
     
  4. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.908
    Тагни модератор и ќе сменат.
    Под "друго" има повеќе партии.
    Сметам дека и Левица е добар и силен кандидат и би требало да ја има чисто за да се има статистичка претстава и за оваа партија.
     
    На Осе, SexiLy, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. cvet.pet

    cvet.pet Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2021
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    133
    Пол:
    Машки
    Како и до сега и 2-те партии ќе прогласат победа, само што овој пат ќе има големи заебанции во Советите, таму ќе влезат Левица ќе им го срушат балансот, па можеби и некој од овие независните листи.
    Во Карпош е зафркнато. Актуелниов Богоев изгледа нема да биде, ВМРО-ДПМНЕ немаат сеуште кандидат.
    Традиционално СДСМ ја води општината,дали коалиционо или со свои кадри ама овие локални ќе бидат интересни баш поради Советот.
    А се согласувам дека парламентарните кога и да бидат ќе бидат лудница.....
     
  6. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    1.464
    Мислам дека Левица ја нема во горната анкета, бидејќи тие колку што знам немаат кандидат за градоначалник. Апасиев изјави дека финансиски не се способни да ја покријат кампањата, доколку би имале кандидат за градоначалник. И дека ќе се насочат кон добивање на што поголем број на советници.
     
  7. fans

    fans Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2015
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Во многу од советите ќе влезат и независни кандидати. Мислам дека во Битола Поинаку со Габриела ќе земе 4-5 советници.
    Во Скопје - Зелен Хуман Град предводен од Драгана Велковска и Горјан Јовановски исто така ќе имаат независна листа и се големи шансите да освојат гласови од незадоволните.
    Повеќе информации за нив на следните линкови

    https://www.facebook.com/ZelenHumanGrad/?ref=page_internal
    https://mojgrad.mk/

    Листата на кандидати на Зелен Хуман Град, доколку ги соберат потребните потписи, потребни се 1000 потписи, имаат собрано околу 700-800, рокот за потписи е до 30 август.
    1. Драгана Велковска - Е.Д.Е.Н.
    2. Горјан Јовановски - МојВоздух
    3. Наталија Бургиева - Мама органа
    4. Марјан Калевски - Е.Д.Е.Н.
    5. Јасна Бачовска Недиќ - МојКандидат, професорка на Правен факултет Јустинијан Први, (За спас на Кисела Вода)
    6. Игор Раиден - ЕдуАктив Орг
    7. Мила Јовановска - Гоу грин
    8. Мартин Анастасовски - Културно ехо
    9. Мица Кимовска-Христовa - доктор (педијатар), граѓанска активистка
    10. Лазе Трипков - МојКандидат, професор на International Balkan University (IBU), (Расадник на можности)
    11. Гизела Бошковска Георгиевска - Анима Мунди
    12. Дејан Крле - МојКандидат
    13. Јасмина Стојковска-Симоновиќ - Не биди ѓубре
    14. Блаже Јосифовски - Ајде Македонија
    15. Дороти Пачкова - Една може
    16. Димитар Стојановски - МојКандидат
    17. Наталија Трпковска - Шепасти ентузијасти
    18. Симон Шандуловски - МојКандидат
    19. Андријана Папиќ-Манчева - Неформална активистичка група „Од нула до нула“
    20. Благоја Пандовски - адвокат
    21. Анастасија Точевска - Шепасти ентузијасти
    22. Илина Арсова - првата Македонка што го искачи Еверест, активистка за заштита за животна средина
    23. Божидар Јововиќ - активист за заштита на животна средина
    24. Марија Арсенкова - МојКандидат
    25. Снежана Дичевска - Бездомни животни без граници
    26. Горан Стојановски - МојКандидат
    27. Ивана Бибановска - Анима Мунди
    28. Жарко Богески – општествено ангажиран уметник
    29. Светлана Кочовска - Стевовиќ - професорка на Филозофски факултет
    30. Марко Дода - МојКандидат
    31. Александра Пауновска - активистка за заштита на животни
    32. Јана Василевска - МојКандидат
    33. Борис Каески - граѓански активист
    34. Ивана Дракулевска - МојКандидат
    35. Ана Христовска Зафировска - граѓанска активистка
    36. Антонио Најдовски - активист за заштита на животни
    37. Анета Дарковска - МојКандидат (Анима Мунди)
    38. Ивана Крстевска - Бездомни животни без граници
    39. Дарко Малиновски - правник
    40. Кристина Цинциева - активистка за заштита на животни
    41. Анамарија Спасевска - правничка
    42. Стефан Стојановски - web developer
    43. Ива Зафировска - Iva loves pets
    44. Викторија Димитрова
    45. Александар Арсовски - програмер
     
  8. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Како ви се чини овој од Левица, Камиказа?
     
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Ќе имаат неколку кандидати за градоначалници
    https://www.facebook.com/255990845327431/posts/889192478673928/
     
  10. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Колку што видов на Инстаграм, сигурно ќе имаат во Аеродром и Ѓорче Петров, дека тие два комитети од партијата беа тагнати на истава слика.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Во Ѓорче тешко Левица да победи. Многумина го сакаат овој од ВМРО Александар Стојкоски. СДСМ кој и да го кандидираат сигурно ќе изгубат.
     
    На t.a.m и venus♡ им се допаѓа ова.
  12. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Да, и јас се зачудив од каде баш во Ѓорче.

    Во Аеродром им се добри шансите. Се надевам ќе поминат во втор круг.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    277
    Допаѓања:
    1.464
    Значи ја промениле стратегијата. Апасиев најавуваше претходно дека ќе немаат, дури и ми е чудно тоа што се решиле да имаат кандидати.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    3.764
    Пол:
    Женски
    Скопје ќе биде интересна трка, дали прв пат ќе имаме жена градоначалник
     
    На t.a.m му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Leat

    Leat Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2016
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    1.077
    Пол:
    Женски
    Јас искрено се надевам дека ќе имаме. Веројатно има најголеми шанси покрај Шилегов.

    Не знам уште за кого ќе гласам јас ама за пијаницава сигурно не. Не докрајчи, не упропасти.
    Колку пари здрпа, колку фирмички отвори на син му 24-годишен, колку станчиња и викендици купи од наши пари....
    Сакам да загуби и до крај на животот да се начукува од мака... Веројатно најлош градоначалник во цела држава!
     
    На elimkd, christinnn, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.756
    Допаѓања:
    3.764
    Пол:
    Женски
  17. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.230
    Изгледа ова ќе бидат првите избори на кои нема да излезам.:?:
     
    На senjorita-v, Осе и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    16.122
    Допаѓања:
    124.840
    Пол:
    Женски
    Не верувам.
    Ама,се надевам дека Шилегов нема да победи повторно.Го упропасти Скопје.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Даниела е добар кандидат и способна жена,покрај тоа е и убава:)
     
    На My litle pony, Tanjamm и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  20. Larson

    Larson Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2017
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.979
    Пол:
    Машки
    За ниеден , за Левица би гласал но нема кандидат за мојата општина во Скопје така да нема да излезам воопшто а бога ми ни моите, пошто не те ценат како човек од партијата иако се залагаш и им изиграваш потрчко кога ќе те бараат по телефон (не зборувам за вработувања/врски и такви работи, фала богу не сме барале такви услуги до сега).
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.