Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Локални избори 2021

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Luciferka, 22 јуни 2021.

?

За кандидатот на која политичка партија ќе гласате на локални Избори 2021?

Анкетата е затворена на 22 јуни 2022.
  1. ВМРО ДПМНЕ и коалицијата

    97 глас(а)
    35,7%
  2. СДСМ + ДУИ

    38 глас(а)
    14,0%
  3. Независен кандидат

    15 глас(а)
    5,5%
  4. Нема да излезам

    49 глас(а)
    18,0%
  5. Ќе го поништам ливчето

    21 глас(а)
    7,7%
  6. Друго

    18 глас(а)
    6,6%
  7. Левица

    34 глас(а)
    12,5%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.095
    Допаѓања:
    26.941
    Дебилно ми е да читам споредба: Скопје 2014 и оној што е на слобода што и извади органите на родилката.
    И не ги бранам ВМРО. Немам потреба да бирам меѓу помало зло. Си имам трета партија која ми е фаворит. Ама па побогу, ви фали на сите по некоја мозочна клетка чим вака ватрено ги браните СДСМ. Која беда човече. Ради вас никогаш нема да не биде. Одите пак гласајте за ВМРО/СДСМ и подлижувајте им се за сендвиче или другите што даваа по 500. :puke:
     
    На Traveler91, Idedemja, Glowy и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.962
    Допаѓања:
    179.656
    Чекај, баш се зачитав...Скопје, Бени со 5,66, Перо Камиказа со 4,85, Зелен хуман град 3,41%. Ај ако може меѓу овие тројца да се решава у втор круг^_^, тие двајцата со по 30 и нешто посто стварно ништо не ме убедија]:). Од сите овие, таа со најмалку посто најиздржан муабет праеше.

    ...сега ми текна- а може ли моделот да се смени, тој со најмалку посто да победи:D. Пошто популизам очигледно е рецепт за катастрофа:(
     
    На Idedemja, Glowy, ForeverYoung и 4 други им се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Ана. Квалитетна, неенергична, маче меѓу волците.
    Да е паметен идниот градоначалник треба да му биде прв советник. Законски не изводливо, но со поинакво формулирање на зборот советник, возможно.
     
    На LejlaD, Idedemja и Biljarkata им се допаѓа ова.
  4. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Не е поентата тие што највеќе ќе те убедат, туку која е целта на тие кандидати, а сите што се малку поупатени во политиката знаат дека Левица, Бени, Зелен град се испушоци на Заев и СДСМ, т.е. пион партии пуштени да земаат гласови од ВМРО. Само не им успеа. Во втор круг за град Скопје ќе се види нивното право лице, а мило ми е што тие пајтон партии на СДСМ, од типот на Левица, Зелен град, независни листи, поминаа мизерно на овие избори.

    Луѓето забораваат едно, а тоа дека ВМРО-ДПМНЕ, со сите свои позитивни и негативни страни, буквално е бренд и институција за сите тие маргиналци. Тоа и се покажа на изборите. Им помина времето.
     
    На Idedemja, orevokrsacka, Vivienen и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.704
    Допаѓања:
    16.294
    Пол:
    Женски
    Ајдее се јавија поданиците на ДПМНЕ. Стварно сте одвратни.
     
    На Ambitious, Ambrosia, Amelia и 3 други им се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.872
    Допаѓања:
    25.362
    Пол:
    Женски
    Јас гласав за трета опција за градоначалник и советници . Ниту за ВМРО , ниту за СДСМ. Крајно разочарана сум и од двете партии во моиве години колку што ме држи меморијата ( последниве 10-15 години ) . Им дадов шанса на СДСМ , само затоа што мислев дека ќе биде подобро со нив , кад оно - мало морген . Исти флеки како предходните . Затоа на секои следни избори ќе гласам за трета опција ( доколку ја има , а овој пат ја имаше ) иако можеби нема да успеат кај градоначалник , барем во советот да влезат . Своето право на глас го исполнив . Сметам дека гласав правилно , иако не верувам дека ќе има корист тука .
     
    На Ambitious, Ambrosia, Idedemja и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.962
    Допаѓања:
    179.656
    Ок, фала што ме потсети и ме убеди(y). Има машко и женско, господ и сатаната, и вмро и сдсм. Ништо друго не може да биде, како можев да бидам толку слепа(facepalm)
    Oh, wait. ..можеби затоа што сега скоро видов негде како победува опција на избори, која претходно беше маргинална:wasntme:. Ама тоа во Европа, што знаат па тие, неспособни да познаат испушоци:doh:!.
     
    На Idedemja, Guns N` Roses, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  8. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Не. ВМРО заборавија дека народот е бренд, па беа кај што беа.
    Сега кога им е дадена шанса, ако летаат војниците што да очекуваме од генералите??
    Приземјете се.
    На избори одлучуваат независните гласачи, не оние што делат упаљачи.
     
    На LejlaD, Angie1432, Idedemja и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Никогаш до сега не сум гласала, оваа година немав право и среќна сум поради тоа, нема да имам чувство на вина кога ќе почнат со нивната (не) работа.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    9.251
    Пол:
    Женски
    Ја, а да не е обратно? Десничарски гласови можат да придобијат Народна, ТМРО, Љубе и сл., кои десничарски гласови ќе ги собере Бени или Левица, ти се молам.
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.962
    Допаѓања:
    179.656
    Абе остај, едно чудо вмровци сум чула, гласале за Бени и Перо, јер музиката им се свиѓала:rofl: За Бени особено.
     
    На Angie1432, IRBBB, Guns N` Roses и 2 други им се допаѓа ова.
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Кој кандидат ќе го подржите во вториот круг?
    Бени : Шилегов сигурно не.
     
    Последна измена: 18 октомври 2021
    На Idedemja, Anie93, xxxУбавотоПајче и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    80% од гласовите, кои ги собира Левица се од националниот и етничкиот корпус. Тие што ги гласаат Левица не се никакви левичари, комунисти, социјалисти, интернационалисти или што ти знам, туку Македонци, кои се залепија на неговите евтини лаги. ВМРО-НП, ТМРО, Љубе не вредат ни 10.000 гласови заедно.
     
    На Idedemja му/ѝ се допаѓа ова.
  14. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    8.412
    Пол:
    Женски
    Од сдсм сум разочарана, вмро органски не можам да ги смислам.За тоа зло па никогаш во животот нема да гласам.

    Гласав за независен кандидат во мојот град и мислам дека ке победи во вториот круг. Се надевам барем во мојот град народот се освести.
    Зошто не гласате и вие кои цело време зборувате трета опција, трета опција...
     
    На cresa-jagoda, Angie1432, Ambrosia и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.653
    Допаѓања:
    79.526
    Пол:
    Женски
    И да не заборавиме, што мислеше зајчето со изјавата ,,Живи луѓе ќе јадеме"? :worried:

    Осудени пуштаа од притвор за да им гласаат во Собрание, па тоа закани, уцени, па насила противуставно го избраа Џафери за претсетадател на Собрание, договори со Ахмети, се' само да им се угоди на ,,браќата" и на соседите и на сите а на штета на државата, учебници и историја ќе менувале, дивоградби никнуваа кај стигнат и ги унаказија градовиве, на врвот дојдовме по смртност од ковид 19, здравството тоне, образованието тоне, нема разрешници за многу случаи, немаше оставки, никој морална одговорност не чувствуваше за ништо... Што друго... Ама не, за некои ова е ситница. Единствено добро нешто по кое ќе ги памтам се повисоките плати. И мислам во нивно време се намали стапката на невработеност. Толку. И вмро правеа криминали и прикриваа случаи, ама овие од сдс ја претераа, толку расипани, желни за власт и за ништо друго, желни за моќ и пари, народот не е ама воопшто важен. Е затоа сега ќе си го добијат. Затоа ќе си паднат. Во првите страни на темава напишав дека од локалните избори очекувам почеток на крајот на сдс. На парламентарни ќе ги докрајчиме.

    Вмро ќе имаа повеќе предност ако избереа подобри претставници, мене тоа ме спречи за нив да гласам. Кај ги наоѓаат луѓево никакви... И да, ќе дојдат денови кога ќе се издигнат и истакнат и други партии. Левица е на добар пат.
     
    На Vivienen и GirlRose им се допаѓа ова.
  16. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    Сега прочитав дека Бени и ЛДП/ДОМ ќе дале поддршка на Данела Арсевска.
     
    На Traveler91, cresa-jagoda, Leat и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Дечки, не сакам субјективни платеници. Слаба лига сте, веќе видено...
    Победи помалото зло, тоа е позитивната вест.
    Не бранам никого, стварно.
    Во време на ВМРО не добив стипендија која законски ми припадна, додека во време на СДСМ не добив регуларно вработување. Напротив, сама засукав ракави и се заложив да станам финансиски стабилна без партиска книшка, дури најсурово искрено, без апсолутно ничија помош...
    Ама јас сум небитна за муабетов, така да еве ја мојата проценкa, брза и ноншалантна...

    СДСМ имаа шанса, реални да бидеме.
    Имаа, и при прва прилика ја фрлија во канализационен отвор со истите фори заради кои првите доживеаа политички прогон. Реализација, перформанс - дебела нуларица.
    Мислам дека кулминацијата на дното ја доживеаа на денот на независноста кога се случи инцидентот со Пендаровски, а потоа и болницата во Тетово. Тука хитнаа rock bottom.
    Едноставно се поклопија коцките, и жал ми е, но...бидна.
    ..За крај, нешто што треба да го научат двете партии е дека на народот не му требаат високи цени, проткаени со закани и забрани, туку му требаат крила за слобода.
    Не се живее во страв, никад! Со страв гинеш!
    Со страв контролираш, ама не добиваш...напротив губиш.
    Се надевам дека оваа лекција добро ќе ја научат двете партии.
    Зошто, никој не е вечен, и силата е секогаш во пенкалото.
    Не потценија некако, ама им се одби од глава по втор пат.
    Заслужено.
    Demos и kratos bitches. ;)
     
    Последна измена: 18 октомври 2021
    На Traveler91, cresa-jagoda, mareane и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.494
    Допаѓања:
    15.657
    Пол:
    Машки
    СДСМ направија голема грешка шо го избраа Кондовски.

    Гревој :D


    Ќути барем кај ДПМНЕ-то видовме љубов (посебно со последните снимки периодов), се скапаа од онадење едни со други.
    Дон Жуан ли беше, Дон Мијале ли беше.

    Инаку вака пак шо имаше и едни мили ликови во злосторничкото здружение како кривоногиот Груевски, бркатата Јанкуловска, флегматичниот Миле, мафиозот Мијалков, Коневски, Ристовски и ред други, абе да позавидиш од милина. :D
     
    На CrazyGirl15, IRBBB, Guns N` Roses и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Abracadaver

    Abracadaver Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2020
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    3.452
    Пол:
    Машки
    @Bratot

    Кај си бе? :D

    Жив ли си? Ја испеавте ли Bella Ciao пред штаб? :D
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.676
    Допаѓања:
    25.237
    Пол:
    Женски
    Кога е пресов на Зајко?
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.